Мислам дека тој треба да биде главниот дигател на играта во одбраната и едноставно да го остава срцето на терен ( како што го оставаше ). Јас повеќе се надевам на него отколку на Киелини за наредната сезона. Киелини е извонреден играч меѓутоа не е воопшто стабилен во играта и често знае да киксне. А сите ја знаеме совршеноста на Канаваро и доколку најде мотиви во себе и околу себетогаш ќе може да биде тоа што беше пред 3 години
Воопшто не се сложувам со тебе за оваа констатација..Киелини со својата игра ќе ги качи и Легро, и Канаваро на грб и пак поубаво ќе изигра од нив, факт..Канаваро стварно е дека беше најдобар дефанзивец, и се надевам дека ако не сосема тогаш приближно ќе биде силен колку што беше во Јуве, но искрено не може да се споредува во моментов со Џорџо Киелини кој мислам дека е во ТОП 5 централни дефанзивци во моментов во светски рамки.Вистина е дека не блескаше на Купот на Конфедерации, но тоа го сметам повеќе како влијание на соиграчите во одбраната, а не како конкретна негова слаба игра..Минатата година Киело ја играше светлосни години поубаво од Канаваро, Легро имаше напредок во својата форма но реално гледано дека не е играч кој може да ја понесе играта на својот грб, нешто што Киелини го има во изобилие..Тројцата се играчи на Јуве, ги почитувам многу, но Киелини во моментов е најдобриот централен дефанзивец во Јуве, и еден од топ 5 во светот, играч кој е избран во најдобрите 11 во ЛШ оваа година, и е во тимот на годината составен од најдобрите поединци во ЛШ и УЕФА купот..