Брат Љубе 2001 и Брат Љубе 2009 - ист човек или...

  • Креатор на темата Креатор на темата VOLK2234
  • Време на започнување Време на започнување
Љубе е олицетворение на македонскиот непокорен дух со примеси на наивност. И покрај сите опструкции кои му ги прават и непријатели и користољубиви рејтинг-ориентирани пријатели сепак успева да се одржи на линијата и тоа е за почит.

За оние перените ама недоперени, не е слаткар туку е дипломиран правник.
Со диплома од Приштина???
 
Кој го пушти Љубе од Хаг и под кои услови ?
Џорџ Сорос, за да му го преполови рејтингот на пастирот :)
Барам да се одговори.
Специјално за тебе во некој од наредните постови следи официјално писмено соопштение од Хаг, со своерачен потпис на Хисаши Овада.
Кога веќе многу недолжни преспиваат таму.(читај сите)
Ццц.. Човек неможе да ви се изначуди на превртливоста. До некни сечевте вени и корневте коси по Брат Љубе, а денес под знак прашалник ја ставате неговата ослободителна пресуда.

Јас сум да опнеме една петиција за враќање на Љубе во Хаг.
Шо велиш ?
Он ќе му ги поматува овде сметките ка Гвујо.
Лош Љубе.....лош.
 
Со диплома од Приштина???

Бидејќи многу те интересира за дипломата на Љубе,повели прочитај:

Образование

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1985 година. По дипломирањето работи како приправник во суд, а потоа како правник на Фондот за здравствено осигурување во Ровињ - Хрватска.

повеќе информации:http://mk.wikipedia.org/wiki/Љубе_Бошкоски
 
Се на се од ова видео нема ништо посебно или бомбастично што треба да предизвика некаква голема полемика за тоа дали Брат Љубе од 2001 сеуште го задржа епитетот Брат или сега е само Љубе Бошкоски канндидат за претседател на Македонија. Еволуирањето во неговите ставови е само уште еден доказ дека затворот е место каде што човек навистина има време да размислува, но останува едно нејасно затворот е место каде што осуден човек треба да се промени.Јас колку што знам Брат Љубе излезе како невин од Хаг, а сепак доволно променет како да претходно бил виновен па се променил и сега е друга личност. Тоа е дискутабилното кај него и неговата личност пред и по Хаг.
 
Kralot Marko прашање до тебе: Дали суштински се промена Брат Љубе? Дали ти би гласал за него на претстојниве избори? Дали ти лично мислиш дека Љубе не е веќе патриот, туку одроден?
 
Бидејќи многу те интересира за дипломата на Љубе,повели прочитај:

Образование

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1985 година. По дипломирањето работи како приправник во суд, а потоа како правник на Фондот за здравствено осигурување во Ровињ - Хрватска.

повеќе информации:http://mk.wikipedia.org/wiki/Љубе_Бошкоски
И како со овие работни места станува човек со конто од неколку милиони евра?
 
Kralot Marko прашање до тебе: Дали суштински се промена Брат Љубе? Дали ти би гласал за него на претстојниве избори? Дали ти лично мислиш дека Љубе не е веќе патриот, туку одроден?
Кога зборуваме за суштинска промена на Брат Љубе, јас од она што сум успеал да го проценам мислам дека има суштинска промена. Можеби времињата и сплетот на околностите во кои тој обавувал одредена државна функција направи патриот од него и го издигна на површината на политичката сцена, за да потоа на еден наместен процес тој биде затворен во Хаг и периодот после тоа тој излегува со сосема нов карактер на делување на политичката сцена како последица на недоразбирањата со ВМРО-ДПМНЕ и неговата желба да се кандидира за претседател ми дава за право јас моето мислење да го сведам на заклучокот извлечен пред малку во првата реченица. Врз основа на тоа јас мислам дека патриотизмот на Брат Љубе во 2001 и сега во овој момент се исти и тогаш и сега тој патриотизмот го користи за лични интереси и сопствена афирмација. Мислам дека ова не е крај на суштинските промени кај него, тој и понатаму ќе продолжи да се променува, но тоа се ќе зависи од желбите и можностите и неговите апетити во политичката кариера.
 
Епа добро, чим си е патриот, зошто да не користи тоа и во лични цели, кога веќе се бореше за државни цели. Мислам, сепак претседателската трка е полна со лажна скромност и фалење, така да барем Љубе има со што да се фали и покаже. Јас не ги гледам суштинските и коренитите промени кај него и не гледам дека тој се откажал од истата кауза за која беше затворен во Хаг. Затоа и ќе гласам за него, по лично убедување.
 
Па токму суштинските промени кај Брат Љубе се во лажната скромност.Јас не го обвинувам за ништо, туку не се сложувам со неговиот начин да се прикажува како патриот со цел. Поддршката на овие избори за него како и за другите кандидати е по сопствено убедување на нас. Но конкретно за него мислам дека сепак нема капацитет за една ваква функција напоменувам ова е мое мислење, што незначи дека не го почитувам твоето иако не се сложувам со него.
 
Значи ти не се сложуваш со тоа дека има капацитет за водење на функцијата претседател, а не го обвинуваш за неговите ставови (кои за некои се променети 180 степени, јас не ги забележувам тие вртоглави промени). За капацитет би спомнал дека Љубе одговорно и достоинствено си ја изврши функцијата министер во МВР, функција која во времето на конфликтот беше можеби втора по важност и одговорност. Затоа гледам потенцијал и во негово одговорно вршење на функцијата претседател на државата, како обединувачки лик за нас Македонците, а верувам дека со добар труд би им се приближил и на албанскиот електорат.
 
Учествував во конфликтот, но како резервист во кумановско (Слупчане) и тогаш да Брат Љубе покажуваше како треба да се однесува еден функционер на Македонија и со тоа го дигаше моралот на сите бранители. Меѓутоа гледано од денешен аспект на тие настани и неговото однесување во тоа време има ситуации во кои тој правел само вешто инсценирани фешти токму да се прикаже патриот.Оттука и ова сега што го прави, прво изигрува жртвено и напуштено јагне од својата партија па кокетирање со одредена целна група на гласачи и партии ме наведува на мислење дека сепак само сака вешто да се офајди со епитетот од 2001 година за лична сатисфакција и докажување пред некому. За тоа дали ќе биде добар претседател, јас би сакал до колку стане, но се сомневам функцијата да ја обавува стабилно и без големи амплитудни скокови во неговите политички ставови и убедувања. Обединувачки фактор за нас Македонците неможе барем сега никој да биде од причини што нашата самобендисаност и комплекс на виша вредност не ни дозволува едни со други да си подадеме рака, што е жално.
 
Да, но да беше поддржан од неговата матична партија сигурен сум дека ќе беше обединувачки за сите вмровци и за поголемиот дел Македонци. Значи, очигледно недавањето поддршка од матичната партија го направи раздорот меѓу гласачите и затоа имаме вмровци што ќе гласаат за Иванов и вмровци што ќе гласаат за Бошкоски.
 
Можеби да, но зошто тој мислеше дека токму тој е тој што треба да биде поддржан од неговата матична партија.Затоа велам дека неговиот патриотизам е наменски. Во еден момент помисли дека единствениот патриот е тој. Треба да се биде наивен па да се верува дека тој не знаел за кандидатурата на Иванов од страна на ВМРО уште пред да да го кандидираат Иванов. Од таму сметам дека тој имал веќе цврст став да се кандидира по секоја цена и таму настана неговото „независно“ кандидирање.
 
Желбата на Љубе да се кандидира за Претседател не е нова, туку истата му беше оспорена и 2004 поради неисполнување на условот постојано живеалиште во последните 10 години да му биде Македонија.

А дури од 1998 година Љубе поседува македонска лична карта.
 
Знаеме за тоа, заради тоа настана и расколот во ВМРО-ДПМНЕ 2004. Кандидатурата на Бошкоски беше главната причина за несогласувањата помеѓу Груевски и Георгиевски.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom