Словени или Антички Македонци?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некаде спомнав Тито?
Срамота е на едно просто прашање, како се чуствуваш, словен/антички македонец, да се почнува дискусија која продолжува со омаловажувања, навреди и сл.

МАКЕДОНЕЦ.
Сум се чустувал, се чуствувам, и ке се чуствувам МАКЕДОНЕЦ.

Тоа значи 3000 години минимум непрекинат континуитет, а не кастриран на 6 век.
 
Кога сите ке се помирите дека сме од Тито, нема да се караме туку ке бидеме во ЕУ со 100000 евра плата и ке одиме во сафари по розеви слонови...
Искрено...

Тоа и ја им зборм на вие човеци, Словенете дојДоа тука и изедоше ги Македонците, они беа људождери!

Аххххх, ништо не читате, слабо книги...

ах бре,
македончето и се да има,пак че чепка кај комшијата од инает.....
од ништо,од разурната земја Тито држава и 3 светска сила не напрај,а вие пцуете по него,а сега кај сме?со овие твојве?шо имаме сега? ни ги донесе предците од пакистан,која глупост бре,па треба да се лечи чоеко,изгледа и тој а и сите шо че застана на чело на 'непочитувачите на ликот и делото на Тито' - ДПМНЕ завршуваат како ЛјуБчо.....срамота
 
МАКЕДОНЕЦ.
Сум се чустувал, се чуствувам, и ке се чуствувам МАКЕДОНЕЦ.

Тоа значи 3000 години минимум непрекинат континуитет, а не кастриран на 6 век.
А така, веднаш е подобра темава вака.
 
Повторно ќе прашам:

ДАЛИ МОЖЕ ДА МИ ПОСОЧИТЕ ДОКАЗИ ЗА ПСОТОЕЊТО НА СЛОВЕНИТЕ?

Ако биле току цивилизирани, за да Античките Македонци (од кои пак има докази каи и да копнеш на овие простор) превземат од нив КУЛТУРА и ЈАЗИК...

Абе не ти кажав за папучата и сламката?
 
Огледалце, огледалце мое
BD27DB853D128F46972593B652728243.jpg
Владимир Милчин

Денес, ние сме Снежана која паднала во комата на славјанството откако каснала од отровното јаболко подметнато од Коминтерната, а бакнежот на принцот Груевски не' разбудил како антички Македонци!
„Огледалце, огледалце мое, кажи ми на светот најубав кој е“, прашува лошата кралица - маќеа во бајката „Снежана и седумте џуџиња“. „Огледалце, огледалце мое, кажи ми на светот најстар народ кој е,“ прашуваат митоманите кои со неподнослива леснотија кројат романтичарски етногенези што праволиниски се протегаат не само низ вековите, туку и низ милениумите. Од деветнаесеттиот век до денес се шири лепилото на митовите за „избраните, небеските, божјите“ народи/нации, древните, староседелците, оние кои својата прастара крв ја зачувале чиста, без оглед на преселбите и мешањето на племињата и народите, без оглед на наездите и на војните...

Во бајката, Снежана паѓа во кома откако ќе касне од отровното јаболко подметнато од лошата кралица - маќеа. И се буди откако ќе ја бакне добриот принц на бел коњ. Во задоцнетата бајка што им се труби на Македонците денес, ние сме Снежана која паднала во комата на славјанството откако каснала од отровното јаболко подметнато од Коминтерната, а бакнежот на принцот Груевски не' разбудил како антички Македонци! Или барем како Хунзи! Останува уште сите да поверуваме дека бајката не е бајка и дека реалноста е само „шум во етерот“ кој набргу ќе биде отстранет или барем заглушен од трубите многубројни. На оние на кои будењето им личи на нова кома, митоманите, одново со неподнослива леснотија, им одговараат дека македонската Снежана има право на приспивна песна без шумови, а принцот има право на вечност.

„Македонската молитва“, произведена и емитувана од она што требаше да биде јавен телевизиски сервис на Македонија, ме потсети на книгата што лани ја купив во една софиска книжарница. „Балканобугарскиот титанизам“ се вика тоа огледалце во кое авторот Најден Шејтанов барал потврда на своето бладање за месијанството на бугарската нација составена од титани. Посакувал втора преродба на Бугарите во децениите пред Втората светска војна. И успеал. Бугарија им се придружила на нацистичка Германија и фашистичка Италија.

Не можам да одолеам да не ги соочам овдешните митотворци со ова огледалце. Тие веројатно ќе ги затворат очите и ушите за да не се препознаат, но убеден сум дека читателите ќе ги препознаат како задоцнети плагијатори на провинцијалното и мегаломанско бладање почнато кај нашите комшии во децениите на распаѓањето на Отоманската Империја.

(...) Многубројни се белезите на бугарштината или на балканобугарштината. Едниот ни е запишан на челото. Тоа се длабоките брчки - водорамни и вертикални, „меѓу двете очи“. Траги на величината и на големите страдања! Тука се таинствените руни на нашето битие. За да ги одгатне оној кој може. Друг белег е нашето национално име. Тоа е древно и роднински поврзано со бројни и крупни имиња во Европа и Мала Азија. „Бугарин“ е загатка и еп. Националното име ни „доаѓа одозгора“. Нашиот народ не го заборава тоа ни при најдлабоките падови. За време на турското владеење, на пример, минувале патници низ нашите земји и го прашувале населението: „Кои сте вие?“ Дедовците ни ќе кренеле глава, ќе го погледнеле туѓинецот и цврсто ќе изговореле: „Бугари сме!“ Третиот најважен белег е нашиот јазик. Тој е славјански и не' поврзува со најмногубројните народи во Европа - со славјанството и праславјанството, кое е тајната на Европа, Мала Азија и слично. Народниот ни јазик го примил и го преобразил во свое сето она што излегло од устите на нашите дедовци во класичната древност и во праисторијата. Тоа е големо и свето паметење. Јазикот ни е создаден и продолжува да се развива во нашите историски и државни земји. Тој е сугестивен по тонот, силен по изразот, длабок по смислата. Неговите творби се чуваат во ризницата на народното творештво. Одвреме-навреме тој се издигнува во врховно историско послание. На пример, во 9 и 10 век, на чело со Кирил и Методиј, со Климент Охридски. Тогаш тој станува свет јазик на сите славјански народи и на Романците. И повеќе од тоа. Над Старобугарското евангелие полагале заклетва при крунисувањето дури и кралевите на Франција - во знаменитата катедрала во Ремс. Да се запомни! Наследниците на Карло Велики, претходниците на Наполеон, при крунисувањето полагале заклетва над старобугарската книга - талисман! Тоа е култ на јазикот на кој му нема рамен - на бугарскиот народен јазик! Четвртиот белег на народната ни суштина е нашиот дух. Генијот на земјата ни се виори во родопската харфа на Орфеј и во балканската лира на Ботев. Тој чудодејствува во делириумот на Дионис и во мистичкиот занес на Богумил. Негова пројава се титанското размавнување на Александар Велики, на Симеон, подвизите на Левски, раскрилената, змејската мисла на Раковски. Нашиот дух е јуначко-ајдучки, т.е. богоборен, светоборен и слободољубив. Има ли Бугарин кој не пламнува од стихот на Ботев: Балканот пее ајдучка песна?... Петтиот белег е нашата крв. Крвта вода не бидува! - вели нашиот народ. И со тоа сака да каже дека таинствениот нерв на нашата телесност секогаш не' турка кон титанска пројава. Народната ни крв ги вгнездува искрофрлачките, огнените тајни на Балканот и југот, светлината на северот, шаманизмот на магичната Азија. Која бугарска нога не се претвора во виор кога ќе го слушне повикот на народните игри, на пример, на ’рченицата? Шестиот белег на балканобугарштината е нашата човечност - заедничка и индивидуална. Вековниот ни хуманизам се вдахновувал од народниот, јуначко-ајдучки и мудар идеал на борбата против темните сили, за да се спаси и Балканобугаринот, како индивидуа и како заедница, и човекот, човештвото воопшто, на овој и на оној свет. Балканската човечност родила и одгледала досега многу системи, тези, учења и слично - религиозни, државни, социјални, уметнички, филозофски - кои и ден-денешен влијаат и ја преобразуваат Европа, па дури и целиот свет. Нашата човечност е месијанска (курзивот е на В.М.). Седмиот - кога би можел човек да ги доброи сите белези на балканобугарштината! Тоа би значело да се избројат лисјата во сенките на нашите кории... (...)

Сличностите не завршуваат со крајот на цитатот. Книгата е објавена во Софија, во 2006 година, а финансирана е преку конкурс на Националниот центар на книгата на Бугарија. Во обемниот предговор на „Балканобугарскиот титанизам“, некоја Ерика Лазарова пишува дека предрасуда и тесноградост било името на Шејтанов да се поврзува само со „десната половина на политичкиот и културно-духовниот простор“, како и тоа дека некои кругови го сметале за убеден фашист. Самиот Шејтанов, пак, во својот предговор за првото издание, напишал дека во книгата ќе понуди систем на великобугарската идеологија.

И уште нешто за крај: има некаква иронија во податокот дека идеолозите на национализмот и вчера и денес, и таму и овде, имаат имиња или презимиња кои не сведочат за вековната непоколеблива национална свест на митоманите и нивните предци. Ниту за беспрекорната чистота на нивната крв. Односно, нивниот „произход“, што би рекле Бугарите. Дали во тоа лежи дел од дијагнозата на нивната ревност? Го препуштам тоа на психопатологијата, но не можам да не се прашам кој ли тоа се пошегувал со великобугарскиот идеолог кога му прикачил презиме произлезено од муслиманскиот збор што означува ѓавол.

(Aвторот е режисер)
 
прашањето од темава е исто како да го прашаш на пример благојче папучковски дали постоел од неговата 10 до неговата 20 година или постоел од неговата 27 до неговата 36 година. глупаво прашање исто како и тие што го поставуваат
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
прашањето од темава е исто како да го прашаш на пример благојче папучковски дали постоел од неговата 10 до неговата 20 година или постоел од неговата 27 до неговата 36 година. глупаво прашање исто како и тие што го поставуваат

Ај во знак на добра воља нема да ја коментирам навредата....
Само ке ја БОЛДИРАМ...
 
МАКЕДОНЕЦ МОЖЕ ДА СЕ НАРЕКУВА САМО ЧОВЕК КОЈ ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНИЈА,ТОА Е ПРАВО НА ИЗБОР И НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ.

Треба ли да се повторувам ебаго?
 
Официјално според нашата историографија сме мешавина од Античките Македонци и Словените, така да глупаво е да ги исклучуваме едните или другите кога нашата официјална историја го кажува тоа. Ние треба да сме горди на нашето потекло кое претставува синтеза на воинственост, храброст, непокорност, култура и писменост.
 
МАКЕДОНЕЦ МОЖЕ ДА СЕ НАРЕКУВА САМО ЧОВЕК КОЈ ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНИЈА,ТОА Е ПРАВО НА ИЗБОР И НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ.

Треба ли да се повторувам ебаго?

Хммм...

А ако моите биле Македонци а јас сум роден во Гренланд, што ке бидам????
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom