Момци, мора да се признае играме многу глупаво, незнам што им на играчите или нешто не е во ред. Никако да сврзиме 3-4 победи во серија и не се по 1-0, да дадеме барем 2 гола, није могуче. Ке почнам од Каморанези, ке изигра 1 топ утакмица, другата солидно, третата за никаде дупка а може и црвен да добие, мора да се задржи една форма барем 5 меча по ред, големите екипи по 10 меча победуваат. Није фер, не можи сам Диего да игра, му треба подршка, тука треба да биде Џовинко и Каморанези, по крилните позиции. Па мајка му ако не ги бива не ги тупај, ставај нешто друго, незнам Чиро што не викне нешто од помладите, Роси,Еспосито и други, мора нешто да се проба со нив. Иаго бил на позајмица а таму не изиграл ни минута ? На што личи ова бе ?
Ете се види со Касерес што бидна, млад централен дефанзивец, го направивме првотимец и тоа десен бек. Треба да се употребат малку млади фудбалери што кур ако ги бутиме Дел Пиеро и некој си друг пример Амаури кога неможат да вклопат нешто. Еве му сега шанса на Де Чеље за да се покажи како лев бек (ако отсуствува Гросо), ама знам дека ако покаже Де Чеље супер игра ке му биде џабе, бидејки следниот натпревар Гросо ке биде првотимец без разлика на формата и играта и како се снаваѓа, ова ти е чист доказа со Поулсен кој изигра феноменално со Удинезе, другиот натпревар наместо да биде првотимец тој беше на клупа и не одигра ниту 1 минута, туку играше Мело кој е под очекувањата во очајна форма кој му треба одмор да се одмори па да почне да игра.
Незнам што е работава, сега мислам дека МОРА да се победи по слабата игра со Бордо секогаш така правиме ке изиграме слабо, па после јако и се ке се менуваме, е вака нема скуде.
Сепак имам голема надеж и сигурност дека можеме да го освоиме скудето но сепак Шинтер владеат, утре евентуален кикс, со незгодната Фиорентина која игра супер и е во форма може да и создаде проблеми, ама под услов Јуве да победи на Сардинија.
Кога ке се потсетам лани, кога губивме од Џенова дома и од Каљари тие беа 2 големи шанси и беа киксови на Интер за да може да ги стигниме и тоа не се искористи. Барем ова година да искористиме од киксовите на ШИНТЕР, мора да се победи Каљари ако сакаме да останеме во игра, сепак ке биде МНОГУ ТЕШКО.
За мечот утре, очекувам да заигра Поулсен, каков Маркизо не се глупирајте што може да помогне Маркизо со ваква формација со 2 напаѓачи 4-3-1-2. Во оваа мора да го имаме Поулсен и Сисоко, сепак може Џовинко на левата страна, а во нападот незнам кого би ставил, и треба да си напаѓаме нон-стоп, нека земат пример од денешниот дуел Џенова - Сампдорија, каков меч само е така се игра кога имаш тежок противник.
Едит: Само да се докажам, и Чиро претерува понекогаш ... Еве пример со младите играчи што прави Венгер со Арсенал гази се пред себе, така ми иде зборот, а со какви млади играчи има, сепак ке кажете искусни се, абе ке се искусни ама прво се биле послаби и со тек на време со игри прикажувања се ке научи и ке си дојде на свое место, ехх да ни беше Венгер тренер до сега ке бев најсреќен.
Ако во случај си оди Чиро (што не ми се верува толку скоро), мислам дека Бенитез да ни дојде, мора нешто да направи човекот жеден е за титули а и искусен тренер е, не гледајте вие Ливерпул, тие немат играчи, немат клупа, немат првотимци што ке играат на ниво, немат пари тоа е...