Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
od toa so mozev da go zabelezam mislam deka bese vo opsajt dosta diskutabilno inace ne bev vo moznost da go gledam mecot ne fajkaa strimovite kaj mene :S
 
Да разочаравме ама не го заборавајте фактот дека цело време напаѓавме и во ниеден момент не се повлековме. Не заборавајте дека фалеа Дел Пиеро, Диего, Сисоко, Каморанези (не почна од почеток), Киелини, Канаваро (кој се повреди и веднаш после тоа примја гол). Значи фалеа доста играчи, а и времето беше за никаде и ги отежнуваше условите. Примивме гол од прекин, а не од игра.
Се сложувам, тоа е грешка на одбраната која на два пати не реагираше, најпрвин тој првиот ја чепна (непречен од никого) и ја прати позади, а после Пласил исто така речиси без чувар ја стави во гол. Толку е без Киелини и Канаваро. Башка прв пат играат Касерес и Легро заедно како цетнрални стопери.
Немавме среќа со пречката на Маркизо, а Пулсен ако беше малце поконцентрисан во двата обида барем еднаш ке го закопаше. . .

Башка и Бордо не е наивен противник. Првак на Франција е и има одлични поединци.
Се надевам оти повредата на Канаваро не е сериозна. Ке биде голем хендикеп да го изгубиме на почеток на сезона кога игра во солидна форма.
Можеби причината беше големиот фонд на повредени играчи, но сепак факт е дека можеа многу подобро да изиграат од она што го прикажаа на терен денеска . Одбраната неколку пати погреши, но за среќа што Буфон беше на голот . Средината освен Фелипе Мело, беше тотално инфериорна на овој натпревар . На Маркизио според мене овој му е најслабиот натпревар одигран во црно-белиот дрес, и се надевам дека ќе му биде последен .

Првото полувреме Јуве беше тотално неутрализиран, слабо одеа преносите на топките од одбраната кон нападот. Во второто работите тргнаа поубаво, и како резултат на тоа дојде и голот. Јуве го прими голот од прекин, можеа подобро да реагираат одбранбените на Јуве при изведувањето на слободниот удар, но како и да е . Мислам, дека Бордо со онаа пожртвуваност и со онаа борбеност што ја прикажаа на денешниот натпревар можат да го изненадат кој и да е клуб во Европа и Светот.

Бордо не е за потценување, бидејќи е тимот кој прв го разби она повеќегодишно доминирање на Лион во Француското првенство .Toa го изјавува и Буфон „Buffon: «There are no easy teams in the Champions League»

“ Мислам дека треба што побрзо играчите на Јуве да го заборават овој нерешен резултат и да се концентрираат за Калчо натпреварот против Ливорно, Сабота навечер .
 
se gleda deka bez gzordzo slabo vo odbrana izigravme po se so kazvite bez sissoko bez delpiero i bez salihamidzic delpiero ubo e so ne se potpirame na edna zvezda :smir::helou::salut:
 
Според официјалната страна, на мечот се повредиле Тиаго, Мело и Канаваро .
With regards to Cannavaro, Felipe Melo and Tiago who left the field injured Ferrara hopes that «they will be available as soon as possible», while the medical staff will speak in the next few hours.
Се надевам дека не е ништо сериозно, и дека сите ќе се вратат максимално најбргу што може .

Позитивно е што Чиро за разлика од минатото со Раниери, брзо ја воочува слабоста на тимот и се обидува да ја поправи работата. Во интервјуто после натпреварот, Чиро изјави:

[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular] “We struggled in midfield and they came back at us very quickly, whereas in the second half we were far more aggressive.[/FONT]
 
od toa so mozev da go zabelezam mislam deka bese vo opsajt dosta diskutabilno inace ne bev vo moznost da go gledam mecot ne fajkaa strimovite kaj mene :S

Абе по ова што го видов имаше офсајд можеби е лош аголот ама според мене чист офсајд да му се десеше ова на Јуве одма 300 полемики ке предизвикаше!!! Можеби сум грешка али што е тука е со Ливорно очекувам да ја поправиме лошата игра и бидејки не ја глеав утакмицата влезе ли Трезеге???
П.С. И да, без многу многу паника со појаки играме подобро и со Баерн барем 4 бода ке имаме:helou:
 
Немам Коментари за погодокот на Иакинта :toe:
!MASTERPIECE!
Без грижи следните мечеви ќе ги добиете...а во никој случај ова не е пораз...така да ;)... ќе дојдат поените :smir:
 
Абе по ова што го видов имаше офсајд можеби е лош аголот ама според мене чист офсајд да му се десеше ова на Јуве одма 300 полемики ке предизвикаше!!! Можеби сум грешка али што е тука е со Ливорно очекувам да ја поправиме лошата игра и бидејки не ја глеав утакмицата влезе ли Трезеге???
П.С. И да, без многу многу паника со појаки играме подобро и со Баерн барем 4 бода ке имаме:helou:
Потполно се согласувам со тебе, односно Јуве да дадеше ваков гол ќе избиеше трета светска војна, но бидејќи во случајов голот го прими тогаш тоа ќе биде окарактеризирано само како обична судиска грешка. Што да правиш мафија сме да си е***е мајката, само да се местело без усул. Сега мислам дека треба да не префрлат во трета лига за да ни дојде паметот еднаш за секогаш.
 
^Милан дадоа гол од офсајд па не се крена некоја узбуна . :toe:
 
Незнам од кај да почнам...

Јувентус денес против Бордо изигра под-просечен натпревар! Сите играчи изиграа под стандардот и класата на Јуве, освен Buffon кој спречи сигурен пораз со бравурозни интервенции по грешките на одбраната!

Прво полувреме:

Бордо влезе дрско во почетните минути од натпреварот, успеа да се наметне и да добие дополнителна сигурност и полетност во играта, на грб на несигурноста и падот на концентрацијата на играчите на Јувентус во извршување на таа колективна одбрана, изнесување на топките и транзиција во нападот. Како нешто да фалеше во играта, немаше "читање" меѓу играчите (не мислам на повредените Diego, Sissoko, Del Piero или било кој, зошто тој што е одбран на терен сигурно го заслужил првотимскиот статус и треба да возврати на таа доверба, Јувентус не зависи од еден играч, сватете!!!), па секоја минута се повеќе и повеќе со несигурност и грешки во пасовите - влегуваа од грешка во грешка, освен Melo (секоја чест!), кој крвнички се бореше со грешките и лошиот ден на своите соиграчи. Бордо ја препозна таа немоќ и конфузија, почна да притиска и да гради течни акции, па ако сакате и да игра на нервите на противникот, па веќе во следните неколку наврати Buffon беше фрлен во оган, кој за воља на вистината го изгасна со срце! Ова накратко беше првото полувреме, а целиот циркус беше навистина фрустрирачки да се гледа, доколку сте фан на Јувентус!

Второ полувреме:

Започна на сличен начин како и првото, конфузен Јуве ---> сигурен Бордо, се така до 63-та минута, кога по громот од ведро небо од пас на Canna, во фор ја стигна Iaquinta, а овој рутински со прецизен удар по земја го совлада Rame, 1-0 за Јувентус. По овој момент, сите помислија дека сега само рутински ќе се доработат следните 30-тина минути, но за воља на вистината, не успејаа да одржат баланс и смиреност, повторно продолжија со грешките во пасовите, а тоа нормално, негативно влијае и на целата концентрација и мотивација на тимот (и на оние кои треба да влезат во игра), па последица на сето тоа беше префрлувањето на тежиштето на играта на наша половина и казната за таквата игра не стигна - голот од прекин на немаркираниот и заборавен Plasil, по нафрлувањето на Gourcuff: 1-1. Оттука, со шамарот кој го примија, а со сигурната стабилна игра на Бордо, нормално се започна со контри, во кои рака на срце на 2-пати беа успешни, но фалеше реализација - Marchisio се посрамоти со зицерот на 2 метри пред гол, а нововлезениот Poulsen наместо да ја смири таа висока топка пред 16-тник, ја дувна со волеј над гол. Бордо рутинирано го приведе натпреварот при крај и ги остави Bianconeri-те да се прашуваат каде згрешија...

Повторно ќе кажам: Бордо одигра одличен натпревар - толку колку што Јувентус му дозволи!!!

п.с. Се надевам дека нема да се повтори малерот со повреди кој не биеше цела мината сезона! Повеќе од потребно и главен приоритет треба да се даде на медицинскиот персонал и лечењето од повреди, и по подолго време - што поскоро да се види целиот состав на располагање, без разлика кој ќе биде во игра - кој на клупа! За стабилноста во играта мора сите играчи да бидат на располагање, зошто максимумот се вади од здрави играчи и од натпревар во натпревар - расте константноста и формата, кои се од пресудно значење за градење на карактерот и играта во иднина!

Точно дека ништо не е изгубено, но не се слагам со дел од вас кои велат дека се задоволни со 1 бод... НЕДОЗВОЛИВО!!!

Мислам дека треба што побрзо играчите на Јуве да го заборават овој нерешен резултат и да се концентрираат за Калчо натпреварот против Ливорно, Сабота навечер .

Јас пак мислам дека пред натпреварот со Ливорно, Чиро треба да им го пушти да го погледнат истиов, да им служи како поука како не смеат да играт!
 
^Милан дадоа гол од офсајд па не се крена некоја узбуна . :toe:
Тоа е затоа што речиси сите вклучувајќи ме и мене очекуваа конечно Милан да одигра како што му доликува на клуб со неговото реноме, па така тој гол беше лесно проголтан. Кај Јуве работата е сосема поинаква и убеден сум дека доколку Јуве постигнеше гол каков што прими дека ќе се дигнеше узбуна затоа што е секогаш на тапет и под лупа.
 
Не знам од каде да почнам, али морам да признам дека сум загрижен за тоа како ќе ги поминеме групите. Сега во Минхен едноставно мора да тепаме ако не, ќе треба да му ја мислиме како понатаму, многу тешко ќе биде.
Вечерва изигравме слабо, особено првото полувреме каде што бевме како изгубени. Вториот дел истотака лошо го започнавме, но се поправивме брзо и почнавме да личиме на ЈУВЕНТУС, и секако во тие моменти дојде и голот, но имавме неколку добри шанси кои што мораше да ги искористиме а не го направивме тоа, и секако дојде и казната, иако од офсајд. Честитки и за Бордо кои што покажаа дека ќе бидат голем проблем за фаворитите во групата.

Ако има некакви вести за повредените кажете. ПОЗДРАВ!!!
 
добро бе шо стана со Амаури.........лани првата полусезона изигра маестрално,оттогаш досега се нема видено......

штета за Диего,добро ни тргна сезоната со него,ама одма се повреди :( се гледа колку недостига во играта.....пеколни 3 недели и за него и за Јуве...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom