Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако се бара за замена на Трезеге мислам дека најидеална ќе е ЕДИН ЏЕКО:vozbud::vozbud::vozbud:
Е Тими бе ти нема рамен :pos2:, само, што те нема нешто, уште ли имаш вируси у тоа компјутерот, дај оправај го таму фалат твоите "бисери" на форумов :helou:
 
Види вака не сум субјективен само ти кажувам дека во моментов Де Роси е послаб од Мело а како што играше Сисоко прошлата сезона, една таква утакмица да одигра Де Роси одма те частам, единствено што вреди кај него е тоа што е деструктивец со техника, знае да нафрли добро и да додаде добар пас, друго не гледам нешто поспецијално кај него, со Сисоко во деструкција на игра не може ни до колена да му дојде, во цврстина Мело ќе го дувне ко ветар,единствена предност му е добрата техника и шутот мада и тоа во последно време не му оди баш нај нај, ако би ме прашал за Тоти е тогаш би ти одговорил дека е еден од најдобрите италијански фудбалери заедно со Дел Пиеро во последните 10 години али Де Роси не е Тоти :toe:.

другар со тебе не влагам во дискусија, еве ќе кажам дека "се сложувам" со твојот пост, на некој начин ме просветли со твоите мислења, за тоа колку Мело бил поцврст од Де Роси и бла бла бла:smir: ајде поздрав

Јас мислам дека играч со квалитетите на Де роси би бил секогаш добредојден во Јуве без разлика колку играчи имаме на таа позиција. Инаку ротацијата и давањето одмор на играчите може да биде само корисно и секиј нов меч тие би го дочекале максимално подготвени.

убаво кажано, се сложувам со тебе, факт е дека моментално ако трансферот на Де Роси зависи од тоа дека треба да се трампа некој од Мело и Сисоко(во спротивен правец, значи во Рома), Јуве нема да размислува премногу:toe::smir:
 
Не велам дека не е квалитетен, само доколку дојде тој (што е малку веројатно) би морало да си замине Сисоко (зш не верувам дека Мело ќе биди продаден после 1 сезона, башка и столб е човекот), а со тоа не се сложувам во никој случај, играч како Сисоко тешко се раѓа, сами бевме сведоци колку падна играта по повредата на Сисоко, е сега можеби Де Роси има и техника и шут ама таква борбеност и давање на максимум на секоја утакмица го нема ни 50% од тоа што го има Сисоко, незнам за вас, за мене Сисоко е далеку далеку покорисен во играта на Јуве отколку што би бил Де Роси во случај да дојде.

другар со тебе не влагам во дискусија, еве ќе кажам дека "се сложувам" со твојот пост, на некој начин ме просветли со твоите мислења, за тоа колку Мело бил поцврст од Де Роси и бла бла бла:smir: ајде поздрав

убаво кажано, се сложувам со тебе, факт е дека моментално ако трансферот на Де Роси зависи од тоа дека треба да се трампа некој од Мело и Сисоко(во спротивен правец, значи во Рома), Јуве нема да размислува премногу:toe::smir:
Никој не те ни тера да влагаш, јас само ти ја кажувам реалноста па сега дали ти ќе ја прифатиш или не тоа си е твоја работа, ако беше толку подобар од двајцава, незнам зошто Рома игра толку слабо, па и нема толку многу слаби играчи во среден ред, башка тука е и Тоти,јас не ги оспорив неговите квалитети, само си дадов мое видување, не дека сум пристрасен, ама кога би бирал од Сисоко и од Де Роси дефинитивно би го одбрал Сисоко :helou:.
 
убаво кажано, се сложувам со тебе, факт е дека моментално ако трансферот на Де Роси зависи од тоа дека треба да се трампа некој од Мело и Сисоко(во спротивен правец, значи во Рома), Јуве нема да размислува премногу:toe::smir:
Во шпекулациите не се споменува никаква трампа за тоа ако Де Роси се пресели во Јуве, во обратна насока да замине еден од Мело и Сисоко. Се шпекулираше за:Поулсен,Тиаго и Молинаро.
Јас мислам дека играч со квалитетите на Де роси би бил секогаш добредојден во Јуве без разлика колку играчи имаме на таа позиција. Инаку ротацијата и давањето одмор на играчите може да биде само корисно и секиј нов меч тие би го дочекале максимално подготвени.
Мело,Сисоко и Де Роси, тројцата играчи се со слични карактеристики, а факт е дека не може тројцата да играат прв состав, и според мене во тој случај сигурно еден од тројцата ќе изрази незадоволство поради тоа. Би било одлично да ги има Јуве сите во тимот, но мислам дека тоа е невозможно, бидејќи сите тројца се играчи кои сакаат да бидат протагонисти и носители на играта, а за да бидат тоа треба да играат многу често, а тоа е невозможно, кога на тоа ќе се надодаде Диего па и Маркизио на кого му претстои светла иднина така да сметам дека доаѓањето на Де Роси во тимот сигурно ќе резултира со заминување на еден од тандемот Мело-Сисоко.
 
Еве гледам Уругвај-Аргентина и Касерес игра одлично, игра и централен а и лев бек, мислам дека Ферара треба да се размисли малце при изборот на играчите, ваков талент не треба да се пропушти, многу подобар од Легро е.
 
Агентот на Молинаро изјави дека неговиот клиент не е среќен во Јувентус:

"Molinaro is not happy at Juventus. Roma are excellent in terms of squad, coach and club. For now, there has been no contact from them, but anything could happen in January or June.
„Молинаро не е среќен во Јувентус. Рома се одлични во поглед на составот, тренерот и како клуб. Засега, нема никаков контакт од нив, но се може да се случи во Јануари или Јуни.“

Но, агентот на Молинаро категорично отфрли можност Молинаро да се пресели во Рома на позајмица, и позитивно за Јуве е тоа што изјави дека Молинаро во моментов вреди повеќе од 4 милиони евра.

Еве гледам Уругвај-Аргентина и Касерес игра одлично, игра и централен а и лев бек, мислам дека Ферара треба да се размисли малце при изборот на играчите, ваков талент не треба да се пропушти, многу подобар од Легро е.
Се сложувам. Касерас игра одлично во одбраната, посебно како централен дефанзивец. А со оглед на очајната форма на Легро во моментов, сметам дека Касерас би бил подобра опција.
 
Мело,Сисоко и Де Роси, тројцата играчи се со слични карактеристики, а факт е дека не може тројцата да играат прв состав, и според мене во тој случај сигурно еден од тројцата ќе изрази незадоволство поради тоа.
зошто да не може? интер во средината скоро 4-5 години немаше никаков креативец, нонстоп играа со тројца деструктивци.
камбиасо,занети и станкович како постојани и тука додај ги оние што се менуваа дакурт,мунтари,мота,виеира, идр.
кај интер таа линија добро функционираше
пример занети-камбиасо-мунтари
станкович-виеира-Мота
зошто да не може кај јувентус? италијанските утакмици во 90 проценти се решаваат од само 1 гол.
мело-сисоко-де роси
за тотална доминација во среден ред и препуштање на цела игра во нападот да ја води диего.
при прекин, контра или добро креирана акција од страна на диего, се постигнува голот и после ти следи досадната игра на Барса чави на меси меси на чави чави на меси меси на чави чави на меси меси на чави и посед на топка 90%:helou:
само овдека наместо чави на меси ке ти биде сисоко на мело, мело на сисоко
 
Се надевам дека Кире ја гледа утакмицава, Касерес е МНОГУ подобра опција како централен од Н.Л. (неќам да го споменувам).

Иначе тапа утакмица, очекував повеќе од Аргентина.
 
зошто да не може? интер во средината скоро 4-5 години немаше никаков креативец, нонстоп играа со тројца деструктивци.
Интер немаше креативец, ама затоа Мурињо цело лето примарна цел му беше ангажирање на креативец. Иако Калчото повеќе е дефанзивно, сепак мислам дека подобро е да се има избалансирана средина, а повеќе деструктивци во средината само кога треба да се задржи резултат и да се умртви играта на противникот во средината.

Против Фиорентина, Јуве најверојатно ќе почне со 4-3-1-2 формација, но се најавува дека е можно Чиро да се одлучи и со 4-2-3-1.

Буфон

Григера--Канаваро--Киелини--Гросо

Мело--Сисоко

Каморанези--Диего--Јакинта

Трезеге

Мали корекции може во нападот, доколку Чиро се одлучи предност да му даде на Амаури.

Интер немаше креативец, ама затоа Мурињо цело лето примарна цел му беше ангажирање на креативец. Иако Калчото повеќе е дефанзивно, сепак мислам дека подобро е да се има избалансирана средина, а повеќе деструктивци во средината само кога треба да се задржи резултат и да се умртви играта на противникот во средината.
eпа тоа ти го викам немаше креативец, го земаа ама таа деструктивна тројка назад не се промени.
е сеа разликата овде е тоа што интер ги има сантон и мајкон они пробиваат по страните, колку ке го прават тоа Гросо и Григера незнам ама мора да се имаа активност инаку оваа формација по страните е најранлива!
 
Italy [3 - 2] Cyprus
12'[0 - 1]Y. Okkas
goal.gif
35'
48'[0 - 2]C. Michael
goal.gif

77'[1 - 2]A. Gilardino
goal.gif

80'[2 - 2]A. Gilardino
goal.gif

90'[3 - 2]A. Gilardino
goal.gif

gilardino e vo super-forma, tesko vas vo sabota :)
 
Супер форма викаш, ај баш ќе видиме, му ги наместија 3 гола, ај да видиме кој ќе му мести со ЈУВЕ, не рипајте предвреме да не испадне после на нероден петко капа му кроете, па да примите 3-4 комада, Касерес изигра брилијантно се додека не ја направи онаа глупава грешка и црвениот картон, баш ми е криво за детето се гледаше дека игра со срце на теренот, иако го исклучија прикажа добра игра.
 
Жал ми е за Касерес, изигра одличен натпревар, штета што на крај неискуството си го направи своето...
Дечкото дефинитивно има потенцијал има храброст да влегува во дуели и мора да му се дава шанса како прва замена на Канаваро или Киелини.
 
jaki ste vie mn doma, ali Gilardino i Jovetic se vo super-forma, ke vidime ke bide utakmica so mnogu golovi

Супер форма викаш, ај баш ќе видиме, му ги наместија 3 гола, ај да видиме кој ќе му мести со ЈУВЕ, не рипајте предвреме да не испадне после на нероден петко капа му кроете, па да примите 3-4 комада, Касерес изигра брилијантно се додека не ја направи онаа глупава грешка и црвениот картон, баш ми е криво за детето се гледаше дека игра со срце на теренот, иако го исклучија прикажа добра игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom