Може и Григера да стартува, Макаби не е којзнае каков противник а Григера можеби игра во најдобра форма од последниве неколку месеци. ОСтанатиот дел од одбраната ( во ооднос на централниот пар ) сеедно е кои двајца ќе стартуваат ( од Киело , Кана и Легро ). Се виде дека нашата одбрана е сеедно иста и со Киело и Канаваро во пар , и со Легро и Киело.
Во однос на средниот се гледа дека присуството на Сисоко е многу важно , ако не е и најбитно во формација 4-2-3-1. Без него ја немаме таа упорност и агресивност во средината , која во комбинација со креативноста на Мело е добитна комбинација. Значи немаме замена на Сисоко , а кога ќе се додаде на тоа дека немаме алтернативи ниту за Џовинко , ниту за Каморанези , тогаш се става под знак прашање употребата на 4-2-3-1. Неможат Мело , Сисоко, Диего , Каморанези и Џовинко да играат прва постава цела сезона. Еве го изгубивме Сисоко и веднаш се покажа тоа. Средниот ред брзо се пробива , а после одбраната има многу тешка задача да ги запре противничките брзи напаѓачи. Сампдорија ја победивме благодарение на тоа што Касано го затворија Сисоко и Мело ... тој речиси и да не стигна до Киело и Канаваро. Али затоа Поулсен и Мело не успеаа да ги задржат брзите Датоло , Хамшик и Лавеци и Наполи не потури. ОДбраната и немаше баш изгледни шанси да ги запре ... туку требаше навреме да бидат запрени на средината.
Значи што сакам да кажам ... можеби Чиро треба пак да размисли за менување на формацијата. Почнавме со 4-3-1-2 , продолживме со 4-4-2 , да дојдеме до 4-2-3-1 и пак да неможеме да го извадиме најдоброто од себе. Можеби со оваа последнава се зајакна нападот , али затоа трпи одбраната,а никогаш неможеш да постигнеш повеќе голови од она што можеш да примиш. За тоа ти требаат по двајца кцалитетни играчи на секоја позиција во средниот ред , а ние го немаме тоа .
Како и да е , се чуствува дезориентираност на тимот после бламажата со Наполи. Да се надеваме дека тоа нема да се изрази во ИЗраел , бидејќи евентуален неуспех ќе ги намали за голем процент шансите за влез во осминафинале , а Управата треба да подразмисли што нечини , дали тренерот , дали малиот капацитет на квалитетни играчи и несоодветни замени , дали недоволна ангажираност на играчите. Мислам дека Јувентус со овие играчи треба да игра и остварува далеку подобри резултати од тоа што го оствари во досегашниот тек од сезоната.