Авто огласи (интересни возила за продажба)

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
За разлика од некои автомобили кои ги има во голем број, стари 80ки и 100ки има навистина малку. Да не зборувам за вака зачувани :)
Знаеш зошто? Југославија беше комунистичка земја, а возилата кои се возеа кај нас беа претежно домашни или руски. Ретко да се начека возило од западна европа (само луѓе што живееја таму можеа да си дозволат да возат такви возила).
 
Eве нешто интересно :vozbud:

http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=150875

....


мислев на интересно уништено. Од каде идејата за штопови од Вартбург караван и додавање безвезни фарови и пластики.... а фрлил толку работа во колата.
 
Хаос. Фали уште јамболија да стави на задното седиште. :kesa:
 
Од каде идејата за штопови од Вартбург караван и додавање безвезни фарови и пластики.... а фрлил толку работа во колата.

Изгледа како Порше... Not! :vozbud::vozbud: А и евтино го дава, а?
 
Eве нешто интересно :vozbud:

http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=150875

....


мислев на интересно уништено. Од каде идејата за штопови од Вартбург караван и додавање безвезни фарови и пластики.... а фрлил толку работа во колата.
eeee zime sve ovoj treba da se kazni... kako se osmelil da napravi takvo zlostorstvo i grozomorstvo na vakov primerok na auto!!!!!!!:tapp:
sram da ti ..............eeeeee!!!
 
Ама да инвестира во Југо?! Па со парите ќе земел прописна кола и ќе ја направел како што е ред...
 
Ама да инвестира во Југо?! Па со парите ќе земел прописна кола и ќе ја направел како што е ред...

Пример во што?
Југо има позитивни страни што други коли ги немаат, па е многу погодно за тјунинг!!!
 
Сигурно ставил преку 4000 евра она како што е...Со тие пари се купува автомобил. Отвори пазар3, понудата е огромна! 4-5-6 години стари автомобили, а не играчки и привремени решенија како Југо. Ќе имаш автомобил а не југо.

Југо и позитивни страни? Кои се, мене ниту една не ми паѓа на ум.
 
Сигурно ставил преку 4000 евра она како што е...Со тие пари се купува автомобил.
Југо и позитивни страни? Кои се, мене ниту една не ми паѓа на ум.

Не се вложени над 2000 евра.
Немаш појма колку е Југото погодно за тјунинг во наши услови.

- Најважна позитивна работа кај него е што е екстремно лесно (може да се дојде до 600-700кг) и има доста краток менувач (4-степениот) со што има екстра забрзување.

- Пасуваат огромен дел посилни делови од Фиат/Ланча поширок трап од Типо мотори и менувачи од Фиат Браво / Пунто / Уно (1,6 -100KS, 1,6 16v- 130KS, 1,4T-140KS со мали преправки и 2,0-150КС)

- Незнам дали си запознаен со фактот дека Југо од 700кг со 1,4Т мотор и 13/53 менувач има забрзување од околу 6-7 секунди до 100км/х. :duel:

На кого му се октаните во крв а не позерството ќе свати :kesa:
 
Аха, позерството ми е во крв а не октаните. :) Ај добро, штом ти така велиш.

Нема смисла да се натегаме за југо, тјунирано вакво или онакво...Тоа останува само југо. И 2000 се премногу за смешка од автомобил како југото. Па поготово најголемиот број на југа кај нас стари по минимум 20 и кусур години.

За некое време кога конечно ќе се либерализира колку толку законот за увоз на половни автомобили конечно ќе се исфрлат од употреба овие привремени решенија...како што е во Хрватска. Не знам колку пати сум бил таму и немам видено една единствена Застава, а камоли југо.
 
За некое време кога конечно ќе се либерализира колку толку законот за увоз на половни автомобили конечно ќе се исфрлат од употреба овие привремени решенија...како што е во Хрватска. Не знам колку пати сум бил таму и немам видено една единствена Застава, а камоли југо.
Одам јас секоја година во Хрватска и можам да ти кажам дека токму Хрватите ги имаат најдобро тјунираните Југовци




Yugo 2.0 4x4 Turbo 300KS





 
Другар, ова Риспект д олдскул не ти требаше на крај, барем не за мене :)

Инаку, за мене Југото не е достојно за почит како олдскул легенда а не вреди ниту како тјунинг подлога. Премногу пари се дават за на крај да имаш нешто...ништо. Имаш кола а немаш. Имаш тјунинг смешка со многу пари, беспотребно.

Како и да е, да не се натегаме, прашање до вкус е најверојатно, јас искрено се надевам дека еден ден ќе имаш шанса да реставрираш/тјунираш Југо по желба па ќе ни кажиш како се резултатите после неко време...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom