Бај д веј, незнам зашто ама сакам Миколи да го зееме
Па да, подобра е таа опција од Милито на пример, башка Италијанец е, али во ниедна шпекулација не се протнал така да тешко дека би се реализирал евентуален трансфер .
Иако, се посигурно е дека Интер ке се дрзне за Агуеро, читам дека и Занети сакал да го види Кун во редовите на Интер . . . . е сега, совети од Марадона - Занети и те како ке имаат влијание врз одлуката на Агуеро .
Никако да прекинат и шпекулациите во врска со Ето, последната вели размена Ето - Адри, сепак, тешко дека пред Се Барса ке се одлучи за еден ваков потег, да беше истиов актуелен пред 3 години ке разберев, но не и денес

.
Нешто на што би се израдувал Ibracadabra се и муабетите за
Рибери кој е последниот од листата играчи посакувани од Интер .
Се на се, шпекулации на тон, мене ако ме прашувате кого би сакал да го видам во редовите на Интер, тоа би биле Рибери, Диего и Бруно Алвес/Кјаер, доста се .
Рибери и Диего се вонсериски играчи, и можат да се надополнуваат еден со друг, т.е. отсуството на едниот да биде покриено од другиот фудбалер, не играат на исти позиции па нема да дојде ни до гушење на нивниот потенцијал .
* И друго нешто, најбитно во моментов, е што по поразот од Аталанта, Интер има серија од 10 меча без пораз во домашното првенство, 8 победи и два реми исхода со Торино и Рома ( на домашен терен ), имаат постигнатно 21 гол а примено само 6 . . . во одлична форма влегуваат во финишот од трката наречена Скудето .