Песничката на Б.Ц!

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
5E82CED4E2093147B0161E48CE921B23.jpg
ПОВИК
Ветрот шумоли и ни мрси коси
дури стоиме на могила пресна,
со мисла темна тага што носи
и омраза в срце жолчна и бесна.



Во ушите уште глас нејзин ни ѕуни
што во борба вика, буди желба смела,
нејзиниот поглед уште не бодри,
ни играат пред очи нејзините дела.



Помнам за првпат кога кај нас се јави,
напатена и страдна од судбата тешка,
четата веднаш ја прифати за своја
и напред ја поведе во борбата жешка.



А убава беше ко фиданка млада,
трошна и нежна како росно цвеќе.
Секогаш игрива и лесна ко птичка,
весела и мила ко малечко дете.



За умор таа не знаеше што е,
везден на нога од утро до мрака,
секогаш спремна помош да пружи
и напред да јурне со пушка в рака.



Но, смртта лочна живот и скрати
и ја зеде невидената младост среќна,
ја поведе на пат бескрајно долг
ја одведе неа на почивка вечна.


Ветрот шумоли и ни мрси коси,
дури пред нас игра нејзината лика,
дури во нас царува нејзиниот повик
во борба, на одмазда сите што не вика.

преземено од Вечер

п.с Мореее шо талент ќе беше...кај е Суицидниот Месија сеа да ја отсвири песничкава:pos2:
 
Еј, замисли еден ден кога ќе пораснам и ќе станам славен, па кога ќе остарам после, па еден сончев ден ќе ме има на насловна на Вечер со песничката која ја напишав за мојата учителка.

Еееееееееееееее што ти е Вечер... :wub:
 
е добро и што сега?
зар сеуште никој не пишал пијаница дека е? дека за ништо не го бива?
 
морам да прашам...со која цел е отворена темава?
сеир? никој ама баш никој не напишал песна во својата младост НАЛИ?
 
Сеир????
Мухахахахахахха
ајде...
До трета строфа и после почнал состав да пишува пошо му снемало рими изгледа а??
 
El presidente es un poeta. :pipi:

EDIT: Не можев да оддолеам, а да не дадам свој придонес на ова епско дело. Без лутење, ова е само хумор. :смир:

ПОВИК

Ветрот шумоли и ни мрси коси
дури стоиме на могила пресна,
со мисла темна тага што носи
и омраза в срце жолчна и бесна.



Во ушите уште глас нејзин ни ѕуни
што во борба вика, буди желба смела,
нејзиниот поглед уште не бодри,
ни играат пред очи нејзините дела.



Помнам за првпат кога кај нас се јави,
напатена и страдна од судбата тешка,
четата веднаш ја прифати за своја
и напред ја поведе во борбата жешка.



А убава беше ко фиданка млада,
трошна и нежна како росно цвеќе.
Секогаш игрива и лесна ко птичка,
весела и мила ко малечко дете.


За умор таа не знаеше што е,
везден на нога од утро до мрака,
секогаш спремна помош да пружи
и напред да јурне со пушка в рака.



Но, смртта лочна живот и скрати
и ја зеде невидената младост среќна,
ја поведе на пат бескрајно долг
ја одведе неа на почивка вечна.



Бев горд на нејзиното животно дело
но со болка во срцето, нема да кријам
зедов една црта од брашното бело
и шкотско виски почнав да пијам.
 
Избори се ближат....Или веќе почнаа?

Што ти е Латас направија...
 
морам да прашам...со која цел е отворена темава?
сеир? никој ама баш никој не напишал песна во својата младост НАЛИ?

Зависи, некој пишувал песни, некој кик-боксер бил :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom