Неписменоста на форумот

Многу се нервирам кога некој ќе пише со таа фамозна 4 и 6.Е тогаш ме пизди,или кога ќе видам пост на латиница,тогаш не го ни читам.
 
Многумина од оние кој пишат латиница ....се навикнати на тоа
некој не знаат како да наместат мислат дека треба да се инсталира:vozbud:

само тоа ме нервира:toe: пост напишан на латиница.

зашто има народ кој не само што пишат на латиница, туку не стават ни запирки, точки, празно место .....
и подолгите постови им се многу напорни за читање...затоа ме нервира:helou:
 
Што се однесува за постовите на латиница мислам дека по навика пишува некој така и не му текнува во моментот да смени, инаку оние кои пишуваат без запирки и без интерпукциски знаци мислам дека не обраќаат внимание на тоа, па така речениците без запирки и сл. изгледаат смешни.
 
мислам дека некој може да напише нешто неправилно, а сепак да има поента.
Нели целта на форумот беше да се разменат мислења?

Мене ме нервира кога некој ќе одговори нешто паметно и другиот од немајкаде ќе му одговори нешто вака: Прво научи се да пишуваш после реплицирај...:vozbud::vozbud:
Посељачки и попедерски здравје...
 
Еј ај научи македонски прво па укЉучи се на темава океј?

:icon_lol:
 
Геогравија! Хехехехехеххе! Па добро бе, па самиот изговор на зборот не е таков. Алал та ти е за овој пост, навистина. Оној кој не мари за правописните правила (па и за лексичките, семантичките, граматичките) нека размисли два пати пред да го издаде постот.Мислам дека на овој форум премногу ти солат ум и ти се прават паметни, како да ја ослободиле Македонија чиниш, а го грозат нашиот прекрасен јазик.Многу тажно.
 
Мене многу ме нервира кога некој меша кој со кои и некој со некои, па така читам "Тие кој сакаат..." или "Некој луѓе...":nenene::nenene:

Баш сега читнав некаде, па ми текна.
 
Геогравија! Хехехехехеххе! Па добро бе, па самиот изговор на зборот не е таков. Алал та ти е за овој пост, навистина. Оној кој не мари за правописните правила (па и за лексичките, семантичките, граматичките) нека размисли два пати пред да го издаде постот.Мислам дека на овој форум премногу ти солат ум и ти се прават паметни, како да ја ослободиле Македонија чиниш, а го грозат нашиот прекрасен јазик.Многу тажно.

Та или да?
Мари или води грижа, се грижи?
По точката како интерпункциски знак се остава едно празно место!

Најде која да кевка, ха.
 
Toj sto nema napraveno niedna greska vo pisuvanjeto, prv neka mavne so kamenot!

Абе сите правиме грешки, нема што тука. Ама има разлика од грешка до грешка. Кај некои грешки очигледно е дека се работи за неписменост а некаде се гледа дека е несакајќи.
На пример кога ќе видам некој пет пати да напише мајками, таткоми, несакам, неможам... јасно е тука дека не знае како се пишува тоа. А ако е само еднаш направено, не е страшно, на секого му се случува:smir:
 
Се дури постот е разбирлив се толерира. Ја на пример скопски пишувам цело време, и не верувам дека на некој му смета.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom