Нов vs Стар автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата StormAngel
  • Време на започнување Време на започнување
Ново си е ново само зависи што?На пример попрво ке купам некоја стара кола за 6000 евра отколку да купам матиз или спарк.
 
Ново си е ново само зависи што?На пример попрво ке купам некоја стара кола за 6000 евра отколку да купам матиз или спарк.
Сепак зависи од случај до случај. Пример за по град веројатно би купил Матиз што ќе троши 5 литри и гаранција 3 години отолку некое старо Ауди со 15 литри на 100км и проблем на секои 2000км.
 
За 6 000 евра половно имаш Корса, Јарис, Поло, Клио стари 7-8 години.
 
Мислам дека зависи и од тоа колку километри годишно поминуваш. Ако поминуваш помеѓу 10.000 и 15.000 километри годишно можеби половното возило е поисплатливо. За половно возило (барем во Македонија) ти треба кеш бидејќи сеуште нема лизинг и кредит за половни возила (барем така мислам). Јас купив ново возило на кредит оти немав кеш за половно иако годишно поминувам околу 12.000 километри. Значи за 5 години колата ќе има поминато само 60.000 км а ќе има изгубено половина од вредноста.
 
Нова кола дефинитивно :helou:
Јас барем така резонирам . Кога ќе купувам кола (штом ќе го вратам кредитот:pos2:) тоа сигурно ќе биде нова кола (одма со нов кредит се заглавуем:pos2:) .Притоа нема да размислувам колку ќе можам да и земам , кога некој ден ке ја продавам .
И ќе ви кажам шо сакам да земам (сакам не значи дека можам)
08.mitsubishi.lancer.340.jpg
:helou:
 
Ако правиме муабет како луѓе со 10-тина илјади евра у џеб и помалку, мислам дека најпаметна варијанта е половен автомобил. Се нервирам што во Македонија има катастрофални патишта и возачи и кога тогаш ќе ја удриш ваму, таму ќе ја гребнеш и тоа е веќе половен автомобил со многу помала вредност. Плус нема да заглавиш со учество од некои 7-8 илјади евра па останатото 3-4 години лизинг туку за тие 7-8 ќе си ја купиш колата.

Ако правиме муабет како луѓе со 50 илјади евра у џеб... ај да не правиме си го знаеме одговорот што ќе купиме :helou:
 
Сторми што сотри се реши купи или уште се мислиш.
Ако се мислиш слушај ваму паѓаат сега цени ќе нудат многу големи попусти за да продадат се што им е на лагаер овие аути индустрииве, така да батали ти тоа старото ауди, види се што имаш на понуда за 20.000 со попусти и други можности.
Пошто еве во германија брат ако дадеш стара кола макар и некое мало на отпад со потврдата добиваш 2500 евра премија од држава а башка произвидителите згора на тоа нудат уште попуст само колку за претстава:
Audi A3 14 TFSI 102PS od 20.350eur na 15.350eur
Audi A4 1,8 TFSI 120PS od 26.100eur na 21.100eur
Ford mondeo1,6 Ti-VCT 110PS od 23.150eur na 18.650eur
Toyota Corolla Verso 2.2 Diesel 136PS od 26.450eur na 19.950eur
VW Touran 1,6 102PS od 23.850eur na 17.350eur
VW Passat 1,4 102PS od 23.300eur na 16.800eur
VW Golf VI 1,4 80PS od 18.750eur na 13.750eur

И имај на ум 4000 килмоетри годишно се во принцип малку за да ти се исплати до средна класа кола да купиш дизел. А Голф класата или ниска класа се денес доволно големи со релативно големи оскини растојанија и сите нишани за патот кој ќе го возиш да не го осетиш. Ова го зборам од лично искуство пошто еднаш со моите возевме со фиат палио караван 1,25 мотор кое е едден вид караван од пунто и двапати со нова астра гтц со 1,4 моторот за германиај и дефинитивно во астрта воопшто не се замараш.
Така да таа голф класа во однос на заморот ти е сосема соодветна. Е сега ако носиш доста багаш ондак барај караванче или пак ако си со фамилија знаеш што најчесто возат германските фамилии со многу багаж VW Touran.
Па види што попусти има кај тебе и реши што ќе земеш.
 
Bacillus gagous ако ова со цените е точно тогаш истото би требало да се случи и во Македонија нели??
А доколку се случи треба да очекуваме пад на цените и на половните возила во наредиот период.

Што мислите за ова?
 
Bacillus gagous ако ова со цените е точно тогаш истото би требало да се случи и во Македонија нели??
А доколку се случи треба да очекуваме пад на цените и на половните возила во наредиот период.

Што мислите за ова?

Па паѓање на набавните цени барем сигурно ќе има ама не на тоа ниво како во германија пошто бо гермнаиј државата давагрдни пари за да ја спаси автоиндустријата преку субвенционирање за купување на нови авотмобили по паравнот демек да купиме еколочки попрфатлив авотмобили а тоа се само нови автомобили додка стрите да ги дадеме на рециклирање, и затоа државата им дава на секој што ќе принесе документ дека го дал својот стар автомобил на отпад по 2500 евра премија (што значи дека ова се исплати само за автомобили кои на старо неможат да постигнат цена повисока од 2500 евра).
Оваа премија кај нас нема шанси д се случи поради ред причини кои не би сакал сега да почнам да ги елаборирам.
Ама факт е дека ради одржување во живот голем дел од производителите носат коли по поповолни цени и ќе има попусти за само да се одржи обртот и продажбата на автомобили.
Инаку во германија сега со ова што еднаш државата дава 2500 за стар автомобили и плус некои производители даваат до 4000 евра попуст за нова кола (за VW Sharan даваат 7000 evra попуст плус) коли се купуваат по дампинг цени.
Нај екстремен случај е Фиат Панда која од цена по каталог од 9690 евра ќе се одбијат 2500 што ги дава државата и 2200 што ти дава фиат, испаѓа дека пандата можеш да ја купиш за 4990 евра или со други зборови за тоа што ќе го дадеш старото фичо или југо на отпад ќе добиеш попуст од 48,5 % за купување на нова фиат панда. Или пак за гранде пунто од од 11.550 евра цена по каталог ќе го добиеш за 6490 евра односно со 43,8% попуст
 
За кај нас дефинитивно се исплати само на ново, бидејќи половните автомобили држат нереално високи цели, а германија би земал на старо 3-4 години, речиси двојно им паѓа цената на сите коли.
 
гермнаиј државата давагрдни пари за да ја спаси автоиндустријата преку субвенционирање за купување на нови авотмобили по паравнот демек да купиме еколочки попрфатлив авотмобили а тоа се само нови автомобили додка стрите да ги дадеме на рециклирање, и затоа државата им дава на секој што ќе принесе документ дека го дал својот стар автомобил на отпад по 2500 евра премија

Во Хрватска даваа премија 1.111 евра на нова кола ако однесете за било каков автомобил (Фиќо, стокец, Рено4, Спачек...) не е битно дури ни да е во возна состојба.

И во Србија со децении веќе дава субвенција на Застава мислам дека по 1000 евра по автомобил.
 
Bacillus gagous ако ова со цените е точно тогаш истото би требало да се случи и во Македонија нели??
А доколку се случи треба да очекуваме пад на цените и на половните возила во наредиот период.

Што мислите за ова?

U Belgija mi se cini(citav u vesnik pred nekolku nedeli), prodavaa koli u stilot kupi eden zemaj dva. :)
Ova ama ozbilno vi kazuvam.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom