Не е чудно пријателе, ВМРО победе во Ресен на излезност од 50,1% на изборите.
Е сега во Ресен нормално излегуваат околу 60-65%, значи 15% не излегле и не гласале а тоа се членови на СДСМ кои беа незадоволни од кандидатите на СДСМ и катастрофалното дејствување на таа партија во тој период, коалицирањето со НСДП и др.
На овие избори народот ќе покаже дека сфати дека: ВМРО ДПМНЕ не ги бидува ни за к...
Веќе народот не е она што беше, нема веќе насмеани лица на улиците, сите незадоволно ги коментираат срањата на оваа власт со фискалните, со УЈП кои незнаат комп да уклучат а камо ли бруто плати да пуштаат, со новите давачки кои им ги наметна власта, со цената на јаболкото за која ВМРО ДПМНЕ се удираше во гради дека тоа е нивно дело, кога лани за чудо поради сушата во Полска стигна цената 30-35 денари, а годинава е 9 денари, златниот не можиме да го дајме ни за денар за кг. Заради немаштијата која ја наметна оваа власт. Народот е многу разочаран од ВМРО ДПМНЕ, а и Ресен ВМРО е поделено на две групи така да едната нема да гласа за овој нивниот кандидат кој воопшто не го знам ниту го имам видено некогаш освен што слушнав дека 30 души вработил во Шумско пред десетина дена. На делбата во ВМРО му претходела тешка тепкачка како и секогаш и секаде со оваа партија си има проблеми, среќа шо не завршило со куршуми како пред 5-6 години.
Што направи Градоначалникот на Ресен за својот град??
Еве без да спомнам Аквапура која досега има потрошено неколку милиони евра за средување на Отешево и покрај кочниците од влада.
Па како прво успеа да го направи Претор туристички центар кој беше пустелија, сега имаат никнато десетина квалитетни плажи, кафичи, барови, кафеани, ресторани, хотел, многу вили.
Како второ што направи во градот и за градот.
Па направи привлечени беа голем број на проекти Голема Река има модерен кеј, донесени се канделабри и поставени на плоштадот, нови светилки низ цел Ресен и во некои од селата, поплочување на улиците во Ресен, улицата на плоштадот и ул. Ленинова цела, како и поплочување на пешачката линија во село Јанковец - што значи сега жителите таму се безбедни и нема да тонат во кал. истото е и на сите улици. И покрај кочничарите од ВМРО ДПМНЕ Ресен доби и многу инвестиции, 10 милиони евра е изградена веќе фабрика за тули од познатата компанија од Струмица - Хамзали, Во Агроплод за само 3 години се вложени над 14 милиони евра, изградена е фабрика за преработка на сокови, изграден е нов пазар, отворени се големи фирми кои работаат, реновирана е стоковната куќа со инвестиција од над 1 милион евра, внатре е отворен голем маркет на Скопски пазар, а за горниот дел се планираат два ресторани со тераса на целиот град. Основните и Средното училиште добија модерни вциња, нова електрична инсталација, направен е покривот на гимназијата и тоа со општински пари. Се гради прочистителна станица во Наколец, а во решен е и проблемот со снабдување на граѓаните со вода, поставени се нови семафори кои го регулираат сообраќајот, има многу планови и за вториот мандат на нашиот градоначалник, кој некаде прочитав дека има поголеми успеси од Никола Груевски и моментално е ко претседател на комисијата за Европските фондови во Европската Унија, кој и покрај таа функција реши да влезе во втор мандат. Граѓаните ги гледаат делата на Димитар Бузлевски и повторно ќе го изберат него, во Ресен и вмровците гласаат за Бузле.
И што е најважно, тој не го направи тоа последниве 3 месеци како што прави битолскиот и прилепскиот градоначалник, туку тој го работеше тоа од почеток па се до денес.