Еве уште некој од бисерите на Фрчковски:
Има ли ВМРО-ДПМНЕ претседателски кандидат, прашува опозицискиот конкурент на Иванов. Фрчкоски вели дека политичките старатели Бичиклиски и Груевски го застапуваат и наместо Иванов тие полемизираат со кандидатите за шеф на државата.
- Тие го кријат како леунка.Не го покажуваат. Тој нема никаков став за ниту еден политички проблем во земјава кој го допира претседателот на државата, вели Фрчкоски.
Забелешките на премиерот дека врелиот костен за решавање на проблемот со името му бил оставен нему, без никој од неговите претходници да стори нешто, Фрчкоски ги оцени како проблем со кој се соочува секој слаб политичар.
-
Тој сака сите проблеми да биле решени од неговите претходници и нему да му остават само да вработува вмровчиња во државната администрација. Тоа би било идеално. Јас се согласувам со него дека тој нема капацитет да го реши овој проблем, додава Фрчкоски.
Линк.
Коа човек го чита, дури понекогаш му иде и да поверува во неговите "бисери".