Скопје и скопјани наспроти останатиот дел од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе не може да се генерализира у поглед на ова прашање...Имате луѓе, и имате пак луѓе...Има различни типови на личност и секаде ситуацијата е различна...Не мора да значи дека ако е од друг град ја нема да се дружам со него или пак ќе го игнорирам поради тој факт...Може да го заобиколам ако не ми се свиѓа некоја друга негова особина, а не тоа дека он е од провинција...

На пример кај мене на факс, од 50 души, пола се од Скопје а другата половина се од другите градови и си иаме појше кланови напраено...Али, не се тоа кланови по градови него се кланови на заеднички интереси и размислувања...Има фаци од Скопје кои се страшно имбецилни и не заслужуваат Добар ден да им каже некој , а има и фаци од Струга на пример што се фантастични за дружење и на кои никој нема никаква примедба....

А за тоа дека они ми се закана не би се сложил пошо ако ти имаш квалитет тогаш никој нема да може да ти го оспори тоа што го знаеш и ти ќе успееш во тоа што си го наумил...
 
се слагам
ваков наслов е еден вид навреда на секој од друг град кој оди во Скопје поради некоја потреба
незнаев дека сум претставувал закана на скопјани, да ги предупрeдам да се пазат :)
Насловот а богами и темата ги напиша дете од друг град кој моментално студира во Скопје.

Поттикнат беше од скопјани кои размислуваат така. Го интересираше дали и скопјаните на форумов размислуваат така.

Насловот е прашање а не навреда. Е фала.

п.с. можеби зборот „закана“ не е најсоодветен али не ми текнуваше посоодветен во моментот кога ја поставував темата.
 
Алоо, сменет наслов, олабавете. Ебаве провинцијата, се понашате како скопјани!
 
Вакви ли треба да одиме во Скопје?

special-forces1.jpeg


Со полна воена опрема бидејќи представуваме закана еееејјј,како да сме ние PREDATOR,ALIEN или Jason! :raz:

токму така според насловот на темата исто така
оти јас се спријателив со многу скопјани па изгледа не сум им претставувал закана штом се спријателиле со мене
постов воедно е и како одговор на цитатот на Јован

едит
се смени насловот :)
 
Имам и јас другари и колеги од Скопје па така не размислуваат,тоа е комплекс од висока вредност дека само некои од главниот град се главни ѕверки а ние не сме ама ја заеби такви работи,life goes on and on and on...
 
Јас сум си провинцијалка, но не сум се почуствувала подолу од ниту еден скопјанец дури и кога живеев таму. Не почувствував потреба да морам да останам таму засекогаш за да успеам и еве ме денес успешна и во Струга. Но, секако не може секој исто да се снајде. Тие што без задна намера одат таму и со својот труд успеваат да останат и постигнат повеќе отколку во својот град - имаат апсолутно право на тоа. Тие другите лоши примери не ги оправдувам, но не им е забрането, па ќе ги има секогаш исто така.
А градот си го сакам да. Ваљда затоа што сум родена таму, па некоја жичка си ме влече:icon_lol: Покрај тоа, имам многу роднини и пријатели, кои секој престој таму ми го разубавуваат максимално. Едноставно нема простор ни за мисла дека можеби треба да мразам некого само затоа што е од Скопје.

И да ... мислам дека ако почнам да набројувам по што се` може да се поделат и мразат меѓусебно Македонците, нема да има крај мојата листа. Уат а шејм.


Еее да размислуваа како тебе, посебно болдираниот дел, бидејќи голем дел од луѓето кои доаѓаат од внатрешноста се чувствуваат инфериорно во однос на нас Скопјаните, па мораат да мразат и плукаат по се што е скопско (комплекс на пониска вредност). Кога ова не би било вака немаше да има фијаско како што се случи во темата "Охридски дијалекти":smir:
Нема потреба да се делиме бе, сите сме луѓе, што е битно кој од каде е - сите сме Македонци!
 
се сложувам со тебе! и стварно ми е доста од тие ефтини провинцијалки кој се ке напраат да се пикнат кај некој у гаки. ја иначе живеам кај еден студенкси дом у скопје- на иста улица и преку к** ми се. како деца неизживеани. верувајте зборам барем за девојките нити една не е дојдена да учи овде. сите за да се омажат!!! жално... :jaj:
Е девојче може си ми комшика, јас живеам на 50м. од Пелагонија, ги гледам нашите "академски граѓани" (читај Стока), како секоја вечер рокаат музика до 3 сабајле, се издераваат од прозор во стилот "Дек сте ку*ви" "Дека се ку*вите" "Ајде пи*киииии", дури имаше до лани (скрши глава коњот изгледа), еднаш месечно, веќе го научив, си излагаше типот околу 2-3 навечер и урлаше по неколку пати, "Ја сакам царевата ќеркааааа". Прв пат видел зграда во животот, се качил на 5 или 8 спрат и мисли дека се наоѓа на МонтЕверест. Ако тие селски финти и такво селско однесување го правел во местото каде живее и таму е почитуван заради тоа, овде изиграва сељак ама во буквална смисла на зборот.:toe:
 
A be, Divneto e od Struga, akako Struga nema drugo.
Tie se posebni.

Onja Ohrigjanine, da ne otvoram usta, maleee...

A Skopjanine, seljachaana.

Prilepcani, majmuni, Bitolcani gojda, resencani komunjarski pijanduri, radovisani smrdlivci, Strumicani gnasi.....


Makedonijo....kade so ovakov narod.
 
Оваа година поготово запознав многу луѓе од внатрешноста и ми делуваат како супер луѓе.Незнам јас што е проблемот со овие скопјаниве што не им се допаѓа тоа.Едноставно така е во оваа држава се се прави во Скопје.

А од друга страна пак кога сум идел во Велес или во било кој друг град кога ќе запознаам некој и кога ќе падне на муабет најчесто ми викаат дека јас сум од Скопје демек со повисок стандард и сл.И луѓето од внатрешноста(не сите)гледаат со други очи некој од Скопје.
Многу сум разочаран од добар дел од луѓето од Битола и од Охрид.

Битола-Кога ќе упознаам некој Битолчанец одма ми прфрла за Комити и Чкембари,на тепачките и сл.Да јас навивам за Вардар ама сигрно нема да одам и да се тепам со Битолчани.Значи одма идат контра и си мислат дека ги гледаш со некое понижување.

Охрид-Веќе не им идам никогаш на одмор таму.Сум бил и кај добри луѓе сместен во Охрид ама повеќето биле гадови ама баш гадови.Работата е да те фати страв ако се враќаш од диско или било од каде да не начекаш пијани охриѓани и да не збориш на скопски дијалект пошто можеш да бидеш удавен во езеро.
 
Многу ме фрустираат муабети,во стилот ние скопјани,вие провинвијалци...Демек ние граѓани а вие селани...а во суштина работите стојат многу поинаку....
Имено во другите градови има далеку повеќе градски луѓе од колку во Скопје.
Еве за пример ќе ги земам таксистите во скопје.Значи постари луѓе.Обично секогаш кога се возам со такси во скопје,со таксистите паѓаме во муабет од каде сум.Јас му кажувам од Прилеп.И 95% ми викаат или,ејјј и јас сум од Прилеп,од Браилово родум,или од Битола,од Тополчани родум,или од некој трет град,ама селото блиску до него што е.родум...
Сакам да кажам,џабе се курочоперите,демек сте некоја елита Скопска,а уствари 95% сте од Обршани родум...

Темава ја почнавте демек сте биле загрозени,а уствати и вие им сте загрозувачи за тие мал број стари Скопјани!:toe:
 
ц ц ц Македонска работа.... до кога ке се препуцаваме мегу себе ? До кога ке има во секој помал град гоооооооооолем локал патриотизам ? Абе луге Македонци сме сите,,,Ма ме боли цеф од кај сте сите ве поштуем дека сте МАКЕДОНЦИ! толку од мене...:salut::smir:
 
Од една страна ги оправдувам провинцијалите, бидејќи тие Скопје го гледат како единствен излез и можност за напредување, сепак ти не се виновни што се родиле во мал град каде и имат мали или скоро никави шанси за напредок и имам колешки кои се провинцијалки и се амбиционзи и навистина се трудат и учат, си имаат дечковци од нивниот крај,но од друга страна сепак и има многу девојки кои студирањето го користат како изговор колку да се омажат во Скопје и тоа не го оправудувам во никој случај , но тоа е што е!!секад така било и секад ќе биде!!!иако сега во мн градови е отворија факултети па вајда ќе се намали приливот на студенти и студентки од др градови!!!!
 
Од една страна ги оправдувам провинцијалите, бидејќи тие Скопје го гледат како единствен излез и можност за напредување, сепак ти не се виновни што се родиле во мал град каде и имат мали или скоро никави шанси за напредок
иако сега во мн градови е отворија факултети па вајда ќе се намали приливот на студенти и студентки од др градови!!!!

а тебе ти сметаат студентите и студентките од "провинција"?
 
а тебе ти сметаат студентите и студентките од "провинција"?

воопшто не....баш прочитај дека имам кажано дека ги ценам оние кои навистина учат и знам мн такви и баш ми мило поради тоа.....немој да ми ги вртиш зборовите!!!!!!!!!ама знам и многу кој се дојдени тука само колку да се омажат или едноставно не планираат да се вратат во своите градови!!а и има многу скопјани кои идат во Штип или др градови иако имаат факултет во Скопје, но поради големиот прилив од страна немале можност да се запишат тука!!!и ако имаат во својот град факултет зошто сепак доаѓат тука?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom