- Член од
- 15 јуни 2007
- Мислења
- 353
- Поени од реакции
- 21

Ибрахимовиќ: Забавно ми е да ги читам шпекулациите за мојата иднина
Златан Ибрахимовиќ вели дека сега за сега неговата иднина е во Интер, но во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи.http://bwin.com/Шведскиот интернационалец често се поврзува со заминување од Интер. Како можни негови дестинации се споменуваа Реал Мадрид, Барселона и Челзи.
Ибрахимовиќ кој е на одмор во Шведска, се смее на шпекулациите кој го поврзуваат со заминување заминување од Интер.
"Се релаксирам, убаво е да си дома" - изјави Ибрахимовиќ.
"Ги гледам моите пријатели, организираме патување во странство".
"Читам весници и се одмарам. Од време на време му се јавувам на мојот агент Раиола и го прашувам, дали некои од пишувањата се вистинити".
"Тој се смее и ми вели 'Не'. Гледам и слушам многу работи. Забавно е кога читам дека еден дем сум во Мадрид, следниот во Барселона или Лондон. Но работата е дека мојата иднина е во Интер".
"Но се може да се случи. Никој не може да ви ја гарантира иднината. Но сега за сега јас сум фудбалер на Интер" - заврши Ибра.