[FONT=arial,helvetica,sans-serif]Менаџерскиот тим на Заводот за лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични заболувања во очекување на судската одлука за сопственост на болницата, продадена на португалскиот инвеститор "Аква - Пура" за време на изборите во 2006 година. Проектот "Аква-Пура, Преспа Македонија" е проект кој од заборавеното и обраснато со троскот - Отешево треба да создаде рекреативен туристички центар кој ќе овозможува користење во сите годишни сезони.[/FONT] [FONT=arial,helvetica,sans-serif] Го виде светлото на денот на почетокот на годината, кога ресенскиот градоначалник Димитар Бузлески во присуство на дел од дипломатскиот кор во Македонија го промовираше во неговата "завршна фаза". Нецели три месеци подоцна, Михаил Волкановски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на својата изборна кампања на површина ги изнесе проблемите кои го кочат почетокот на реализацијата на овој проект. [/FONT]
[FONT=arial,helvetica,sans-serif]"Три години поминаа, Бузлевки секоја година става камен-темелник за некој туристички комплекс, но тоа се куп камења и шут. Три години лаги од транзиционен политичар кој се однесува како Преспа да е негова, - им изјави тој вчера на медиумите соопштувајќи дека во време на изборите во 2006 година, 400 илјади квадратни метри биле продадени на Аква - Пура за изградба на комплексот по цена од 61,00 денар ( или едно евро) по квадратен метар. [/FONT]
[FONT=arial,helvetica,sans-serif]Договорот е потпишан на 14 јули 2006 година, за време на парламентарните избори - вели Мирјана Котовска Гулевска, менаџер на болницата лоцирана во Отешево. - "Фирмата Аква-Пура ја презела боницата преку катастар, и тоа е направено со нотрски акт склучен со Министертвото за транспорт и врски. Во должина Отешево - Царина одземено е целото земјиште на болницата, а во корист на Аква - Пура - вели таа. [/FONT]
[FONT=arial,helvetica,sans-serif]Проблемот се појавил од 2006 година, кога биле најавени плановите за ревитализација на Отешево. Но, веќе во 2007 година, при јавен увид на генерален урбанистички план согледале дека трите илјади квадрати метри изграден болнички објект со помошни објекти ги нема, а просторот е обележан како зелена површина. По здружена реакција со синдикатот до градоначалникот Бузлевски, веќе во следната година ГУП-от бил променет, но овој пат ги немало помошните објекти, кујната, ресторанот и рентгенските ординации. "Поради тоа поведовме постапка пред Основниот суд во Битола против Аква - Пура и јавното правобранителство, затоа што тие се задолжени да го заштитуваат имотот на државата. Си ја бараме сопственоста на објектите и земјиштето што припаѓа на објектите. Се надеваме дека ќе добиеме оти поседуваме докази кои тврдат дека објектите и земјиштето треба да биде на болницата - вели Контовска Гулевска. [/FONT]
[FONT=arial,helvetica,sans-serif]"Со оглед на тоа што болницата беше предвидена да остане, претседателскиит борд предлагаше различни решенија, за коплексот на болницата, но раководниот тим на болницата не успеа да пронајде еден вид на формулација за тоа што е стратешко решение за во иднина. Кога Португалците констатираа дека немаат соговорници, предложија се што е нејзин терен да биде бесплатно вратен на РМ - изјави Јордан Плевнеш, интернационален координатор на проектот, кој вчера со делегација претставници на интересите на Аква - Пура го разгледуваше теренот за конкретните чекори во реализација на најавениот проект. [/FONT]
[FONT=arial,helvetica,sans-serif]Последното рочиште се одржало на почетокот на февруари и сега се очекува судската пресуда.[/FONT]
http://golemgrad.com/