Морати: „Ова е мојот најсилен Интер“
Масимо Морати верува дека ова е неговиот најсилен Интер додена е он на претседателската функција, и дека освојувањето на петтото Скудето вреди исто колку, ако не и повеке, трофејот во Лигата на шампионите.
Можеби го продадоа Златан Ибрахимовиќ на Барселона, но претседателот е убеден дека Жозе Мурињо има подобар тим од минатата сезона.
„Неможам да помогнам, но бидете среќни со нашата трансфер кампања.“- изјави Морати откако ги доведе Самуел Ето, Диего Милито, Лусио, Тиаго Мота, Марко Арнаутовиќ и можеби Весли Снајдер.
„ Имавме можност да засилиме две страни на нашиот тим, составот и финансиската состојба на клубот, која направи добар профит. Што се однесува за Снајдер, не сме ниту блиску, а ниту далеку до негов трансфер.“
„ Постои можност трансферот на Холанѓанецот да се реализира, но до овој момент ништо не е решено.“
Фановите на Интер, како и водечките од клубот ставија до знаење дека оваа сезона примарна цел ке биде осовјување на Лигата на шампионите, но претседателот Морати инсистира дека тоа не е и единствена цел:
„ Знам дека освојувањето на петтото Скудето ке биде историско достигнување, а исто така и многу тешко, кое ке вреди исто колку и трофејот во Лигата на шампионите.“- продолжи претседателот.
„ Ибра имаше моменти кога сам ги решаваше натпреварите, па затоа сега ние ке видиме некој друг Интер.“
„ Златан е фанстастичен играч, уникатен и заслужува голем респект, но тој е веке минато. Ова е мојот најсилен Интер досега.“- заклучи Морати.