Канал 5 ќе ги пренесува натпреварите од најквалитетните европски натпреварувања!

Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
АМАТЕРИИИИИИИ - КАНАЛ 5

Абе овие се стварно смешни ...

Се надевав дека ќе ме демантираат ама напротив само ја потврдија мојата констатација ....

Филе у однос на прегледот раскажува прикаски за мали деца ...
Можда сме мтави и незналици ама барем мене добро ме служи слухот ...

Вопозадина оди тон чист мислам атмосвера од стадион цело време (барем малку се потрудиле за ме деменатираат) арно ама заботавиле дека не е можно на сите акции - шанси и голови ПУБЛИКАТА ДА РЕАГИРА ИСТО ХАХАХАХАХАХАХАХАХХА:pos2::pos2::pos2:

Не дека не ме беднисува прегледот само нејќам кога некој шо од вчера гледа ТВ посебно фудбал се обидува да ме прави глуп ...

Алооо - ова е преглед од Премиере и од ниту едно друго место ....
Само тие користт таква графика (потпис на екипи и резултат) кој патем не се чита до крај бидејки имаат стиснато копче на D-Box 16:9 па затоа гостинската екипа (името не се чита) :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:

а лево под Преглед SKY Sport (Velt) ex-Premiere....

Е сега ме изнервира и дефинитивно Филе оди во легендите на најголеми преваранти :nenene:

Па уште и пост (некаде погоре) УЕФА-рецесија-траси-монтажиии ауууу ме расплака :nesum:

како да заборави дека МТВ немаа таков капацитете за да ги измонтираат прегледите како што Филе ни објаснува КАТАСТРОФО

ПРИКАСКИ ЗА МАЛИ ДЕЦА - ЛОПОВИИИИ

ЗАТОА БЕ ДРУШТВО ЈА СИ ИМАМ D-Box години наназад и неморам да се замарам со вакви типови кои мислат дека се знаат ...:drk::pusk::pusk::pusk::drk:
Па глеј си на сателит тогаш што к*р се мешаш овде:tapp:, и што ако е краден прегледот, немаат ресурси да напраат нивни преглед, уште поубаво што крадат барем ке гледам квалитетен преглед, а не ко оној на МТВ шо беше лани:uvo:
Ме нервира кога се пробува да се напраи нешто добро конечно, и оп некој се фатил за прегледот шо бил краден, игнорирајки ја цела емисија и сите новини кое беа внесени. Знам дека ти си гледаш ко господин на Д-бокс шо сакаш и навикнат си на квалитет ама немој да плукаш одма по се добро што се праи, неможе од МТВ да преминеме дирекно на Премиере :nenene: постепено ке иде напред целиот концепт.
Браво за канал 5 и продолжете така :smir:
 
Член од
15 август 2009
Мислења
70
Поени од реакции
1

Абе и ќе се согласев со тебе ако не беше оној пост за ЕКСКЛУЗИВНИ ПРАВА или така нешто ...

Имаш ли престава шо значат Ексклузивни права и како тие сеуредуваат ....

И патем го знаеш ли примерот со КРТ ТВ кој пред 8-9 год баш за Н.Година го емитуваше филмот Ден на независност ....
Е бато боа го плативме сите ние (да ти појаснам) државата (нормално ние граѓаните) плати 120.000 тогашни Германски марки на имателот на ТВ Права

ВАКА СЕ ОДИ У ЕУ - пм:baeh:
 
К

кременко

Гостин
на канал 5+ за тоа горе десно во ќошот стојат резултати да се покрие знакот на другата тв од кај шо превземат сликата

ај белким ке ни каже некој дали е или не е крадена сликата од втората утакмица(на канал5+)
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.734
Поени од реакции
43.990
Па ок, тоа ти е типичен македонски синдром, 100 пати подобро од она во МТВ, не чини, два меча пренесуваат во живо ( бар кај мене сликата е кристално чиста и на двете телевизии, и немам никакви проблеми со звукот ), ни тоа не чини, пренос на Лига Европа ( на времето од тогашниот УЕФА куп само финалето беше пренесувано кај нас ), па и тоа не чини, емисијата пред натпреварите реков, ми смета што делува малце ко шоу на RaiUno, aли Филе објсани дека целта е да се привлечат буквално сите гледачи, и деца, и жени, и баби и дедовци, па и во тој поглед, не им замерувам, напротив .

Прегледот е одлично склопен, коментаторите бар мене ми се допаѓаат и воопшто не ми сметаат, тој со '' смирениот '' глас ( мислам дека тоа беше дечкото со Филе сега во студиото за време на прегледот ) би им бил најидеален за оние со слабо срце :), поентата ми е, го имаат '' она '' потребното за водење на фудбалски пренос за разлика од големиот број други коментатори во државава ( мој став ) .

Се на се склопено, бар моите очекувања се надминати, она главното, ЛШ е конечно презентирано како и што доликува за едно вакво натпреварување, имајте на ум дека ова е само почеток, со оглед на понуденото не се ни сомневам дека во иднина ке биде и уште подобро .
 
тој што го прави прегледот на денот е спикер во спортското радио 90.3

а тој што е со тивкиот глас е Златко(од Пробиштип) и на мене ми се свиѓа како коментира

а другиот коментатор е Зоран Цветановски(главен уредник)
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
И јас имам Drimbox па пак гледам на Канал 5. Се трудат луѓето, не е шалабајзерски, колку да се помине. Некој тоа го спрема, труд вложува... Ама кој да ти вреднува во нашава земја. Секогаш има луѓе кои плукаат, така колку да кажат нешто, да го обезвреднат трудот на другите.

ОК ми се и емисијата и студиото, може да се забележи дека Филе се подготвува однапред што и како да презентира. За пофалба е и неговата одлука да дојде на форумов и буквално директно да ни одговара на сите наши прашања. Јас колку што се сеќавам такво нешто досега никој не направил. Тоа е за почит!

Сугестија за емисијата - убаво би било да има поопширни анализи и што повеќе информации поврзнани за тимовите и претстојниот натпревар и да има повеќе публика во студио. Ако ги споредам вчерашната и денешната емисија, вчерашната визуелно изгледаше многу подобро со сите тие деца во студиото.

Некој прокоментира дека Филе читал лесно достапни информации, секој можел да седне тоа да го побара. Еве на пример мене ме мрзи да земам пред секој натпревар да читам се и сешто за тимовите кои играат (пример, тоа што беше вчера за Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао). Всушност затоа и е емисијата пред натпреварот. Оној кој мисли дека ги знае сите информации, се чувствува како врвен спортски експерт и не му е воопшто интересно нека не ја гледа.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Абе и ќе се согласев со тебе ако не беше оној пост за ЕКСКЛУЗИВНИ ПРАВА или така нешто ...

Имаш ли престава шо значат Ексклузивни права и како тие сеуредуваат ....

И патем го знаеш ли примерот со КРТ ТВ кој пред 8-9 год баш за Н.Година го емитуваше филмот Ден на независност ....
Е бато боа го плативме сите ние (да ти појаснам) државата (нормално ние граѓаните) плати 120.000 тогашни Германски марки на имателот на ТВ Права

ВАКА СЕ ОДИ У ЕУ - пм:baeh:
Не знам а и не ме интересира, затоа кажав ми е гајле дали го украле прегледот или не, важно ми е да има квалитетна, интересна, фудбалска емисија со интересен водител кој СЕ РАЗБИРА од фудбал и супер водители(особено тој на канал 5+) и нормално разни новини кои ке бидат воведени :helou:

П.С. Сакаш да кажеш дека ке се повтори случајот со крт???
Не верувам дека се толку глупави Канал 5 :toe:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Не е лошо, прва година пренесуваат ЛШ, нормално е да има киксови, затоа сме ние тука, да си кажеме што не бендисува, а што не. Мора да кажам, не сум гледал цела емисија, само делови од неа и цели натпревари, и тоа минатата недела, пошто бев прикован пред телевизор од здравствени причини, а овие два дена не. Ми се допаѓа прегледот, и ич не ми е гајле дали е краден, си гледам преглед во права смисла на зборот.
Се сеќавам на СП 1998 година во Франција, кога МТВ не беа до толку за никаде, имаше такви интересни дешавки, каде што шутираа луѓе во агол од импровизиран гол, па им даваа награди, па прогнозираа, можеби бев дете и ми е било поинтересно. Сепак, сега за сега е добро, и секако, има простор и за подобро.
Е, и сакав да прашам, што е тоа со хостесата? :)
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Овие 2 недели немам пишано ништо на темава па да дадам и јас сега мал коментар.
Како прво добро е што се земаа и квалификационите дуели за да можеме да видиме и некои од послабите екипи, бидејќи после секако нив нема многу да ги гледаме освен ако играат со некоја од посилните екипи.

Исто така Европа лигата минатите години многу ретко ја гледав освен кога ќе дојдеа во самата завршница, а и тука може да се најде некој од нашите репрезентативци да го видиме на дело.

Сликата кај мене е добра и на 5+ така да немам проблеми со тоа, коментаторите се добри, сосема пристојни, но веројатно ќе треба уште некој затоа што 5 - 6 натпревари неделно се мислам премногу за двајца, ќе им запени устата.:)

Емисијата е исто така добра, иако овие денови не ја следев целосно, но и верувам дека ќе станува се подобра и подобра. Филе отсекогаш сум го сметал за добар водител, забавен и харизматичен и сигурен сум дека ќе смисли и нови идеи во текот на сезоната.

Би сакал пред натпреварите да има мала анализа на составите, формациите, тактиките и слично како што прават на странските телевизии како Премиере.

Не ми се допаѓа на прегледот на головите што е очигледно дека нема звук, но сепак не е крај на светот и вака ако се проследат головите.

Како и да е за почеток сум задоволен и верувам дека ќе биде уште подобро.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
мал коментар

Ок е, не е лошо... изгледа симпатично (ќе оставиме голем простор за подобрување на целата екипа во спортската редакција на канал 5 и 5+... бидејќи првпат работат на ваков поголем проект). Е сега ваква преодна оценка за една македонска телевизија мислам дека е и повеќе од доволна.
Па после 2 "рунди" од по два дена фудбал, мислам дека е добро време да посочам на добрите страни и нормално да искритизирам тоа (што за мој вкус) може да се менува или треба да се отфрли:

Прво, она што најмногу ми се допаѓа:

- Два натпревари на два канала во живо е навистина прекрасно, тоа допринесува за задоволување на повеќе вкусови (бидејќи обично во еден ден има барем по два натпревари кои заслужуваат да се пренесуваат), плус ни се нуди избор по наша желба (што сакаме да гледаме), што секако е еден од основните принципи во сериозното новинарство.
- Добар графички изглед на "резултатите во живо" кои одат во десниот горен агол кои нудат информација во секој момент без потреба да користиме ништо друго (livescore, телетекс или менување на канал за проверка)
- Солидна емисија за вовед во натпреварите, но уште подобар "импровизиран" завршеток на емисијата кога Сашо Кузмановски и Филе ги коментираат прегледите на останатите натпревари, каде брилијира Сашо со многу коректни информации за секој од останатите натпревари со многу пријатен коментар. (кој верувајте е извонредно напорен за "импровизација во одење", посебно кога играат екипи кои се од помалку познатите фудбалски првенства).
- Многу квалитетни најави на натпреварите, респектабилна употреба на македонски фонт при стрелците на головите во highlight-от и воедно квалитетна техничка организација на целокупната емисија.

Второ, она што е за мала критика и кое може да се подобрува:

- Од мали нозе ги следам италијанските емисии (шоу-а) кои ја забавуваат публиката која фудбалот не го гледа затоа што "мора да го гледа" туку затоа што им е забавно да го гледа. Емисии од типот на Quelli Che Il Calcio na Rai користеа публика во студио, познати личности, аналитичари за секоја екипа и вклучувања во живо од фудбалските стадиони, со забавни водители, хумор, сарказам и "карикатура" на тимовите и фудбалерите. Но тоа е голема ТВ машинерија која можеше да си дозволи да го направи сето тоа, а емисијата да не биде кич и заморна за гледање.
Така што Канал 5 и спортската редакција мора да се одлучат во која насока ќе се движи нивната емисија за Лигата на Шампионите. Дали ќе биде наменета за оние кои сериозно го гледаат фудбалот, дали за оние кои сакаат да се забавуваат или за помлада популација. Бидејќи ако ги измешаат овие три нешта (што мислам дека беше случај) добиваат програма со низок квалитет, која не постигнува сакан ефект.
Не велам дека ова што се прави е многу лошо, но во секој случај не е со висок квалитет, на која би требало да се цели.
како за пример:
*Публика во живо е непотребна ако не учествува директно во сценариото на емисијата. (мене лично ми е непријатно кога гледам 20 момчиња и девојки кои седат 120 + минути облечени во маички со логото на ЛШ и кои немаат никаква улога освен да примат пар дресови и спортска опрема кон крајот на емисијата). Точно е дека тоа дава "мала" атмосфера во студиото, но само мала!
*Гостите во студиото мора да бидат во тек со модерниот фудбал и да бидат прави "соговорници", подобро би било Филе да повика колеги спортски новинари (кои верувам дека многу подобро би анализирале фудбалски меч) отколку поранешни фудбалери, тренери или селектори кои користат едни-те-исти фрази, површни анализи, слабо се информирани и лошо звучат пред камера. Нема да полемизирам со нивната стручност, но по неброено многу нивни појавувања на слични емисии можам слободно да кажам дека премногу лошо анализираат странски фудбалски екипи кои впрочем ќе бидат главни протагонисти на натпреварите од ЛШ.
*Многу повеќе релевантни и стручни анализи од еминентни странски новинари/весници/магазини кои се наоѓаат на интернет како увод во натпреварите и како можна (многу подобра) замена за "соговорници" во студио (кои сваќам дека се тешки за пронаоѓање).

-Коментаторите се ок, емотивно се привржуваат за натпреварот, имаат солидна дикција и не ги "параат" ушите на слушателите, иако мора да се споменат серија забелешки:
*Бидејќи коментираат само двајца, мора да се обидат да ангажираат удвојување. Приметив дека паѓа квалитетот и на коментарот за тенисот и на коментарот на фудбалот поради секојдневна зафатеност на спортските новинари/коментатори. Така што во овие квалификации за ЛШ приметив лошо коментирање за екипите кои се помалку познати (Андерлехт, Селтик, Панатинаикос, Спортинг) поради тоа што коментаторите немаат време сериозно и професионално да ги истражат/анализираат/проучат тимовите, односно квалитетно да се подготват и да извршат коректен пренос кој ќе биде пријатен, забавен но пред се информативен за нас! (За квалитетно покривање на двете екипи со издржан коментар потребни се најмалку 2 дена макотрпна подготовка- не е доволно само начелно да ги познаваат играчите или екипите)
* Можеби ова барање е премногу (со оглед на кадровската политика)- но сведоци сме на многу поквалитетни коментари кога коментираат двајца коментатори, зошто канал 5 да не биде пионер во оваа област во Македонија (и овде не ги вклучувам повремените излети на А1 и МТВ со селектори или играчи ко-коментатори кои изгледаа бедно, во најмала рака вулгарно спрема публиката со својата не-воиграност и непрофесионалност со нискиот стандард). Како ко-коментатори можат да се појават коментатори гости, познавачи на тимска статистика, елоквентни фудбалски професори, судии или спортски работници (и да си ја коментираат својата област со синхронизираност помеѓу нив и коментаторот).
*Бегање од шаблонското коментирање само на "она што се случува на теренот", и повеќе позадински информации, факти, занимливости, прогнози...

Предлози:

-за да не биде дека само критикувам, еве неколку идеи за подобрување на емисијата која ја покрива ЛШ и Еуро лигата на Канал 5 и 5+

*
Прилози, кратки ТВ есеи и репортажи за градовите или за стадионите или за историјата на тимовите кои играат може да биде многу интересно.
*Едукативно презентирање на клубовите кое може да изгледа забавно. Историјата на клубот, нивни најдобри играчи, успеси, посебности, историјата на градот, стадионот, навивачките групи, маскоти, потекло на нивните амблеми... и.т.н.
*Познати личности (па и "помалку" познати) кои биле во градот од каде што доаѓа тимот (пример играат Јувентус-Рубин гостин во студио кој бил во Торино или Казан) кои ќе можат да доловат атмосфера од градовите на екипите, нивни обичаи, специфичности...
*Столното фудбалче може да се замени со Фудбалска видео игра каде двајца добри играчи на Плејстејшн (или било што) би играле со екипите кои подоцна би ги пренесувале. (како една забавна прогноза за тоа како би се одвивал натпреварот)
*Спортски квиз во студиото (од типот Милионер) со прашања поврзани за ЛШ може да биде предлог за забавна содржина.

Сево ова се само предлози кои според мене би го подобриле преносот на натпреварите, а би биле оргинални и занимливи за пошироката публика... Има многу што би можело да се направи, но како што велат треба воља и треба "да ти текне".
Би сакал да се направи нешто квалитетно и уникатно, гледам дека се вложува напор па го поздравувам тоа.

На крајот се тоа може да им донесе профит на телевизиите и задоволство на нас- гледачите... а нели тоа е она за кое обете страни се интересираат.

Како и да е, им посакувам на спортската редакција на Канал 5 и 5+ да успеат во се што ќе замислат, и им посакувам успешна реализација на најважната "споредна" работа на светот.
 
File X File

X Ego-trip Killer :-)
Член од
21 август 2009
Мислења
100
Поени од реакции
38
...јас тукусто доаѓам од емисија и имам време колку само за еден пост, а верувам дека утре повеќе, зашто ептен сум капнат, ама не можам а да не дообјаснам само едно... и тоа за последен пат!... а такви како некои што овде „се серат на се што ќе се направи позитивно„ стварно не мислам веќе ни да им објаснувам... иоанака си имаат дримбокс па ондфа, стварно нека не ја гледаат програмата кај нас... а не да гледаат, па да мастурбираат овбде, и на крај пак да зборат „си глеам јас дримбокс„... но за сите овде кои искрено и опд срце ЌфалаЌ бидејќи ставрно добиваме добри предлози кои 100% ќе ги реализираме од 15-ти, уште еднаш....
Не се замарајте веќе, дали се правата купени или не... Тоа може само уште во националните првенства, акде може да се симнува од траса... а овде НЕМА ШАНСИ! Прво, за секој натпревар се добива посебен рисивер, на кој може да се укуца само еден единствен код и тој код се плаќа. Значи два натпревари - два кода со два одвоени рисивера. Второ, секој натпревар телевизијата ИМА ОБВРСКА (зедно со емисијата, хајлајтите и магазинот) во рок од 48 часа да ги испрати во седиштето на УЕФА на контрола. Терето, бидејќи оваа сезона хајлајтите за цела Европа, веќе не ги прави УЕФА, туку пушта само сигнал , немонтиран, ствар е на договор кој со кого ќе си помага (меѓу оние што потпишале договор, и за тоа УЕФА воопшто не се меша, тоа е интерно, битно е дека, без оглед кој со кој ќе соработува, хајлајтот мора да се плати на УЕФА, и МОРА ДА СЕ ЕМИТУВА не пократко од 20 минути) .. ако не се исполни ова се плаќаат пенали... и нормално се раскинува договорот... Доказ за ова е и писмото што вчера и официјално го објавивме во етер, дека УЕФА е „задоволна од соработката, посебно во делот на исполнување на обврските и следењето на инструкциите за реализација на емисијата пред и по натпреварите... А како поткрепа кон ова е најавено и гостување на Првиот човек во УЕФА за ТВ права, во Македонија (една од малкуте земји во Европа која плати за комплетните права на се што е под нивниот проект за ТРИ ГОДИНИ) ... оваа година најголем дел од куќите во земјите ги поделија правата, некој вторник, некој среда...
Што значи, овде не само што не смее да има крадење, туку е оневможено и поради сигналот и поради техничките спецификации и поради конторлата на секои 48 часа по завршувањето на истите... Не знам што толку желба само да се докажува дали е платено или не, дали се краде или не!!!!... да, старите навики во Македонија се одамна напуштени... а , иако не ми е тема,ама само ќе нафрлам дека дури и за националните првенства не смее веќе да се краде, се се плаќа, а од каде ќе се зема сигналот и тоа стои во договорот, се е по избор!!!!... но за разлика од нив кај УЕФА е малку пософистицирано па се оди и на тоа дури и тој избор да биде под нивна контрола!

... и стварно ова е веќе претерано и депласирано за муабет... или дај отворете некој друг форум, еве нека се вика „дали се краде...„ па таму, кој нсака нека иде и пишува, а овде и онака има луже кои активно веќе учествуваат во разработувањето на нешто што за првапта сакаме да го омасовиме и да биде заедничка љубов - ФУДБАЛОТ!... (не за друго, туку таму разговарајте си меѓу себе, тие што тоа ви е единствениот „позитивен„ муабет, ние другите барем нема да имаме потреба да ја отвараме таа страна и да се замараме)...

...и уште еднаш Фалааааана сите што учествувавте и во денешната емисија.. а од 15-ти мислам дека ќе бидеме и поактивни... исто и како сите позитивни овде!!! :))))))) ... а сега стварно ќе легнам да одморам.... :)))))) пооооооз.... :)))

Ок е, не е лошо... изгледа симпатично (ќе оставиме голем простор за подобрување на целата екипа во спортската редакција на канал 5 и 5+... бидејќи првпат работат на ваков поголем проект). Е сега ваква преодна оценка за една македонска телевизија мислам дека е и повеќе од доволна.
Па после 2 "рунди" од по два дена фудбал, мислам дека е добро време да посочам на добрите страни и нормално да искритизирам тоа (што за мој вкус) може да се менува или треба да се отфрли:

Прво, она што најмногу ми се допаѓа:

- Два натпревари на два канала во живо е навистина прекрасно, тоа допринесува за задоволување на повеќе вкусови (бидејќи обично во еден ден има барем по два натпревари кои заслужуваат да се пренесуваат), плус ни се нуди избор по наша желба (што сакаме да гледаме), што секако е еден од основните принципи во сериозното новинарство.
- Добар графички изглед на "резултатите во живо" кои одат во десниот горен агол кои нудат информација во секој момент без потреба да користиме ништо друго (livescore, телетекс или менување на канал за проверка)
- Солидна емисија за вовед во натпреварите, но уште подобар "импровизиран" завршеток на емисијата кога Сашо Кузмановски и Филе ги коментираат прегледите на останатите натпревари, каде брилијира Сашо со многу коректни информации за секој од останатите натпревари со многу пријатен коментар. (кој верувајте е извонредно напорен за "импровизација во одење", посебно кога играат екипи кои се од помалку познатите фудбалски првенства).
- Многу квалитетни најави на натпреварите, респектабилна употреба на македонски фонт при стрелците на головите во highlight-от и воедно квалитетна техничка организација на целокупната емисија.

Второ, она што е за мала критика и кое може да се подобрува:

- Од мали нозе ги следам италијанските емисии (шоу-а) кои ја забавуваат публиката која фудбалот не го гледа затоа што "мора да го гледа" туку затоа што им е забавно да го гледа. Емисии од типот на Quelli Che Il Calcio na Rai користеа публика во студио, познати личности, аналитичари за секоја екипа и вклучувања во живо од фудбалските стадиони, со забавни водители, хумор, сарказам и "карикатура" на тимовите и фудбалерите. Но тоа е голема ТВ машинерија која можеше да си дозволи да го направи сето тоа, а емисијата да не биде кич и заморна за гледање.
Така што Канал 5 и спортската редакција мора да се одлучат во која насока ќе се движи нивната емисија за Лигата на Шампионите. Дали ќе биде наменета за оние кои сериозно го гледаат фудбалот, дали за оние кои сакаат да се забавуваат или за помлада популација. Бидејќи ако ги измешаат овие три нешта (што мислам дека беше случај) добиваат програма со низок квалитет, која не постигнува сакан ефект.
Не велам дека ова што се прави е многу лошо, но во секој случај не е со висок квалитет, на која би требало да се цели.
како за пример:
*Публика во живо е непотребна ако не учествува директно во сценариото на емисијата. (мене лично ми е непријатно кога гледам 20 момчиња и девојки кои седат 120 + минути облечени во маички со логото на ЛШ и кои немаат никаква улога освен да примат пар дресови и спортска опрема кон крајот на емисијата). Точно е дека тоа дава "мала" атмосфера во студиото, но само мала!
*Гостите во студиото мора да бидат во тек со модерниот фудбал и да бидат прави "соговорници", подобро би било Филе да повика колеги спортски новинари (кои верувам дека многу подобро би анализирале фудбалски меч) отколку поранешни фудбалери, тренери или селектори кои користат едни-те-исти фрази, површни анализи, слабо се информирани и лошо звучат пред камера. Нема да полемизирам со нивната стручност, но по неброено многу нивни појавувања на слични емисии можам слободно да кажам дека премногу лошо анализираат странски фудбалски екипи кои впрочем ќе бидат главни протагонисти на натпреварите од ЛШ.
*Многу повеќе релевантни и стручни анализи од еминентни странски новинари/весници/магазини кои се наоѓаат на интернет како увод во натпреварите и како можна (многу подобра) замена за "соговорници" во студио (кои сваќам дека се тешки за пронаоѓање).

-Коментаторите се ок, емотивно се привржуваат за натпреварот, имаат солидна дикција и не ги "параат" ушите на слушателите, иако мора да се споменат серија забелешки:
*Бидејќи коментираат само двајца, мора да се обидат да ангажираат удвојување. Приметив дека паѓа квалитетот и на коментарот за тенисот и на коментарот на фудбалот поради секојдневна зафатеност на спортските новинари/коментатори. Така што во овие квалификации за ЛШ приметив лошо коментирање за екипите кои се помалку познати (Андерлехт, Селтик, Панатинаикос, Спортинг) поради тоа што коментаторите немаат време сериозно и професионално да ги истражат/анализираат/проучат тимовите, односно квалитетно да се подготват и да извршат коректен пренос кој ќе биде пријатен, забавен но пред се информативен за нас! (За квалитетно покривање на двете екипи со издржан коментар потребни се најмалку 2 дена макотрпна подготовка- не е доволно само начелно да ги познаваат играчите или екипите)
* Можеби ова барање е премногу (со оглед на кадровската политика)- но сведоци сме на многу поквалитетни коментари кога коментираат двајца коментатори, зошто канал 5 да не биде пионер во оваа област во Македонија (и овде не ги вклучувам повремените излети на А1 и МТВ со селектори или играчи ко-коментатори кои изгледаа бедно, во најмала рака вулгарно спрема публиката со својата не-воиграност и непрофесионалност со нискиот стандард). Како ко-коментатори можат да се појават коментатори гости, познавачи на тимска статистика, елоквентни фудбалски професори, судии или спортски работници (и да си ја коментираат својата област со синхронизираност помеѓу нив и коментаторот).
*Бегање од шаблонското коментирање само на "она што се случува на теренот", и повеќе позадински информации, факти, занимливости, прогнози...

Предлози:

-за да не биде дека само критикувам, еве неколку идеи за подобрување на емисијата која ја покрива ЛШ и Еуро лигата на Канал 5 и 5+

*
Прилози, кратки ТВ есеи и репортажи за градовите или за стадионите или за историјата на тимовите кои играат може да биде многу интересно.
*Едукативно презентирање на клубовите кое може да изгледа забавно. Историјата на клубот, нивни најдобри играчи, успеси, посебности, историјата на градот, стадионот, навивачките групи, маскоти, потекло на нивните амблеми... и.т.н.
*Познати личности (па и "помалку" познати) кои биле во градот од каде што доаѓа тимот (пример играат Јувентус-Рубин гостин во студио кој бил во Торино или Казан) кои ќе можат да доловат атмосфера од градовите на екипите, нивни обичаи, специфичности...
*Столното фудбалче може да се замени со Фудбалска видео игра каде двајца добри играчи на Плејстејшн (или било што) би играле со екипите кои подоцна би ги пренесувале. (како една забавна прогноза за тоа како би се одвивал натпреварот)
*Спортски квиз во студиото (од типот Милионер) со прашања поврзани за ЛШ може да биде предлог за забавна содржина.

Сево ова се само предлози кои според мене би го подобриле преносот на натпреварите, а би биле оргинални и занимливи за пошироката публика... Има многу што би можело да се направи, но како што велат треба воља и треба "да ти текне".
Би сакал да се направи нешто квалитетно и уникатно, гледам дека се вложува напор па го поздравувам тоа.

На крајот се тоа може да им донесе профит на телевизиите и задоволство на нас- гледачите... а нели тоа е она за кое обете страни се интересираат.

Како и да е, им посакувам на спортската редакција на Канал 5 и 5+ да успеат во се што ќе замислат, и им посакувам успешна реализација на најважната "споредна" работа на светот.

ааааааааа... :)))))))))))))))) ...само што кликнав ентере се појави овој текст... летечки го прелистав, али утре ќе се концентрирам и детално ќе си напраиме муабет... многу работи (вака набрзинка) се така... и во право си, но има и нешто кое е невозможно кај нас да го средиме, иако би се потрудиле.... али ај утре :)))) едвај отварам очи, а не сакам да излезе дека не го рецкам текстов... почнувам да спијам... :-((( ...утре продолжувам одо овде... поз до сите и добра ноќ... :)
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Абе и ќе се согласев со тебе ако не беше оној пост за ЕКСКЛУЗИВНИ ПРАВА или така нешто ...

Имаш ли престава шо значат Ексклузивни права и како тие сеуредуваат ....

И патем го знаеш ли примерот со КРТ ТВ кој пред 8-9 год баш за Н.Година го емитуваше филмот Ден на независност ....
Е бато боа го плативме сите ние (да ти појаснам) државата (нормално ние граѓаните) плати 120.000 тогашни Германски марки на имателот на ТВ Права

ВАКА СЕ ОДИ У ЕУ - пм:baeh:
Ејјјјј вака ли ке одеме у ЕУ, ееееејјј абе свестите се бе ееејјј!:kesa:

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Абе не ми е јасно, мора да има некој дежурен посератор на темите!
Ебате Македонскиот Синдром ебате!:toe:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Мислам дека не вреди да се дискутира за ексклузивните права за пренос. Крадењето преноси одамна е надминато кај нас. Особено за атрактивни преноси како ЛШ, ЕП, СП, Ф1 ... нема толкав лудак што ќе се обиде да реемитува натпревар без платени права. Особено тоа нема да се случи на национална ТВ како Канал 5.
Во право е superstarpizza, дека стално има некој што ќе ја посере темата.
Дајте пофалби, критики или предлози за емисијата, гостите или општо за проектот ЛШ на Канал 5.
Во идните емисии, се надевам дека со гостите ќе се води малку подлабок разговор околу фудбалската игра, некоја подетална стручна анализа особено со тренерите - гости.
Друго што би било интересно се двајца коментатори на натпреварот, од кои еден би бил стручен од фудбалски аспект и тоа некој стварно што ќе има што да каже, а не само да повторува колку Кака или Дрогба или Ибра биле опасни и бла бла ...

Се радувам на тоа што некој вложил пари во проектот и обезбедил екипа што го работи со ентузијазам. Без разлика дали ми се допаѓа емисијата или не, ова е позитивна промена.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.973
Поени од реакции
1.245
Да продолжиме понатаму. Кога веќе се откупени правата не ми е јасно зошто се емитуваат хајлајтсите од Sky (ex -Premier), де Филе молим те одговори. Не сумњам во тоа дека не се откупени но што е проблемот, сигурно има некое објаснување.
Направив споредба со ХТВ и 5+. Кога гледав ХТВ имав чувство дека се наоѓам на стадион (чист, јасен тон дури можев да ги слушнам и навивачите што пеат). Аудиото на 5+ беше некако задушено во однос на коменаторот, треба малце да се искоординира тој однос тон на коменатор во однос на аудио (да се појачи) од натпреварот.
За коментаторите: Зоран Цветковски е одличен, другиот не го коментирам има доста кажано за него, коментаторот од Спортско радио исто така професионалец само пофални зборови за него, би сакал да го слушнам како кометира во живо.
П.С. немојте случајно Крсто да го убаците да коментира. Позз.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19

Читај погоре, во тој големиот пост имаш одговор за хајлајтсите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom