Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Мала Преспа ќе добие безжичен интернет
Градоначалникот на Општина Пустец, Албанија, Едмонд Темелко, со компанијата „Сан-вајарлес“ од Скопје потпиша договор за донација за покривање девет села во Мала Преспа со мрежа за безжичен интернет. На потпишувањето на договорот Цветко Китани, наставник во Гимназијата во Пустец, искажувајќи задоволство што наскоро регионот ќе биде поврзан со светот, истакна дека компјутерите што ги имаат дома без интернет им се како споменици.
Потпишувањето на договорот се совпадна со двегодишнината од победата на партијата Македонска алијанса за европска интеграција на локалните избори во Албанија во Општина Пустец. По тој повод во дворот на општинската зграда во Пустец, градоначалникот Темелко го откри споменикот на сограѓаните Трајан Ѓорѓиовски, кој животот го загуби во 1944 година во борбите против бугарскиот окупатор за ослободување на Македонија во село Положани, Валандовско, и Митре Колевски, кој загинал во непосредна близина на Ќафасан, исто така во борба за ослободување од окупаторот.