Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
јака кладба направивте а што ако не се донесе никој ја добивам хаха
 
А ако се доведе некој трет,носите аватар по мој избор :):)

Ти кој велиш дека ке дојде?

Ете ако дојде ВДВ, двајцата го носите Ибронослович.

J.Zanetti вели дека никој нема да дојде...шо значит доколку навистина не дојде и двајцата ќе го носиме црното детенце во дресот на Интер.

А ако го погодиш ти играчот...и јас и J.Zanetti носиме аватар по твој избор.

Може? Шо велите?

Важи до 19.08 према 20.08 во 3:45 и аватарот се носи до 18:00 до натпреварот Интер-Бари.
 
моето нема да биде сигурно хехе мурино чим сака ке добие морати сака лш и валда ке прифати уште еден фудбалер а тоа е плејот долго очекуван
 
Поздрав до Alo 192 :helou: по шо бил за Миљан

tryinnextseasson.gif
 
Или пак Аимар :pipi:
If Sneijder's transfer to Inter doesn't materialise, the Nerazzurri will turn to one of Rafael van der Vaart, Pablo Aimar, Yoann Gourcuff or Ivan Rakitic as an alternative :)

Шала на страна, јас мислам дека Аимар би можел да биде од голема корист во Интер, а и сигурно нема да е многу скап.
Немој брат не заебавај каков Аимар.
Ако се носи некој од поискусните тоа треба да биде Деко или Рикелме, само не верувам за вториот пошто нема никакви шпекулации, до сеа ќе слушневме барем нешто што го поврзува со Интер.

Денес читам Мансини останува, Виера уште одамна го кажа тоа...
За никој немам слушнанто нешто дека заминѕва :)
Моментално имаме 31 играч кои тренираат со првиот тим.

Ова е мислам претерано. Неколку од нив се од малишаните но сепак имаме вишок на играчи. Мора неколку од нив да заминат уште летово.

Или можеби тоа ќе биде во зимскиот период кога ќе видат дека за нив нема место ни на клупа па тогаш и сами ќе посакаат трансфер.
 
Затоа го спомнав Рикелме.

Нас ни е потребен таков тип на плеј, кој ќе биде мотор на екипата, движечка сила на тимот. Човек кој ќе ја презема топката од своја половина и ќе ги креира акциите и ќе ги проигрува напаѓачите.

Незнам што сме запнале по овие мочковци. Ако ја погледнеме ситуацијата од аспект на фудбалерите кои треба да дојдат, таа изгледа вака: клучен играч во слагалката на Интер е плејот. Од него очекувањата се ОГРОМНИ, тој треба да го понесе товарот и да му го донесе на Интер она што му фали со години: побрза и покреативна игра. Тој НЕМА ПРАВО НА ГРЕШКА и за него нема соодветна замена. Тој ќе биде нон-стоп под лупата на навивачите и стручниот штаб.

Во таква ситуација, било кој мочко што не умее да го прави ова ќе се помоча вгаќи при помислата на доаѓањето во Интер. Многу е полесно да му бидеш резерва на Кака, да влегуваш од клупа, да одиграш потез-два и да си замислуваш дека си ѕвезда. Затоа ги разбирам мочковците.

Нас ни треба вистински плеј. Некој од типот на Рикелме (го спомнав онака иако не сме заинтересирани за него, чисто како пример). Некој што бил мотор во својата екипа и не се плаши од одговорноста и не се сомнева во сопствените квалитети. Деко исто така за мене е добра опција зошто го правеше тоа во Порто а на мечот со Челзи видов дека мајсторот си останува мајстор. Може да ни послужи добри две години. Незнам ништо за Гуркуф, не сум го гледал, се надевам дека и тој е некој таков калибар.

Не останаа многу, а времето е се пократко. Изгледа дека пак ќе ја покакаме.
 
Сеа читав за снајдер пак тргнуваме во атак кон него али пак пракаат понуда за позајмица а реал не сака позајмица али мозно е да прифати бидејки имаат многу играчи. Ке видиме што ке биде ни треба уште само плеј дај нека побрзаат глеам милан тргнува кон дренте хаха почнаа да трошат малце и они да се борат за 4 место
 
Сеа читав за снајдер пак тргнуваме во атак кон него али пак пракаат понуда за позајмица а реал не сака позајмица али мозно е да прифати бидејки имаат многу играчи. Ке видиме што ке биде ни треба уште само плеј дај нека побрзаат глеам милан тргнува кон дренте хаха почнаа да трошат малце и они да се борат за 4 место

Веке од што тргнуваа толку по него,нема никаков резултат.
И тој Снајдер не е сериозен да го ебам.прво вика сакам да си одам,другиот ден јас сакам да останам.


Реков јас бе-петиција за доведување на Рикелме во Интер и ке видите за 3 дена доага :pos2::pos2::pos2:
 
Според медиумите од Италија, екипата на Интер е подготвена да одвои 25 милиони евра за услугите на играчот на Бордо, Јоан Гуркуф

gourcuff-300-doublement.jpg


Поранешниот играч на Милан, минатата сезона ја помина на позајмица во Бордо каде што на клубско ниво стигна до шампионската титула во Францускиот шампионат а на лично ниво ја доби наградата за најдобар фудбалер.
Бордо реши да ја искористи клаузулата во договорот и за 15 милиони евра да го направи трансферот перманентен но сега се соочуваат со нова битка за задржување на Гуркуф.
Медиумите од Италија уште пред неколку дена објавија дека Гуркуф е дел од пошироката листа на играчи кои Жозе Мурињо ги посакува за пополнување на плејмекерската позиција.
Сега според Француските медиуми претседателот на Нероаѕурите, Масимо Морати веќе стапил во контакт со таткото на Јоан, кој воедно е и негов агент.
Le Parisien вели дека претседателот на Интер ја изразил желбата да го врати Гуркуф во Италија и најавил дека е подоготвен на Бордо да му достави понуда вредна 25 милиони евра.
Сепак се верува дека шампионот на Франција не сака да слушне за продажба на Јоан Гуркуф.

Еве за ова и овде: http://www.football-italia.net/aug13g.html
 
Дечки да ве прашам нешто, дали може Гуркуф да направи нов трансфер летово со оглед на тоа што во овој преоден рок направи трансфер од Милан во Бордо, како што знам јас, во текот на еден преоден рок еден играч не смее да смени повеќе од 2 тима.
 
Дечки да ве прашам нешто, дали може Гуркуф да направи нов трансфер летово со оглед на тоа што во овој преоден рок направи трансфер од Милан во Бордо, како што знам јас, во текот на еден преоден рок еден играч не смее да смени повеќе од 2 тима.

Појма немам, штом го бараат, ваљда може... И незнам дали има направено трансфер во Бордо или е на позајмица...
 
Дечки да ве прашам нешто, дали може Гуркуф да направи нов трансфер летово со оглед на тоа што во овој преоден рок направи трансфер од Милан во Бордо, како што знам јас, во текот на еден преоден рок еден играч не смее да смени повеќе од 2 тима.

може смее да смени... на крај краева Машерано и Тевез дојдоа во Вест Хем од Коринтијанс, а после едниот отиде во Ливерпул а другиот во Манчестер Јунајтед...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom