Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Имало и сеуште се појавуваат просветлени луѓе на оваа планета, луѓе кои поинаку и подобро ги разбираат работите околу нас. Тие луѓе го промениле светот и сепак малку од нас го следат нивниот пат... Зошто?
Затоа што не е кул.
Абе луѓе немојте да се контрате на таа тема дека секогаш ќе има луѓе коишто се за и кои се против. Тоа е нормално. Само немојте да судите за ништо додека не сте пробале, вкусиле. Како можеш да знаеш каков вкус имал портокалот а не си го пробал , на пример.
Сексот е илузија, лага, начин да човекот се усмери кон страста надвор од тоа што го прави човек.
Погледнете што е сексот набилдани типови со исунчани тела, жени со пластични импланти, ова не е реално но не натераа да го посакуваме тоа. Ова не е никакво просветлување напротив е затемнување.
Сексот претставува задоволување на егото во денешно време дури и самото задоволство е извадено и тоа постои надвор од сексот, стануваме воајери на сопствените животи.
Ни треба и тоа како, цело човештво несвесно плаче за тој момент, но и понатаму бараме само лекчиња, оздравување никако, премногу е страшно.Веќе не одлучуваме самите за себе, други ни ставаат мисли друштвото е заебано, се срамиме од себе и ни треба просветлување.
Извини не те разбирам дали можи поопширно да ми објасниш?
Од Многуте книги што сум ги читала во однос на просветлувањето, можам да кажам.да се дојде до него треба да се помине долг пат во однос на самоусовршување, губење на егото и многу други самооткажувања .Тоа може и покракј се воопшто да не се случи ,но ако се случи можеби изгледа дека е секавично ,но го менува човекот сосема ,од исповестите на луѓе што го доживеале тоа, знам дека напротив нашите мислења за блаженство тие луѓе тешко живеат во оваа средина и сакаат што побргу да го напуштат овој свет,бидејќи нив се им паѓа тешко сечија болка станува нивна и слично . Да завршам, треба да се трудиме да станеме подобри луѓе ама просветлени, сепак тоа е за избрани луѓе.
Величенственоста на просветлувањето е во тоа што не е величенствено воопшто.Ниту една титула или званична медитација нема да му го даде тоа на човекот кој што се конформира со живот во средината.
Кога некој е доволно способен за да се покори на сопствените интимни правила кои што би го донеле до илуминација, би разбрал за што се служат свештениците.
Јеа! Всушност на некој начин би можело да се рече дека сите ние сме просветлени но само малку го сфатиле тоа, малку станале свесни за тоа, за свесноста на нашето вистинско јас, за единството со Апсолутот кое никогаш не престанало и нема да престане.Сите ние сме избрани, сега некои не можат тоа да го сватат а некои не сакаат да бидат избрани.
Тоа е нешто од што не можеме да избегаме, сите сме создадени да се издигнеме.
Сакам да кажам дека човекот никогаш нема да достигне просветлување затоа што треба да се ослободи од стегите на општеството за внатрешно да се продухови, а ретко кој го сторил тоа.Сите сме конзумери.Не те сфаќам баш Лејди, но ако сакаш да кажеш дека просветлувањето колку и да е убаво и важно не е на цена во денешното друштво, да. Тоа е воедно и најприродна состојба на нашиот ум и затоа не треба да се посматра како висока и тешка цел за постигнување, бидејќи токму тоа и ќе стане.
