Неписменоста на форумот

Немам линк, ама цитатите треба да ги најдиш низ некоја од следните книги:

Историја на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески и
Разговори со Блаже Конески, Цане Андреески.

Знам кој е, сега ќе ти кажам на профил, оти можи да расплачам некој тука :)

Абе гарант тука ќе го најдеш тоа... :pos: А втората книга, ако се разговори со Блаже (инаку не сум ја ни фатил во раце книгава) сакаш да кажеш дека мора да пишува на официјален литературен јазик? Па и јас пишувам на форумов скопски, пошто ми е мерак, ама можам да се потрудам да делувам литературно. Е Блаже на мое место, нема да напраи ниту една грешка. Пошто он го праеше јазикот :icon_lol:
 
Абе не ми се расправа,муабетот беше дали има напраено грешка или отстапка од стандардниот говор во официјален разговор и ете има :vozbud:

А за втората книга те излажав,се вика „Разговори со Конески“, издаена 1991.
 
А то ли бешевше муабето. :pos: Како ли успевам да не ти наредам све по список стварно не знам... алал да ми е.
 
Јас навистина се извинувам ако не сум во право, и мојов пост е крајно добронамерен; можеби неписменост е претежок збор затоа што сепак постои можност да се работи за лапсус ама:

На некому му е потребна помош, откажи се од едно кафе или две кутии цигари.

е потписот на Џену Грл. Колку што јас сум запознаена со македонската граматика, на некому му е некако двојна или тројна определеност. Зарем не е “на некого му е потребна помош“ = “некому е потребна помош“?

Како што кажав, поентата не ми е да ја навредам Џену Грл, ниту пак да ја направам неписмена, туку само да укажам на можен лапсус, кој постои можност да е случаен, да биде поправен . Не дека сум јас безгрешна, ама ова ми боде очи веќе подолго време. Ако јас некому бодам очи, слободно нека ме пријави во темава.
 
Остај друго, супер поента пренесуваш, можеби и не е несакајќи. Поентата на реченицата и онака е да пренесе дека битната работа е да се разбереме за да спасиме нечиј живот. Двојната и тројната негација е... па грешка ама ептен небитна у поглед на конечната идеја. :smir:
 
Толерирам буквално се. Додека можам да разберам. Дијалекти воопшто не ми пречат, всушност, баш интересни ми се луѓево што пишуваат на некој дијалект.

Тоа што ме нервира е кога некој ќе напише нешто на латиница, заедно со лапнати и/или додадени букви, осакатена граматика и конструирање на реченица од зборови кои најчесто се без врска. И ајде после оди тумачи што сакал(а) да каже.

И јас користам латиница кога сум во интернет кафе (најчесто нема подршка на македонски), но сепак гледам да сум јасен во зборовите и што сакам да кажам/која мисла сакам да ја пренесам.

Тоа за правописни грешки, сите ги правиме, сакале или нејќеле. Колку пати ќе забележам некоја таква грешка во мој пост а изминало времето за едитирање на истиот. Која нервоза после тоа ме јаде, немате поима.

Најважно е да внимаваме колку можеме повеќе, а грешките ако ништо друго барем да ги намалиме.
 
Ne e vazno kako e napishano, tuku sto e kazano.:pos2:

PS."konciznosta e umetnost vo oratorstvoto"-Plutarh
 
Во целост се согласувам со основачот на темава и се согласувам и со неговото мислење. Навистина е жално да се нема познавање од елементарни работи во кои спаѓа и мајчиниот јазик.
Луѓето кои се слепи за писменоста се слепи и за целосно и темелно разбирање на светот кој ги опкружува.
 
Не е убаво кога се пишува неписмено ,но сепак не сме во школо,нели?:toe:
 
Најчестата грешка е неупотребување на звателниот падеж (вокатив).

Речиси никој на форумов не го употребува освен во ироничен контекст.

Обраќање или повикување со форми од типот „како си, брат?“ или „добар ден, господин“ се неправилни според нашата граматика. :nenene:
 
Добро е тоа што се трудиш да ги посочиш грешките што другите ги прават, но би те поправил: „звателен“ во македонскиот литературен јазик не постои! :nenene:
 
Ај да не почнуваме да си ги мериме... стомаците повторно. Може?
 
Не е убаво кога се пишува неписмено ,но сепак не сме во школо,нели?:toe:

Зошто ти писменоста ја сфаќаш само присилно? Зошто на пример не го сфатите форумот, како место каде што ќе можете да ја тестирате и вежбате својата писменост, на школо како сакаш зборувај, кога ќе дојде да бараш работа во некоја реномирана фирма што ќе му речеш? па ова не е школо па писмата да ги пишувам литературно, или пак ова не е школо па со моите клиенти да зборувам литературно, и форумот и училиштето сфати го како место каде што се учиш да бидеш писмен и да го користиш литературниот јазик ама не заради тоа што е со сила така наметнато туку поради тоа што ќе ти потреба некогаш во животот.
 
Добро е тоа што се трудиш да ги посочиш грешките што другите ги прават, но би те поправил: „звателен“ во македонскиот литературен јазик не постои! :nenene:

Имаш право.

Вториот мајчин јазик ми е руски, па затоа понекогаш интуитивно ќе употребам некој руски збор во текот на разговор на македонски ако тој збор ми звучи природно (т.е. кога истиот корен го има и во македонскиот; на пр. „звање“).
 
На некому му е потребна помош, откажи се од едно кафе или две кутии цигари.

е потписот на Џену Грл. Колку што јас сум запознаена со македонската граматика, на некому му е некако двојна или тројна определеност. Зарем не е “на некого му е потребна помош“ = “некому е потребна помош“?

Како што кажав, поентата не ми е да ја навредам Џену Грл, ниту пак да ја направам неписмена, туку само да укажам на можен лапсус, кој постои можност да е случаен, да биде поправен . Не дека сум јас безгрешна, ама ова ми боде очи веќе подолго време. Ако јас некому бодам очи, слободно нека ме пријави во темава.

Колку што не учеа нас, двојната определеност била главен белег на македонскиот јазик :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom