Сапун
. . .
- Член од
- 10 јули 2007
- Мислења
- 1.642
- Поени од реакции
- 4
Романскиот ракометен репрезентативец Маријан Козма е убиен, хрватскиот репрезентативен голман Иван Пешиќ остана без бубрег, а Србинот Жарко Шешум е полесно повреден, откако синоќа биле нападнати во ноќен клуб во Веспрем, западна Унгарија, соопшти унгарската полиција.
Полицијата соопшти дека банда од 30 млади луѓе со ножеви ги нападнале ракометарите на МКБ Веспрем КЦ, додека овие го прославувале раѓањето на детето на еден од соиграчите.
Според последните информации кои доаѓаат од унгарските медиуми, инцидентот настанал откако Козма заиграл со девојката на еден од напаѓачите, по што тие крвнички го нападнале.
26-годишниот Козма бил прободен во срцето и починал на патот кон болницата.
Хрватот Пешиќ заврши без бубрег, а Србинот Шешум е полесно повреден Шешум се обидел да ги спречи напаѓачите да го повредат неговиот соиграч Козма, но тие брутално го претепале, по што тој се онесвестил.
Пешиќ бил прободен во грбот и морал да подлежи на операција во која му е изваден повредениот бубрег, додека Шешум за среќа се извлекол само со полесна фрактура и по направената операција е вон животна опасност.
Претседателот на клубот, Акош Хунијадфалви, изјавил дека кавгите од клубот се пренеле на улица.
„Играчите се однесуваа сосема нормално и наеднаш банда од 30 хулигани го нападна Козма додека тој играше со една девојка. Полицијата спроведе истрага, а доказите велат дека напаѓачите не се од Веспрем“, изјави Хунијадфалви за унгарските медиуми.
www.a1.com.mk