Учествував во конфликтот, но како резервист во кумановско (Слупчане) и тогаш да Брат Љубе покажуваше како треба да се однесува еден функционер на Македонија и со тоа го дигаше моралот на сите бранители. Меѓутоа гледано од денешен аспект на тие настани и неговото однесување во тоа време има ситуации во кои тој правел само вешто инсценирани фешти токму да се прикаже патриот.Оттука и ова сега што го прави, прво изигрува жртвено и напуштено јагне од својата партија па кокетирање со одредена целна група на гласачи и партии ме наведува на мислење дека сепак само сака вешто да се офајди со епитетот од 2001 година за лична сатисфакција и докажување пред некому. За тоа дали ќе биде добар претседател, јас би сакал до колку стане, но се сомневам функцијата да ја обавува стабилно и без големи амплитудни скокови во неговите политички ставови и убедувања. Обединувачки фактор за нас Македонците неможе барем сега никој да биде од причини што нашата самобендисаност и комплекс на виша вредност не ни дозволува едни со други да си подадеме рака, што е жално.