Buffon
Caceres - Canna - Chiellini - Grosso
Sissoko - Melo
Camoranesi - Diego - Giovinco
Amauri
Ако со оваа формација не успееме да ги победиме Макаби на домашен терен, дефинитивно не заслужуваме да одиме понатака... Да се надеваме дека овој ќе биде изборот на Чиро, и дека ја научи лекцијата од последните неколку промашени тактики, особено онаа со Палермо.
Во формацијата што игравме против Палермо во средината (Камо - Мело - Поулсен), недостигаа тркачи. Каморанези веќе ја нема онаа брзина што ја имаше пред некоја година, а Мело и Поулсен се повеќе ориентирани на задржување на топката и нејзино подавање на поофанзивните играчи. Сега, кога Момо се врати, ќе бидеме поопасни напред. Момо за разлика од Мело и Поулсен, ијако дефанзивно настроен, сепак, знае да направи и одлични продори, умее да трча и да навлече и двајца играчи. Кога и Маркисио ќе се врати од повреда, заедно со Сисоко и Мело, ќе имаме одлична средина. Мело ќе ја контролира топката во средината, а по страните ќе ги имаме Сисоко и Маркисио. Утре дефинитивно нема да го има Маркисио, но ќе ги има Сисоко, Мело и Каморанези. Не се знае каков ќе биде нивниот распоред на средината, но се надевам дека Момо и Каморанези до негде ќе успеат да го остварат она трчање што го зборувам.
Од Макаби очекувам да играат отворено и без бункери во шеснаесетникот. Доколку играат бункер, би требало да бидат свесни дека без минимум 4 гола не си одат од Торино, со оглед на квалитетот на одбраната што ја имаат, а и оној квалитет на нашите напаѓачи, така да очекувам да си играат свој, напаѓачки фудбал. Во секој случај, ќе ги победиме, моја прогноза 2-0. Очекувам конечно Џовинко да добие минутажа, а би било добро и Касерес да учествува во мечот.