Агентот на Хидинк прво рече дека постои контакт од Јувентус, па потоа на официјалната страна на Јуве имаше потврдено дека нема никаков контакт со Хидинк, па потоа и агентот на Хидинк да изјави дека нема никаков контакт.
Јас мислам дека Хидинк е контактиран, а тоа што Јуве демантираше, а потоа и Агентот на Хидинк го стори истото(а претходно тврдеше дека има контакт) мислам дека беше само поради тоа да не се зголемува притисокот врз Чиро пред натпреварот со Катанија.
Како прво, да расчистиме за ситуацијата околу Хидинк. Веста што излезе дека имало контакт со него е тотално ср*ње, си кажа и самиот Хидинг во еден телефонски разговор (на јутјуб го гледав клипот, ако го најдам ќе постирам). Во истиот тој разговор, Хидинг кажува дека немало контакт со Јуве, што и беше потврдено на официјалната. Меѓутоа, точно е тоа што го изјави агентот на Гус, доколку Јуве сака да го ангажира неговиот клиент, понудата ќе биде и те како разгледана.
Е сега, денеска или вчера после поразот евентуално, се зголемуваат зборувањата околу контактот со Гус... Најнови, односно денешни информации велат дека Гус сака 7 милиони за 18 месеци на клупата на Јуве.
Прочитав и за неколку негативни работи во клубот, кои лошо влијаат на тимската игра:
- Изгледа дека има подебла меѓу бразилците и другите играчи.
- Наводно, сакале премногу да се забавуваат по клубови и слични ствари...
- Мело мислел дека е главен во тимот и воопшто не ја почитувал хиерархијата во клубот.
Секако, ова не мора да е точно.. меѓутоа можноста не се исклучува.
И да, за крај.. Состанокот се одржува во моментов... Стискајте палци.