Најдов време и јас да прокоментирам за вчерашниот феноменален натпревар.
Во едно се сложуваме сите , дека ова беше најдобрата партија на Јувентус сезонава и дека оваа формација одговара најмногу во однос на играчите кои ги имаме на располагање.
Сите одиграа феноменално , дури и Григера. Поединечно тоа би звучело вака.
Буфон - немаше многу работа , играта на Самп беше неутрализирана , благодарение на Момо и Мело топката многу ретко стигнуваше до Кана и Киело , а па за Буфон муабет да неправиме. Небеше виновен за примениот гол , доколку би се барало виновник би требало да се посочи Гросо , али по таква феноменална партија и петарда ве мрежата на Џеновјаните ... никој не би барал виновник за голот.
Григера - Една од најдобрите партии на Чехот воопшто во дресот на Јувентус. Григера е доста солиден во дефанзива ( општо мислам ) , али во офаанзива е многу слаб. Со Сампдорија беше доста солиден дури и во нападот , а тоа беше благодарение пред се на Каморанези кој ја движеше цела таа страна
Канаваро - не изигра којзнае како , едноставно беше засенет од неговиот партнер во одбраната. Како и да е , неговото присуство е бесценето , знае кога да направи фаул , да задржи топка , да ја врати назад ... едноставно да внесе сигурност помежу задниот среден ред и одбраната. И да ... со самото тоа што двајцата со Буфон се во составот си влеваат самодоверба еден на друг , бидејќи се познаваат премногу добро , а и Киело учи доста од капитенот на Репрезентацијата.
Киелини - перфектен натпревар за Киело , едноставно ги сруши ... можеби порано имав погрешно мислење за човеков , но со своите настапи ме демантира ( и мило ми е за тоа ). Вчера воопшто не ни беше поминат од напаѓачите на Самп. и мислам дека ова е еден од неговите најдобри натпревари во дресот на Јуве
Гросо - човеков некаков влегува во форма , на почетокот на сезоната играше анемично , но полека како да се пронајдува себеси и се враќа во најдобрите денови. Беше доста опасен по левата страна. Асистираше на последниот гол на Трезеге. Имаше неколку опасни шутеви. Џовинко ја надополнува неговата тромавост и лесно им бега на противниците по левата страна , а тоа овозможува повеѓе простор за Гросо и повеќе центаршутеви.
Мело - изигра прекрасно. Пресече доста топки , делуваше моќно и стабилно. Кога ја коментирам играта на Мело , неможам а да не го спомнам Сисоко ( и обратно ) ... Двајцата едноставно како да идат во пакет. Се надополнуваат еден со друг. Мело е подобар пасер од Сисоко , но затоа Сисоко ја надополнува евентуалната грешка на Мело и трча до крај. При формација 4-2-3-1 неможам да најдам подобар пар од овие двајца во задниот дел од добраната.
Сисоко - Момо се враќа. Во претхониве два натпревари одкако се врати од повредата , како да се пазеше од повреда ( што е нормално после толкава пауза ), али затоа вчера покажа дека не ја изгубил жестината од мината сезона кога едноставно ја газеше противничката средина. ТРеба да обрне внимание на пас играта , али како што реков , до него го има еден Мело , според многумина еден од најинтелегентните играчи од средниот ред. Играта на Јувентус при ваква формација , колку што зависи од тројцата играчи пред Мело и сисоко ( Диего , Џио и Камо ) , исто толку зависи ид од нив самите ( Сисоко и Мело ). Доколку овие двајца изиграат на ниво тогаш ќе им биде полесно на тркачите да создадат шанси. Доколку тие зезнат , тогаш нашата игра нема да биде којзнае каква , па макар и Џио , Каморанези и Диего да изиграат добро.
Каморанези - нема да коментирам многу за него , за Камо се е кажано , кога е расположен е незадржлив и од него зависи целата десна страна. Единствено нешто што ме плаши е тоа што при ваква формација немаме алтернатива за него на клупата. ( исто како што немаме и за Џовинко на левата страна ) ... Можеби продавањето на Маркиони беше избрзано, али Јувентусне бираше средства за да дојде до Фелипе Мело.
Диего - внесува креативност во играта. Дава убавина при гледањето на тимот. За Диего е многу потешко да игра во формација 4-3-1-2 бидејќи сите противнички фудбалери се вртат околу него и не му се дава можност да се размавне и да ја покаже креативноста . Во формација 4-2-3-1 тоа е сосема поинаку , опонентите не се фокусираат само на него , зошто Џовинко и Каморанези се премногу брзи и опасни за да бидат оставени сами. Тоа му дава повеќе простор , можност да се размавне , да креира ... Оваа формација е подобра за Диего , од претходната.
Џовинко - малиов прави мерак. Кога ќе тргне се запира само со фаул, и тоа најчесто е жолт картон. Играч кој треба да биде стартер , со тоа ќе влезе во форма , ќе има самодоверба. Имаме само еден ваков играч , кој може да повлече , да претрча повеќе фудбалери , да отвори простор за ДИего , да асистира ... едноставно играч каков би посакала секоја екипа.
П.С. Ако му ја лупнеше една на Манини имаше да го нокаутира :tv:
Амаури - на човеков му фалеше само еден гол, сега понатака има да дава гол на секој натпревар. Мислам дека е подобар од Јакинта и Трезеге ... има нешто плус во играта од тоа што имаат овие двајца. Најдобар натпревар за него сезонава . Се надевам дека ќе го повтори ова на многупати сезонава.
За измените ќе кажам само за Трезеге дека не е во најдобра форма. Утна една 100% шанса со нога , но затоа со неговата посилна страна , главата , беше ефикасен.
Нешто што ми падна во очи беше тоа како се котивираа играчите пред почетокот на натпреварот. Мело , Сисоко , Киелини , Диего ... едноставно тоа изгледаше како да , АЈАДЕ МОМЦИ ДА ГИ ИЗГАЗИМЕ. И го направија тоа. Мотивацијата е НАЈБИТНА. Само со нејзе на своја страна можеш да изиграш вака. БЕз мотивација и најдобрите играчи на светот да ги имаш ќе изгубиш од третолигаш со 4:0 .
Единствено нешто што ме плаши во ова феноменална формација на Чиро е тоа што немаме алтернативи за Џовинко и Каморанези. Дел Пиеро до некаде би можел да игра на местото на ДИего. Очигледно Де Чеље ќе добива голема минутажа сезонава и ќе биде прва алтернатива за Џовинко.
Не треба да не интересира играта на ИНтер. Се од нас зависи. Да излегуваме секој натпревар со ваква мотивација резултатите сами по себе ќе дојдат. Киксовите на ИНтер ќе дојдат. Битно е ние да победуваме. Не се тие непобедливи.
И нешто за следниот натпревар , во сабота со Наполи од 18:00. Очекувам сличен натпревар на оној со Самп. и очекувам момците да продолжат онаму каде што застанаа. Наполи е слаб на гости , не би требало да имаме поголеми проблеми.