Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.022
- Поени од реакции
- 61.932
По веста дека групата која ги нападнала ракометарите се Роми, многу радикални групи повикуваат на линч, по што целиот овој случај може да земе уште потрагични димензии. Работата ја смируваат градоначалникот на Веспрем и надлежните министри, кои најавија дека од сигурносните камери јасно се гледаат напаѓачите и брзо ќе бидат уапсени.
Инаку групата се истоварила пред дискотеката со џипови по што влегле во внатре. Козма играл со својата девојка а 3-4ца почнале да му дофрлуваат и да го навредуваат. Ракоменарите, кои биле на роденденска прослава за синот на еден од нив, се обиделе да си заминат, но на вратата биле запрени од групата напаѓачи. Козма бил прободен два пати во срцето, а Шешум бил нападнат додека се обидувал да му помогне. Пешиќ добил нож во грб додека претрчувал и дури по некое време забележал дека е повреден. Моментално се уште не се освестил од анестезијата, а после операцијата му е изваден едниот бубрег.
Романија, Хрватска, Србија и Унгарија се во шок, како и останатиот спортски свет, кој не може да свати зошто ова се случило. Викаат дека во градот не бил забележан ваков напад повеќе од 30 години, а градоначалникот изјави дека за луѓето со здрав разум, ова е несватлива катастрофа. Официјалниот сајт на ракометниот клуб Веспрем е обоен во црно.
Козма е поранешен клупски другар на Кире Лазаров кој играше за Веспрем, и фала Богу не го продолжи договорот туку замина во Загреб. Го има веднаш на почетокот на ова клипче со кое авторот му оддава почит на Козма.
R.I.P Marian Cozma