Скопје и скопјани наспроти останатиот дел од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
објасни де кој тренд
сите од "провинција" исти се???
си имал контакт со повеќе и различни луѓе од провинција???

ја се дружам само од моја провинција , слушам другите биле заразни и смрдливи ..
 
ја се дружам само од моја провинција , слушам другите биле заразни и смрдливи ..


многу слушаш многу се мислиш паметен
абе дечки пораснете па тропајте зелени на форум
ако сте неизживеани немора тоа насекаде да го демонстрирате
 
Јас сум од провинцијалците, т.е. струмичанец со тапија :) од стара градска фамилија, башка и локал патриот, хехе...туку ај да не забегувам премногу...
На времето студирав по Скопјето, бидејќи таму имаше Правен факултет, а поблиску немаше, и Скопје ми е останато во многу убави спомени, вакво или онакво, не е ни битно...
Имам многу пријатели од тој период со кои имам прекрасен однос, било професионално, било приватно, секако...се разбира и скопјани :)
Ич не сакав да останам во Скопје, да бидам искрен, не го поднесувам, си завршив работа, си се вратив дома...не ми одговара градот, едноставно, а, башка, сакав да си успеам дома.
Стока народ имаше од секаде...сељак ти е state of mind, и такви личности се наоѓаат насекаде на Земјата, без исклучок.
А на темава има премногу лечење комплекси...премногу...
Некој спомнува плати...
Ај дојдете во Струмица, не плаќате стан на пр., па живејте со 10000 ден. да ве видам?
Неможете ни да преживеете, а камоли да живеете...
Ќе заштедите на превоз, тоа сигурно :)
Исто, немате ни кредит за отплаќање...па бујрум, да ве видам.
П.С. Немате ни нивичка, бидејќи сте оригинал градски деца, кои летото не го минувале на село кај баби и дедовци, бидејќи и тие живеат во градот.
Некој спомна мажачка/женачка...
Не дека нема и такви...ама малку се....занемарлива бројка...
Затоа, не правете стереотипи, та провинцијалци, та скопјани, и не лечете такви комплекси.
Многу глупо изгледа...многу!
 
60 добри % од овие тука "Скопјаните" имаат селско потекло, а некои и се преселени на мала возраст...:toe:
Шо ќе му праиш, таа е...
 
ti si PROVINCIJALKAAA leeeeleeeeeeeeeeeeeee.
Па, ако си попаметен (дека си од Скопје нали) што не ме провали бе? Ми пишува на профил, лесно е. Не ми се верува дека не го сфати цел сеир на темата. Не ми се верува!!! И ти ќе се прчиш тука и ќе вреѓаш провинцијалци. Тешко мене!!!
Иначе не беше проблем и вака да се повозиме, ама мало си за мене, не си мој тип и ич нејќам Алфа. Цвикерите ти се лоши, згора на се.

Туку назад на тема ... озбилни муабети правите и пак ми изгледа како сеир. Не можам да си се изначудам кога читам понижувачки постови од Скопјани, а повеќето од нив се на недораснати деца. Ах на кого останува државава, ах ...
Иначе, срамота е ова. Па цела Македонија има помалку граѓани од многу големи светски градови, а вие си дозволувате да ја делите на еден куп села и еден град. Ам смешно е, не за друго ...:pos2:
Што да кажам повеќе ... доволно глупаво се осеќам и што оставам пост во овој хаос од тема.
 
60 добри % од овие тука "Скопјаните" имаат селско потекло, а некои и се преселени на мала возраст...:toe:
Шо ќе му праиш, таа е...

Да тука си во право.Прави Скопјани се многу малце.Карпош,Аеродром тоа не се прави Скопјани.Стари скопјани има во старите скопски маала.Пример јас сум онака чист скопјанец со корени од дамнешно време кои живееле во Скопје.
 
ах мислев ке начекам тема како вчера, опшо утре не сум на работа..месецов извадив и троа повеке..пошо скопјанецот ми ја дигна киријата :D
Интересна тема морам да признаам..и како што пиша гарфилд исто така безполезна.
Прво и основно, кога станува збор за провинцијалци..треба да ја разграничиме дефиницијата за провинцијалец..
Моја стандардна процедура на форумот е.. клик на нови мислења...морам да признам . ако не сум активен во пишување..читам доста..се обидувам преку вашите субјективни мислењада добијам претстава за објективноста на слулчувањата поврзани со одредена тема ( значи ги согледувам сите мислења...од сите членови,)
Во таа насако сакам да предочам дека дооооооолго време не сум ве начекал на темаЧ Бев во театар, бев балет и опера, посетив изложба, скопје сарај матка и обратно, се ве начекувам на тема од калибарот Ч каде бевте вчера и дали се НАФУРАВТЕ :D
Драги мои, скопјани.. ве молам покажете како се живее во големиот град?како треба да се оди на филхармонија,како се развива духот на еден град?
Па после ке правиме муабет, како се однесуваат провинцијалците во него. Мислам дека доволно кажзав за да се свати, разликата,.ОПо што се разликувате од провинцијалците ако не ги користите благодетите кои ги нуди Скопје?????
И пиењето на кафе на кеј, е дел од културата , ке рече некој.Во право е..ама до некаде и не.. тоа е трговија.Моментално сум киријаш во центар и почнав да се осекам како домакин право да речам....И смешен ми е муабетот скопјанец...Кога ме срекаваат на рекорд, по шорцеви, и влечки.. а ти е се дотерале се пицнале (муабетов е ..искочивме во град, во центар)..а јас се чувствувам во мое мало па ке шетам по шорцеви?грешка..(Вака размислуиваат скопјани(ова не е паралаела кој некој претходно ја спомна скопје лондон, туку аналогија провинција скопје,/ бутел, карпош, -Центар )
упте една поента Знали не е важно како си облечен важно е како го восприемаш градот.
ај сеа со неколку мои лични согледувања и факти во врска со темата
1.На темата неможе да се дикутира на форумов, бидејки, лугето тука што се..развиваат еден вид на култура и се спремни да ги прифатат разликите мегу лугето..така да на одој форум неможеш да најдеш..луге кои се однесуваат како неиживеани-читај: провинцијалци
1.Плакам кирија-на скопјани, за да пијат кафе на кеј, наместо да ги дадат на опера
Пола скопје живее од рента, која во основа, е скоро една просечна плата, на ниво на РМ, значи тоа некој со платите што го кажа отпага, дека ја намалувале цената на работниот труд.
3.Скопји нуди повеке мочности, Факт..значи во тоа легува и поголем избор на мушки и женски...повеке прилика за мажење..Тука се срекаваат и се рагаат бракови помегу скопјани и провинцијалци , но и помегу провинцијалци и скопјанки, мегу битола и Гевгелија, мегу Демир хисар и Велес..Знали нема дисбаланс..нон сенс ми е да се зборува за ваква работа..Што би ви сметала провинцијалка која дошла во скопје да се омажи додека го живее скопскиот начин на живот? по что би се разликувала од останатите? па на сите горе доел тоа ни е животна определба.
4.Фејкери има секаде.
5.Провинцијалците им ја земале пред нос работата на скопјаните..хух..шо да речам..животот е суров :)па ако нема врски, се работи на природен начин на селекција, само ..најдобрите успеваат..(BTW работата во администрација:vlada,владини иснтитуции..;чии се? скопски?македонски?државни?огромен дел од лугето од провинција рботата ми се чини во такви институции..дали скопјани во таа област треба дас е гледаат загрозени?)
и огромно прашање..зошто ме сметаш за тугинец? кога ги трошиш моите пари?Не се чувствуваш дека и тоа е исто како да си ми ја зел мене работата во мојот град.(киријата ме чини близу 200 еур)..значи бујрум..гледај ме како ресурс,
6.Никој од нас не е крив, што организјацијата на државата испаднала такава како што е..па се концетрира во ск..ама нејсе..
Планирам уште некоја година да се докачувам по скопје, да абсорбирам од културата и убавините на животот кои го нуди овој град..Планот ми е ..потоа да се вратам од таму не од каде што сум дошол, туку од каде ми се корените...да ги заорам повторно нивите од татка си..но прво сакам да си го најдам местото на скалата на дсотигнување, да го спознаам светот (Се трудам преку скопје)
сигурно има уште работи да се кажат..оставам да се продискутираат во себе
Мислам дека со овој пост ке се согласат и скопјаните и провинцијалците.Се трудев што пообјективно да ги доловам работите.
ах и ке заборавев.. делот на кој што најмногу за кој намногу би го искористиле како аргумент оние кои мислат поинаку од мене:
Музиката во 3 часот, на секој смета, не е дека на провинцијалците не им смета..дури и во самиот студенски дом, секаде има исклучоци..хмм.. и скопјани се пијанчат по охрид струга пример..ама исклучоци има . Активна е ,не една туку две , теми за промискуитет: Што мислите...провинцијалците ли го измислија промискуитетот?..поентата ми е.. И скопјаните и провинцијалците си влијаат заеднички во овој град и создаваат нови вредности кои понатака ке се одлика на овој град...дај да се обидеме да го извлечеме надјоброто и од едната и од другата страна,
Да се обидеме да ги интегрираме Динамиката на скопје со Идилата во провинција.и да изградиме вредности кои ке се пример за идните генерации и со кои ке може да се прикажеме кон светот.
POZZ :D
 
Имав една професорка на факултет, и викаше вака, пример за ненамерна штета ти кога провинцијалец ќе дојде во Скопје, и не видел никогаш големи излози со толкави стакла, и не знае, па ке се удри во нив, и се ке искрши...Немате поима колку бевме сите наврдени, бидејќи со еден пример не срамни со земја.Иако и надвор од Скопје ги има истите излози, може и подобри, но тоа беше првиот пат кога се почувствував непријатно бидејќи сум провинцијалка.Претходно наивно верував дека луѓето не се разликуваат по местото на живеење, туку по карактерот. После толку години, знам дека луѓето единствено по карактерот се разликуваат, запознав луѓе од Скопје кои вредат да ги познаваш, и на кои не им е битно од каде си, и дека постојат луѓе, кои само поради фактот што иако нивните дошле од струмичко село и ресенска населба па се запознале у Скопје и детето го родиле таму, се сметаат за Скопјани, па дури и начинот на зборување го менуваат, за да се покажат скопјани, па имаат и смелост да навредат некој- ти си од провинција....Тие се од најлош вид.А старите скопјани се далеку почовечни од овие, многу погостопримливи и поприемчиви. Си држат некоја гордост, ама не се вака недоделкани.Мене ќе ми биде гордост, ако некогаш живеам во Скопје, да кажам дека сум велешанка, која се доселилва овде, не ,,скупјанка,,.Оти сите се луѓе, no matter каде живеат.
 
Kaко прво 90% од жителите на Скопје се доселени од други градови.

Како второ шо кур можат да зборат „скопјаните„ дали некој ќе дојдел во градот или не коа не е нивна сопственост градот, можат да си зборат само за своите мизерни 30 м2 станче во кој живеат.

Како трето веќе пет години живеам во Скопје не сум осетил таква настроеност од никого, сите ме прифатиле најдобро, си се дружиме, сакаме :0 и ондак то :)
 
А старите скопјани се далеку почовечни од овие, многу погостопримливи и поприемчиви. Си држат некоја гордост, ама не се вака недоделкани.

тука си дефинитивно во право. Дедо ми и татко ми го знаат скопје уште кога се протегало до судска палата (инаку во чаир живееле, сега се преселија) и никогаш не ми свртеле ваков сељачки муабет.

жива срамота се воа скопјаниве.... нормално новокомпонованите....

хммм а само ме интересује.. таа професорката... од кое село е дојдена.. и кои комплекси си ги донела тука....
 
Јас сум од провинцијалците, т.е. струмичанец со тапија :) од стара градска фамилија, башка и локал патриот, хехе...туку ај да не забегувам премногу...
На времето студирав по Скопјето, бидејќи таму имаше Правен факултет, а поблиску немаше, и Скопје ми е останато во многу убави спомени, вакво или онакво, не е ни битно...
Имам многу пријатели од тој период со кои имам прекрасен однос, било професионално, било приватно, секако...се разбира и скопјани :)
Ич не сакав да останам во Скопје, да бидам искрен, не го поднесувам, си завршив работа, си се вратив дома...не ми одговара градот, едноставно, а, башка, сакав да си успеам дома.
Стока народ имаше од секаде...сељак ти е state of mind, и такви личности се наоѓаат насекаде на Земјата, без исклучок.
А на темава има премногу лечење комплекси...премногу...
Некој спомнува плати...
Ај дојдете во Струмица, не плаќате стан на пр., па живејте со 10000 ден. да ве видам?
Неможете ни да преживеете, а камоли да живеете...
Ќе заштедите на превоз, тоа сигурно :)
Исто, немате ни кредит за отплаќање...па бујрум, да ве видам.
П.С. Немате ни нивичка, бидејќи сте оригинал градски деца, кои летото не го минувале на село кај баби и дедовци, бидејќи и тие живеат во градот.
Некој спомна мажачка/женачка...
Не дека нема и такви...ама малку се....занемарлива бројка...
Затоа, не правете стереотипи, та провинцијалци, та скопјани, и не лечете такви комплекси.
Многу глупо изгледа...многу!


Јас до 2ра средно секоја година по цело лето идев у струмица кај баба. Втора дома ми е. Го знаев пола град. Корзото едноставно го обожавам. ПОентата е.....имаше луѓе кои си ги сакав како браќа сеуште иам другари со кои си одржувам контакти, меѓутоа имаше и луѓе кои по дифолт не ме сакаа само зашто сум скопјанец.
Така да такви локални сељачиша не се карактеристични за Скопје само. А за оној збор ПРОВИНЦИЈАЛЦИ.....толку ми е простачки ....
а изашто би ги гледал како закана, глобализација е, се е динамично , конкуренцијата е секогаш добредојдена.ако те бива, ќе си успееш.
највеќе од се ме загрижува фактот што Скопје се наполни со курвештии и сељачишта. Човек а нејќе у град да искочи од што сите се уфурани у некој филм.
 
Jas iskreno neam niso protiv lugevo od provincija...Normalno Skopje kako glaven grad nudi najgolemi moznosti i zatoa doagaat tuka.A za toa so citav neso deka zesnkite od provincija doagale samo za da fatat decko od Sk i da se omazat za nego e toa neznam.Postojat sekakvi slucaevi...
Nego mene me nervira toa so mnogu luge od provincija mnogu skokaat ako im plesnes neso u lice pa posle skopjanite se krivi...Aj zivejte si site i uzivkajte si-nikoj ne ve brka i nikoj nema nisto protiv vas...Jas site gi gleam isto, se druzam duri i poise so luge od provincija otkolku od tuka-mene mi e biten kakov e coekot a ne od kade e...Ako nekoj uspee da najde rabota ovde, da uci i da ide so skopjanec bravo za nego-dr nemozam da kazam...
Samo nemojte ako neso loso vi se desi za se da krivite skopjani-treba malce i vie da pazite so zborite i pravite zaso stajte se malce na nase mesto ako nekoj vi dojde u vas grad i vi se prai neso tamu kako vas ke vi bide i dali ke go dozvolite toa...Ne e nikoj protiv vas, toa da go svatite...site se razlicni.....
 
Сите имаме право да одиме каде сакаме, а и башка во Скопје е укинат визниот режим.Дефинитивно постои разлика меѓу Скопје и останатите градови, во однос на менталитетите на луѓето. Но, тоа е културолошка разлика која настанала под влијание на географски одлики и влијанија. Мислам дека никој не е толку ,,култен" и ,,преценет", за да се поставува газда над останатите живи суштества кои се осмелиле дури и да стапнат на територијата на неговиот град и да побараат подобар живот во него. Има место за сите. Конкретно не се плашам од конкуренцијата кога се работи за факултет. Сега истата ќе се намали со постоењето на факултети во секој град. А тоа со мажењето, можно е да е вистина, бидејќи се зголемува бројот на девојки кои не се од Скопје кои имаат оформено овде семејства,во зградава имам минимум 7...
 
Да тука си во право.Прави Скопјани се многу малце.Карпош,Аеродром тоа не се прави Скопјани.Стари скопјани има во старите скопски маала.Пример јас сум онака чист скопјанец со корени од дамнешно време кои живееле во Скопје.
што тоа ти тресеш бе море дали си се читаш после пишување на постовите а, или јок битно да напишеш,али нема врска во карпош во аеродром во ваму во таму немало скопјани, само во стари скопски населби а,е па кога си толку паметен и стар скопјанец што не ги пиша кои се тие населби бе ,или сеа тие населби како на пр.чаир е 90% немакедонска без навреда или маџир маало сеа се губи поред аеродром а,цццццццццц ти си брате ???????? али нема везе.
сега да си пишам што ја мислам за оваа работа.Значи факт е дека има многу од страна ,или провинцијалци што се дојдени во скопје да останат да работат, да се омажат оженат,но ајде да се разбереме една работа пошто и ја сум стар скопјанец па некои работи оддамна ги гледам.Дали бе скопски фраерчиња додека овие провинцијалциве учат и ги боли глава, вие се праите факмени и идете да се пијанчите да ги заебавате професорите да фаќате врски, и ред други девијантни појави и кога на крајот нели доаѓа времето да си бараат компаниите просеци да си бараат знаења и сл.вие им се лутите на тие што ги болело глава со години па испаѓа дека они ја продале нивата се ебеле со одредени луѓе и сл. а за целата оваа појава сме си криви само ние скопјаните, да доаѓаат да се омажат во скопје, па ќе дојдат кога само скопје им е останат како можност на сите оние кои не можат да отидат на страна да живеат и да заработуваат , да ќе се омажат пошто скопјанкиве се наперчиле небаре живеат ебаго во калифорнија во сен тропе и сл. луксузни монденски места.И да факт е дека има премногу сељачишта но да не заборавиме дека тие не се само провинцијалците ,туку дека ги има премногу и во нашиот двор во нашето скопје стари скопјани :tapp: кои се препознаваат по своите хобија како гулубари коцкари и сл.
и да не заборавам да те прашам демијан дали од старите скопски населби некој стар скопјанец не може да се пресели во новите населби :drk:
ајт толку од мене
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom