Bianconero vero
Il Capitano
- Член од
- 10 ноември 2008
- Мислења
- 9.251
- Поени од реакции
- 8.168
Луѓе, незнам што друго да кажам ама мислам дека ова се најцрните денови за Јуве од нашето враќање во серија А. Најлошо од се е што не гледам светло на крајот од тунелот. После секој лошо одигран натпревар, викаме дека Чиро ќе ги увиди грешките и ќе ги исправи ама истите пак се повторуваат. Не знам колку е добро да сме песимисти ама мислам дека оваа сезона полека треба да ја прогласиме за завршена и пропадната за нас. Колку тоа побрзо го направиме, толку полесно ќе ни биде и ќе избегнеме вакви стресови во понатамошниот дел од сезоната, иако се вели дека надежта последна умира. (It's ain"t over until old lady sings).
Како наближуваат мечевите со Интер и Баерн, полека ме фаќа паника за исходот на тие мечеви. Да го земеме најдобриот можен исход за нас во тие два меча. Тоа се две победи.И што сме постигнале со тоа? Со евентуална победа против Интер би се вратиле на 5 бода минус кои беа пред ова коло. Значи, наместо да искористиме што дербито е пред наша публика и со победа да се доближиме до првото место ние би се вратиле на истата разлика. Наместо да се вмешаме сериозно во борбата за Скудетото, ние се бориме да ја спасиме сезоната затоа што на другите навивачи кои следат Калчо, нема да им биде интересно ако Интер уште сега се одлепи. Знам дека сето ова што сега го пишувам е мизерно, очајно, песимистичко ама јас сум реален и реално гледам на работите. Мојот лажен оптимизам и удирање во градите дека Јуве се најсилни и слично, нема да придонесе играчите да прикажуваат подобри изданија. Значи проблемот не е во мене.
Што се однесува до нашиот втор меч, оној со Баерн, да речеме дека ќе победиме и таму. И што понатака? Ќе се молиме да ни падне што послаб противник? Тоа ли е шампионски тим? Тоа ли е нашиот Јуве на кој пред 5-10 години му беше сеедно против кого и каде игра? Порано кога беа извлекувањата не ги ни гледав, туку отпосле дознавав со кој сме паднале затоа што ми беше сеедно кој ќе биде противникот, бев убеден дека Јуве поминува и тоа беше тоа. Сега извинете ме, ама тоа не е случај. Сега и тоа како ни е важно против кого ќе играме, дали сите ќе ни бидат здрави за мечот, кој се повредени кај противникот. Сега дојдоа времиња кога еден Бордо ни држи лекции по фудбал, дојдоа времиња кога гостување кај Палермо, Каљари и ним сличните ни се речиси невозможна мисија. Епа драги мои Јувентини јас тука гледам простор само за залажување на самите себеси а не за оптимизам и некаква си светла иднина. Барем не оваа сезона. Ако по некое чудо, момците успеат да ме демантираат, секоја им чест. Јас сум спремен ако треба да изедам и излижам се што сум кажал лошо во овој пост. Сега за сега така се чувствувам и според мене така стојат работите.