Каква мизерија од игра значи, едноставно иако после Вардар најмногу го следам Јувентус, играта од вчера беше само за во 3та македонска лига. Јуве сами си ја искомплицираа задачата, а верувајте дека против Баерн ќе биде премногу тешко, тие немаат што да изгубат и ќе нападнат, а Јувентус 90мин ќе игра со 11 играчи во одбрана. Доколку играат вака и против Баерн, односно се бранат, тогаш едноставно и незаслужено ќе биде ако отидеме во осминафинале. 90 минути не можеа една шанса да направат (онаа на шашма не ја рачунам), не можеа да сврзат 2 додавања, срамота! Едноставно Бордо покажа како се игра фудбал и дека фудбал се игра за гледачи, а не за да гледаме кинески зид пред гол со 11 играчи.
Италијанскиот фудбал последниве години е бетер од македонскиот, едни романски и украински екипи имаат 5 пати подобри резултати него италијанскиве...
Еве во моментов сам ќе се цитирам на постот што го напишав после натпреварот со Бордо и ќе надополнам уште нешто...
Со ваква игра и да извадевме нерешено и да победевме, немаше да биде заслужено Јувентус да оди понатаму... Да се браниш со 11 играчи во 16тник и да се надеваш дека ќе заврши натпреварот 0:0 едноставно е кукавичка игра и ништо повеќе. Наместо да игра Џовинко од прва минута, Ферара го става Дел Пиеро на кого му требаат 15минути за да претрча 50 метри. Диего 10 топки буквално им ги подари на играчите на Баерн, Мело дефинитивно ја оправда златната канта или како и да се викаше наградата... Одбраната на чело со Канаваро беше еднаква на раштиман оркестар, никого не покриваат или ако покриваат четворица одат на еден човек, а тројца играчи на Баерн секогаш сами беа кога напаѓаа. Не ми е јасно како можеа да го остават Швајнштајгер 10 пати да шутира од 20 метри и никој да не го блокира!? Капак на се беше замената Дел Пиеро-Поулсен :kesa:
Едноставно кажано, подобро што не поминаа понатаму, бидејќи ако отидеа со ваква игра и на Јуве му паднеше Барса, немаше да знаеме кај ни е дупето, а кај ни е главата...
На Јувентус сега му треба тренер кој знае да викне по играчите, а не тренер кој цел натпревар дреме на столчето и станува само доколку по некоја случајност Јувентус даде гол.
Секоја чест за Баерн, си играа к*рташак со Јувентус, сосема заслужено се пласираа понатаму, а вчера и Вардар да беше на местото на Баерн, сигурен сум дека барем 3 гола ќе дадеше...
Многу играчи не се за во Јувентус, почнувајќи од Амаури, Поулсен итн. + редно време е Алекс да се седне на клупа, на Јуве му се потребни играчи, а не имиња.