Снајдер се согласил за преселба во Интер, Марка патува за Мадрид за комплетирање на зделката Според италијанските медиуми, Весли Снајдер прифатил да се пресели во Интер и се очекува шампонот на Иалија многу наскоро да го комплетира трансферот
Многу е веројатно дека и оваа година Жозе Мурињо успеа да го убеди Масимо Морати да му ја исполни желбата – Португалецот лани го доби Рикардо Кварезма од Порто, а оваа година ’Специјалниот’ е пред ангажман на Весли Снајдер. По вчерашната средба помеѓу генералниот менаџер на Реал Мадрид, Хорке Валдано, Весли Снајдер и агентот на играчот Лербу, Холанѓанецот е чекор пблиску до преселба на Џузепе Меаца.
Валдано го известил Снајдер дека не е дел од проектот на Кралевите и дека играчот мора да го прифати трансферот во Интер или во спротивно ќе ризикува цела година да ја помина надвор од тимот.
Според
Gazzetta dello Sport Снајдер дал зелено светло за комплетирање на трансферот и спортскиот директор на Нероаѕурите, Марко Бранка денес заминува за Шпанија.
Се верува дека Интер и Реал начелно го имаат договорено трансферот уште пред неколку дена – висината на оштетата ќе биде 15 милиони евра – но сега Бранка ќе треба да ги дефинира сите останати детали особено начинот на кој ќе бидат исплатена оштета а се спомнува период од три години.
Исто така нема поголема разлика помеѓу барањата на Снајдер за лична услови (годишна плата од 4 милиони евра) и она што Интер го нуди (3,5 милиони евра) па според
Gazzetta dello Sport можно е уште утре Холанѓанецот да пристигне во Милано.
Од сабајле ко луд станав да видам дали сме потпишале :pos2: