- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
ВМРО-ДПМНЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ КОАЛИЦИРА СО 18 ПОМАЛИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ги повика граѓаните и сите политички партии на единство и на заедништво со цел Македонија, која се соочува со многу предизвици, да стане подобро место за живеење, како и да се надомести она што било пропуштено во изминативе 17 транзициски години.
- Ова е повик за општа мобилизација на сите граѓани на Македонија, без разлика од која верска, етничка, партиска, или каква било друга припадност се, да застанат зад идејата на заедништвото, изјави Груевски на потпишувањето на Декларација за заедништво, партнерство и локален развој со 18 помали политички партии.
Македонија, според него, не смее да отстапи од принципите на водење одговорна државотворна политика која го афирмира духот на соработката. - Македонија не прифаќа никакви поделби повеќе. Промовирајќи го духот на заедништвото и сплотеноста, ги осудува сите облици на ширење раздор, кои имаат за цел да го поделат македонското национално ткиво, рече Груевски.
Во Македонија, повтори тој, немало, нема и нема да има поделби на антички и словенски Македонци, поделби по етничка, верска или партиска припадност, поделби на оние кои се за ЕУ и НАТО и оние кои се против... - Тоа е лажна, но опасна дилема, произведена во недостиг на проекти кај опозицијата и недостиг на луѓе, изјави лидерот на владејачката партија.
Потпишувајќи ја оваа Декларација лидерите на 18-те партии - членки на Коалицијата „За подобра Македонија“, смета Груевски, уште поцврсто застанаа зад политиката на единството. Дел од оваа коалиција се ДОМ, Демократски сојуз, Социјалистичка партија на Македонија, Сојуз на Ромите, Демократска партија на Србите, ТМРО и други.
- Силно залагајќи се општините да бидат средини кои суштински ќе се вклучат во процесот на преродбата и модернизацијата на македонската држава, се обврзуваме дека успешните практики во раководењето со Република Македонија на централно ниво, кои со себе во 2006-та и во 2008-та се обидуваме да ги спроведеме, заслужуваат да се пресликаат на локално ниво за да може да бидат почуствувани од последниот наш граѓанин во најодалеченото место, рече Груевски. Тој се обврза на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување и посочи дека коалициските партнери се свесни оти постојат многу проблеми.
Лилјана Поповска, претседателката на ДОМ, изјави дека е време за единство и за концентрирање на силите и добрите работи што беа започнати во последниве години. - Се надевам дека она што беше почнато како позитивна промена на национално ниво сега ќе можеме да го реализираме и на локално ниво. Верувам дека Македонија има доволно демократски капацитет овие избори да поминат во најдобар можен ред на коректен и фер начин, изјави Поповска.
Ова е една силна коалиција составена од 18 партии која ќе се ангажира да се спроведат фер и демократски избори, смета лидерот на СПМ Љубисав Иванов Ѕинго.
Павле Трајанов од Демократски сојуз изјави дека овие избори се од исклучителна важност за земјата и затоа апелира изборите да поминат во мирна, фер и демократска атмосфера што е одговорност, пред се, на сите политички партии.
Извор:
http://sitel.com.mk/?ItemID=F49C68034922FB4992A6D5E3BAB6F4DA