Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.938
Поени од реакции
5.568
Попладне ќе има Состанок на Бордот на Директори на кој состанок ќе биде официјализирано враќањето на Роберто Бетега во Управата на Јувентус, и ќе се утврди иднината на Чиро Ферара во Јувентус. Инаку Бетега се најавува дека ќе биде назначен за Генерален Директор на Јувентус, човек кој заедно со Секо ќе бидат задолжени за трансферите.линк

Џон Елкан и Андреа Ањели имале план како да ги променат работите во Јувентус. Исто така се наведува дека е можно и ангажирање на Гус Хидинк. линк
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Исто така се споменува и можно заминување на Блан кој наводоно не бил задоволен од тоа што сопствениците да му се мешаат во работата (бидејќи тој го подржува Ферара , а Елкан и Ањели го спремаат Хидинк)... Заминување на Секо и Блан ќе биде најголемото засилување на Јувентус во последниве 3 и кусур години ... и Елкан би можел полека да се повлече од клубот , свесен е и сам до каде го донесе ...
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Па шо сака Блан бе .. шо да не му се мешаат у работата? Треба УСПЕСИ,не само да тоне клубот. Ако си оди среќен му пат кај и да оди. :toe:
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Тој што ја напишал статијава изгледа не знае дека агентот на Хидинк демантираше контакт со Јуве.
Демантираше, ама исто така кажа дека доколку стигне понуда од Јувентус со внимание ќе ја разгледаат... шо значи дека на некој начин вика “испратете понуда“ :)
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Демантираше, ама исто така кажа дека доколку стигне понуда од Јувентус со внимание ќе ја разгледаат... шо значи дека на некој начин вика “испратете понуда“ :)
Да де, ама понуда од страна на Хидинк, а не страна на Јуве :)
Ајде да видиме што ќе излезе од состаноков па ќе коментираме.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.938
Поени од реакции
5.568
http://www.football-italia.net/dec21h.html

Тој што ја напишал статијава изгледа не знае дека агентот на Хидинк демантираше контакт со Јуве.
Агентот на Хидинк прво рече дека постои контакт од Јувентус, па потоа на официјалната страна на Јуве имаше потврдено дека нема никаков контакт со Хидинк, па потоа и агентот на Хидинк да изјави дека нема никаков контакт.

Јас мислам дека Хидинк е контактиран, а тоа што Јуве демантираше, а потоа и Агентот на Хидинк го стори истото(а претходно тврдеше дека има контакт) мислам дека беше само поради тоа да не се зголемува притисокот врз Чиро пред натпреварот со Катанија.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.236
Поени од реакции
8.133
Aко некој може да не извади од кризава, тоа е Хидинк. Искрено добро е што Манчини потпиша за Ман.Сити затоа што тренер од негов калибар веќе имаме па секојдневно се молев да не ни стане тој тренер и да продолжиме да си пропаѓаме. Значи Јуве веќе не смее да експериментира со вакви полутренери, туку им треба некое проверено светско тренерско име кое ќе не извади од кашата и конечно ќе почнеме да бележиме успеси. Мислам дека веќе доволно долго постиме и доволно долго бевме стрпливи. Јас разбирам, враќање во Серија А, па градење тим, па финансиски проблеми, ама ова ја премина секоја граница. Доста беше, време е за титули.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Агентот на Хидинк прво рече дека постои контакт од Јувентус, па потоа на официјалната страна на Јуве имаше потврдено дека нема никаков контакт со Хидинк, па потоа и агентот на Хидинк да изјави дека нема никаков контакт.

Јас мислам дека Хидинк е контактиран, а тоа што Јуве демантираше, а потоа и Агентот на Хидинк го стори истото(а претходно тврдеше дека има контакт) мислам дека беше само поради тоа да не се зголемува притисокот врз Чиро пред натпреварот со Катанија.
Како прво, да расчистиме за ситуацијата околу Хидинк. Веста што излезе дека имало контакт со него е тотално ср*ње, си кажа и самиот Хидинг во еден телефонски разговор (на јутјуб го гледав клипот, ако го најдам ќе постирам). Во истиот тој разговор, Хидинг кажува дека немало контакт со Јуве, што и беше потврдено на официјалната. Меѓутоа, точно е тоа што го изјави агентот на Гус, доколку Јуве сака да го ангажира неговиот клиент, понудата ќе биде и те како разгледана.

Е сега, денеска или вчера после поразот евентуално, се зголемуваат зборувањата околу контактот со Гус... Најнови, односно денешни информации велат дека Гус сака 7 милиони за 18 месеци на клупата на Јуве.

Прочитав и за неколку негативни работи во клубот, кои лошо влијаат на тимската игра:

- Изгледа дека има подебла меѓу бразилците и другите играчи.
- Наводно, сакале премногу да се забавуваат по клубови и слични ствари...
- Мело мислел дека е главен во тимот и воопшто не ја почитувал хиерархијата во клубот.

Секако, ова не мора да е точно.. меѓутоа можноста не се исклучува.

И да, за крај.. Состанокот се одржува во моментов... Стискајте палци. :)
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Во Јувентус е запалено црвеното светло

21.12.2009.

Раководството на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус може да го отпушти актуелниот тренер Чиро Фера уште во текот на денешниот ден, најавуваат одредени медиуми.

До крајот на денов бордот на директори на “бјанконерите„ треба да направи анализа и да ја донесе конечната одлука.Покрај ова во Торино се очекува и именување на поранешниот извршен директор на клубот Роберто Батега на позицијата советник.На состанокот дефинитивно ќе се дискутира и за актуелната позиција со играчкиот кадар и за судбината на Ферара кој има претпрено 5. порази на последните 6. средби во сите конкуренции.

Преку викендот претседателот Жан Клод изјави, дека има доверба во актуелниот тренер но, лесно може да се премисли ако другите побараат неговата смена

извор. Спортско радио 90.3
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
се недевам денес ке го истераат овај чориов нека оди во помал клуб да води а не ја за јуве а за врска со играчкиот кадар мислам дека мора да се мени нешо
буфон
касерес нов киело нов
мело сиссоко диего нов
нов и џио мислам јас мора да се земат млади играчи а не доодени
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Koj фактор е Блан?Ни фаца е ни ништо.Се молам да си одат Ферара и Блан па од нова година со ново лице Хидинк и Бегета :vozbud:
 
С

сашенко

Гостин
Абе искрено се надевам дека нешто ке се смени ама сепак најголема грешка беше менување на формација.Не дека Диего не е добар(секоја чест за човекот) ама нас најмалце што ниу требаше е да менуваме формација.Ова не е рецепт за торта па да пробуваме ајде вака ајде онака.Ова е фудбалски клуб.Златната 4-4-2 формација создадена за нас.Никој на светов не играл ниту ке игра 4-4-2 формација како јувентус кој што сака нека ми ре4е.Требаше после пензионирањето на недвед да си ги подмладиме редовите со игра4и кои ке се снајдат добро во таква формација и да продолжиме оваа формација да ја унапредуваме.А не да пробуваме да менуваме нешто ново зашто тоа не враќа на по4еток кога веќе бевме на врвот.Добро не баш на врвот зашто со калчополи изгубивме игра4и доста ама до оваа година очекував да се надополни тоа и со овие 100 милиони можевме да се подобриме и тоа како...Мислам дека тимот на раниери кога не водеше со 4-4-2 би го растурил овој тим како ништо.Сол ке го напраи.Не дека раниери е при4ината и тој е НУБ ама сепак знаеше дека премногу ке биде тешко да се смени формацијата и дека треба време и ПРАВ човек за тоа.....
СЕ надевам дека ве4ерва ке се смени нешто а најмногу би ме израдувало( оставки на секо и блан и на ферара-ЛИЧНИ) и коне4но да се напраи нешто со тимов.
 
Да ама сите :drk: кога дојде Диего. Смената на формацијата има влијание, да, ама не е тоа причината за поразиве. Треба раководство, треба да дојдат луѓе кои ќе знаат да им објаснат на играчите што значи дресот што го носат. Треба играчите да добиваат задачи на терен за кои се компатибилни. Уверен сум дека Диего (кој според мене сезонава ја игра одлично со оглед на фактот дека цел тим не игра) и Мело (кој добива погрешни задачи од Чиро) се одлични засилувања само што не се користат на правилен начин, ова посебно важи за вториот.
Диего е ЅВЕР и со две раце потпишувам дека неговото купување е феноменално.

p.s.
И добро напиша некој поназад, треба да се врати тој fear factor што го имаа малите екипи кога доаѓаа во Торино да играат против Јуве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom