Темава е малце тупење.
У реду дека треба да се биде писмен и да се знаат основни правописни правила, али вие сте го отерале до Австралија и назад и сте ја напраиле работата слонска.
Прво, ако јас напишам „у ред“ место „во ред“, тоа не значи дека не знам како е правилно и дека сум неписмена, туку дека сакам да пишувам како што и зборувам (сленг, разговорлив стил, семеен јазик) од причина што нејќам да глумам литературна пичла.
Форумов е социјално, а не формално место за дружба и не сум задолжена да се изразувам формално.
Второ, има разлика меѓу показателите за неписменост. Ф
лизура, с
трам, с
треда, фи
нџа
л-да, ок, до негде се показатели ако не на неписменост (не сакам да звучи навредливо), тогаш барем на неначитаност.
Ама ако некој пишал
несака наместо
не сака или
атмосвера наместо
атмосфера- побогу; дај да го обесиме ако не па. А пошто глеам дека такви грешки наведувате во темава, се добива впечаток дека не само што го тупите, туку и изигравате паметни со тоа што навредувате постови и членови со оправдување дека, као наводно, постирате у темава за да им „помогнете“ да научат.
Трето, пишувањето на латиница не го прави човекот неписмен, туку едноставно повеќе навикнат на тоа писмо. Дека е потешко да се чита латиница е точно, од причина што не ни е „мајчина“ азбука, ама кој како сака нека си пишува, не мора да го читате.
Четврто, како што јас можам
да си пишуем на скопски сленг и ич да не ми чуе, така може секој да си пишува на својот дијалект, ако го напише на разбирлив начин, пошто да не се праиме енглези со сила, кој и да е дијалект не е од Австралија туку е на парче земја од 60 и кусур илјади км2, така да секако ќе го разберете.
Патем, Мими Симоновска, ти која толку многу совети подели тука,
освој стипендија е граматички точно. :wink: