Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дел Пиеро многу подобро ќе се снајде како централен шпиц во форот отколку како лево крило. На лево крило да игра Џовинко и можеме да се надеваме на успех на Сардинија.
И лево офанзивно крило би се снашол, но сеуште ја нема потребната брзина поради долгото отсуство од терените.
 
Probable Starting XI (4-2-3-1): Buffon; Caceres, Cannavaro, Chiellini, Grosso; Sissoko, Melo; Camoranesi, Diego, Del Piero; Amauri.

изгледа ќе нема проблеми за амаури да игра со каљари,всушност како го повреди грбот кога не мрда 90 минути ?! можи на плејстејшн....

во врска со формацијата-бљак ! дел пиеро се враќа во тимот и многу подобро е кога би се играла 4-4-2 со диего зад дел пиеро(лево) и амаури(централно)
 
Ако веќе решил да го игра Дел Пиеро тогаш подобро нека биде тоа со формацијата 4-3-1-2, сепак подобро се снаоѓа во нападот, а и треба да му се даде малку континуираност за да влезе во форма и таман до натпреварот со Интер ќе биде подготвен, ако не тука е Џио кој што добро игра на лево крило. Во средниот ред позади Диего би сакал да ги видам, Мело-Сисоко-Каморанези или Маркизио место било кој од овие, значи се освен Поулсен би бил задоволен.
 
Уфф Пандев како би легнал. Го турам патлакот под секира ако не биде боље стрелец од Амаури. И убеден сум дека десет пати ке има подобра соработка меѓу него и Диего отколку Амаури-Диего.
Интер ке ни направи страшна саботажа ако успее да го купи. Слушајте ми ги зборовите. . .


Да прокоментирам за десниот бек што се најавува во Јануари.
Ако планираат да потрошат 7-8 милиони за десен бек воопшто и нека не купуваат. Не е работата да се купи нешто колку да се рече. Подобро нека ги чуваат парите и нека им се таложат до летоска отколку да купат било што (читај Мигуел) сега во Јануари. Од такви просечни фудбалери веке ми е преку глава. Како прво треба да имаат претстава каков тип на десен бек сакаат. Офанзивен или дефанзивен.
Треба и тактиката да ја утврдат која што ке се применува во наредните години па врз база на таа тактика да се бира десниот бек.

Мој тип:
1. Рафиња
2. Бакари Сања

Или еден од овие двајца или ниеден!
 
И јас сум за да се земе Пандев. Незнам зошто некои од тука се смеат на тоа , како да ние имаме безброј квалитетни фудбалери, па за што би ни бил Пандев. Горан е квалитетен играч и добро ќе се снајде во Јуве. Ќе биде супер алтерантива , со оглед на тоа што ние речиси и да немаме алтернативи.
 
Диего летово беше доведен за да игра полушпиц во 4-1-2-1-2 формацијата (популарна како дијамант). Незнам зошто Чиро не проба сега кога се врати Алекс да излезе со таа формација. Мислам дека одлично би функционирале Дел Пиеро и Амаури во нападот и зад нив Диего како полушпиц.

Инаку се сложувам со повеќето од вас кои мислат дека ни треба еден брз шпиц, нешто во стилот на Агуеро, Пато или Руни. Ама па од друга страна од кај ни нас пари за некој од калибарот на набројаниве (не стриктно за нив, туку за било кој со квалитети слични на нивните), кога вода во очи немаме. Ќе треба да се земе некој анонимус од Бразил или Аргентина за ефтина пара и после од него да се прави играч. Мислам дека ова второво е многу пореална опција во моментов.
 
Ако веќе решил да го игра Дел Пиеро тогаш подобро нека биде тоа со формацијата 4-3-1-2, сепак подобро се снаоѓа во нападот, а и треба да му се даде малку континуираност за да влезе во форма и таман до натпреварот со Интер ќе биде подготвен, ако не тука е Џио кој што добро игра на лево крило. Во средниот ред позади Диего би сакал да ги видам, Мело-Сисоко-Каморанези или Маркизио место било кој од овие, значи се освен Поулсен би бил задоволен.

1. Џио според формата засега е далеку подобра опција од Алекс каде каде е поподвижен.
2. И МАркизио и Поулсен се подобри од Мело и Сисоко(вториов можи ама после некоја утакмица да се врати во форма) .

Очигледно Сисоко е единствениот феномен кој успеа да се снајди во Јуве веднаш откако дојде. Сите други некако споро им оди. Мело е полош и од Носерињото, Поулсен ретко добиваше шанси и знаеше да се губи ама сега е можеби најдобриот кршач на средината. Тиаго на почетокот на сезонава покажа знаци на живот ама ако имграме со 3-1 средина. Алмирон едно време го читав во тим на колото го бираја сезонава, очигледно му требаја шанси на чоекот ама шо е тука е. ЏИО ептен не е за 3-1 формација повеќе му лежи левата страна во 4231. Алекс е СПОР за таа позиција повеќе е за постатичка игра. А ДИЕГО, 1 да си ги смени копачките, второ му треба малку среќа со касапите во италија и исто заштита од судиите (ако можи на cryналдо да му свират ко ќе го дувни некој можи на овај барем ко ќе го сопнат да свират и да делат жолти оти секој меч има преку 10 фаули над него од кои пола се за картон) и за крај МОРААТ нашите да се научат да играатт околу диего и да вежбаат ситуации каде некој влечи играчи а останатите с ослободуваат и чекаат топка во празно. (хинт нека гледаат снимка од пасот на Чави за вториот гол против Шинтер)

Каљари лани беа гнасни со брзите контри по крила па се надевам дека ќе игра Молинаро (за тркањето) место Гросо и Касерес. И Исто дека и двајцата ќе седат претежно назад или кога прават излети дека ќе прави само едниот од нив. Да не напрајме како со Удинезе двата бека да даваат гол.
Составот:
Џиџи
Касерес-Канаваро-Киелини-Молинаро
Поулсен-Сисоко(/Маркизио)
Каморанези*-Диего-Џовинко
Имобиле

Замена за Камора мислам дека имаме барем за во италија. Фаусто Роси мислам се викаше детето и многу често играше лани на припремите и мислам дека е во составот. Мароне мислам дека беше офанзивен во среден ред ама која позиција појма немам па и тој можи да е опција
 
Почнува да се шушка околу иднината на Чиро. Се очекуваше ова во секој случај, со оглед на лошите резултати, а богами и игри особено во ЛШ сезонава... Се вели дека следниве 3 натпревари (Каљари, Интер и Баерн) се последна шанса на Чиро да го стабилизира Јувентус и да го врати на победнички пакети, инаку толку од неговиот мандат на кормилото на Јуве.
 
Диего летово беше доведен за да игра полушпиц во 4-1-2-1-2 формацијата (популарна како дијамант). Незнам зошто Чиро не проба сега кога се врати Алекс да излезе со таа формација. Мислам дека одлично би функционирале Дел Пиеро и Амаури во нападот и зад нив Диего како полушпиц.

Инаку се сложувам со повеќето од вас кои мислат дека ни треба еден брз шпиц, нешто во стилот на Агуеро, Пато или Руни. Ама па од друга страна од кај ни нас пари за некој од калибарот на набројаниве (не стриктно за нив, туку за било кој со квалитети слични на нивните), кога вода во очи немаме. Ќе треба да се земе некој анонимус од Бразил или Аргентина за ефтина пара и после од него да се прави играч. Мислам дека ова второво е многу пореална опција во моментов.
Па и според последните најави, Чиро ги очекувал последните вести од медицинскиот тим во врска со тоа дали Амаури ќе биде подготвен за настап против Каљари, и со негово евентуално неиграње, се најавува дека Чиро ќе се врати на 4-3-1-2 формацијата против Каљари, што со оглед на тимот кој што го има на располагање Чиро мислам дека ќе биде пофункционална (доколку не игра Амаури).

Buffon

Caceres--Cannavaro--Chiellini--Grosso/Molinaro

Camoranesi--Sissoko--Marchisio/Poulsen

Diego

Del Piero--Giovinco


Исто така неизвесен против Каљари е и Гросо, кој се жалел на мала повреда.

Но едно единствено е најважно во овој натпревар. Јуве мора да победи. Се надевам дека Чиро ќе ја одбери вистинската формација, и играчите ќе влезат максимално мотивирани за да го поправат впечатокот од натпреварот со Бордо.

Почнува да се шушка околу иднината на Чиро. Се очекуваше ова во секој случај, со оглед на лошите резултати, а богами и игри особено во ЛШ сезонава... Се вели дека следниве 3 натпревари (Каљари, Интер и Баерн) се последна шанса на Чиро да го стабилизира Јувентус и да го врати на победнички пакети, инаку толку од неговиот мандат на кормилото на Јуве.
Исто најави и Тутоспорт, дека Чиро сеуште има потполна доверба, но не се гарантира дали ќе ја има после завршувањето на натпреварот со Баерн.
 
јувенташи како домаќини одберете си кој ке ја отвори темата за дербито! :)
p.s. не заборавајте и анкета да ставите :smir:
 
Момци ќе отвара некој, или да ја имам честа :) :)

Едит: Отворено :wink:


Мислам дека на наредниот натпревар против Каљари, Мело мора да биде на клупа за да може да одмори човекот. Мое мислење е дека падот на формата кај него се должи на преголем замор. Игра по 90 минути секоја утакмица и за Јуве и за Бразил, и на човекот едноставно му треба одмор.

Околу тактиката јас би играл вака:

Del Piero
Giovinco - Diego - Camoranesi
Sissoko - Poulsen(Marchisio)
De Ceglie - Chielini - Cannavaro - Caceres
Buffon​

...со тоа што Џовинко би имал и поофанзивна улога како втор напаѓач а Каморанези би се враќал нешто поназад за да помага во дефанзива.
 
Повиканите за натпреварот со Каљари:

1 Buffon
2 Caceres
3 Chiellini
4 Felipe Melo
5 Cannavaro
8 Marchisio
10 Del Piero
11 Amauri
12 Chimenti
13 Manninger
15 Zebina
16 Camoranesi
18 Poulsen
19 Molinaro
20 Giovinco
21 Grygera
22 Sissoko
23 Ariaudo
28 Diego
29 De Ceglie
30 Tiago
33 Legrottaglie
40 Immobile

Амаури е во повиканите, и нема проблем со повредата, но Гросо е играчот кој нема да биде достапен против Каљари.

Наспроти најавите на Хавиер Занети дека Интер ќе го напуштат теренот ако има расистички скандирања против Балотели, Мурињо изјави дека нема да го напуштат теренот бидејќи тоа автоматски ќе значи пораз од 3-0. линк
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom