Скандали во ракометната репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

А виде ли ти дека освен на натпреварот со Исланд на скоро ниеден друг не е во состав или нема играно? Што уште еднаш се докажува тоа дека некој си форсира одреден/и играч/и.

Од каде ти е тоа веројатно?
Селекторот не лаже, и тоа е факт и Раде Стојановиќ си замина во Скопје со право. Доколку продолжи со таков однос никој нема да гледа како игра и каде игра туку очигледно со право ќе го тргнат од екипа.

Од каде си толку сигурен дека не лаже? Никој не може да биде сигурен дали едниот или другиот ја кажуваат вистината. Тоа го знаат само репрезентативците и сигурно дека нема да се каже што и како е проблемот за да нема нарушувања на атмосферата и меѓусебните односи на ракометарите.
 
Жими ракометниот клуб Металург од Скопје е авторитет селекторот.

Да беше авторитет никој не ќе му приговараше. Играчите не пијат масло, гледаат што се прави, гледаат дека друг го крои списокот. Затоа има скандали, за ништо друго.

Се враќаме на истото тоа што го реков претходно. Македонскиот менталитет и гледање на работите. Тие што играат во Металург се форсираат во репрезентација тоа е точно, и не се крие, меѓутоа таа човечка бариера мора да се тргне на страна и да му се остави на СЕЛЕКТОРОТ да одбира кој ќе игра. Но и играчите НЕ СМЕАТ да си земат за право да дискутираат дали и кој ќе игра и да прават сцени пред селекторот и јавноста.
 
Се враќаме на истото тоа што го реков претходно. Македонскиот менталитет и гледање на работите. Тие што играат во Металург се форсираат во репрезентација тоа е точно, и не се крие, меѓутоа таа човечка бариера мора да се тргне на страна и да му се остави на СЕЛЕКТОРОТ да одбира кој ќе игра. Но и играчите НЕ СМЕАТ да си земат за право да дискутираат дали и кој ќе игра и да прават сцени пред селекторот и јавноста.

Се тоа се согласувам со тебе. Играчите молчеа за проблемите се до крајот на првенството што беше навистина коректно од нив. Други репрезентации знаат да се распуцаат на сред првенство. Го гледав и Раде Стојановиќ на Сител пред мечот со Србија, ништо лошо не кажа човекот, даде безрезервна поддршка. Дури и по доаѓањето немаше никави турбуленции, но тогаш селекторот ја потегна аферата.

Без разлика, добро е пред квалификациите да се расчистат некои работи. Околу критиките уште да кажам, дека не сакам да критикувам ни еден играч, дури ни оние што беа најслаби таму. Нив им дале шанса, тие дадоа се од себе и тоа е тоа... Не сакам да го критикувам ни селекторот зошто сепак постигна добар резултат, а она што се брои е резултатот.

Сепак, никој од нас не може да остане рамнодушен на една работа: изборот на играчите и начинот на кој се избрани. И останува едно горко чувство, дека со малку подобар избор, можевме да одиграме подобро во Задар, и да направиме сензационален успех.
 
Се враќаме на истото тоа што го реков претходно. Македонскиот менталитет и гледање на работите. Тие што играат во Металург се форсираат во репрезентација тоа е точно, и не се крие, меѓутоа таа човечка бариера мора да се тргне на страна и да му се остави на СЕЛЕКТОРОТ да одбира кој ќе игра. Но и играчите НЕ СМЕАТ да си земат за право да дискутираат дали и кој ќе игра и да прават сцени пред селекторот и јавноста.

Кој селектор мајсторе ?
Па нетреба да се црта за да се свати дека Металург управува со федерацијата. Така е тоа кај нас, во минатото Вардар управуваше со неа, сега Металург.
Бидејки федерацијата неможе самостојно да работи ако најјакиот клуб моментално не и подпомага финансиски.

Селекторот го става федерацијата. И нормално дотолку Темелковски има спротивставени мислења со Металург, ке добие отказ и создравје. А секако дека он не го сака тоа, и ке си слуша се што ке му се каже.


Секој играч од Металург го има тоа на ум, дека селекторот не му може ништо. И тука веке играчот се наоѓа на позиција над селекторот. Одсекогаш било така, само што селекторите си молчат, дека зимаат плата од тоа работно место.
Се излажа што само Савевски зазборе. Радуловиќ играше за Ѓорче Петров, кој пак управува со женскиот ракомет во Македонија, и тие го бираат селекторот. Савевски и Вале се скараа, и нормално, Савевски го јадеше...ни крив ни должен.
 
Доста плукате по селекторот, тој си ја врши работата како што треба.
Ќе кажам само еднаш. Тоа што можеби не го зема Раде во составот беше грешка, меѓутоа играчи што да не речам ПЛАЧАТ и се обидуваат да прават филмови па дури и физички да сае пресметуваат не се играчи.
Селекторот е авторитет и ниту Раде ниту Наумче ниту Кире не смеат да проговорат кој ќе игра!


не смеат ама проговараат и прават така. Тоа кај нас од секогаш го има:smir:
 
Читајте ги малце постовите на темава не само лупајте безврска.

Факт е дека Темелковски е пионче како и Шундовски под "диригентска" палка на Минчо Јорданов главен финансиер на клубот и машката ракометна репрезентација. Да имаше муда Иле да му се спротистави и да му каже тој тој и тој сакам да играат не ќе се појавеше на светското и ќе беше човекот кој ја одведе Македонија на светско првенство но од X причини не ја водеше.

Приказните дека го Стојановиќ го удрил и тоа на Раде дека не бил финансиски спремен не можеме да ги знаеме со точност освен тие што се дел од репрезентацијата. Ако ви текнува ќе се сетите дека приказната почна со повредата на Стојановиќ, па да премине дека не му се уклапа во одбрана како тоа планирана е 3-2-1 одбрана да се игра а од 6-0 не се мрдна на ни една утакмица, за после дека не е спремен физички и психички и на крај да заврши со удирање на Темелковски. Ако е така како што вика Илија Темелковски дека бил удрен од Раде Стојановиќ и дека имало сведоци, зашто тие сведоци(не ми текнува кои беа спомнати) нека се повика на нив и нека го потврдат тоа што го кажа ако стварно било така.

За Филип човекот на кој нејќам да му го спомнам името се виде што направи на утакмиците кои ги играше. Очигледно беше дека некој сака да заработи на него односно Минчо Ј. и како што еден од членовите пиша погоре дека ќе ја следат клубовите и неговата игра како резултат на играњето на брат му Кире. Со тоа би можело да се постигне добра цена и да се продаде и со тоа да се врати дел од парите вложени во Металург ирепрезентација.

Наумче Мојсковски слободно ќе кажам дека има право да се откаже од репрезентација, сигурно нема поради тоа што брат му не играл или некакви глупости. Видовме дека сите издржаа и психички и физички колку што можеа на ова светско да одиграат и кога се заврши скоро секој си кажа што и како му лежи на срце. И он како и другите знаат што и како се случува во репрезентација и дека така едноставно не може да се игра односно да се трпат срања за ќефот на некој друг.

Темелковски исто така не беше крив за форсирањето на Ристовски иако беше дупка на светсково, не викам дека на моментине блескаше али воглавно целата негова игра беше хаос за разлика од Ангелов кој одлично си ја работеше својата задача и беше на ниво на самата. Пак се замешаа прстите од Металург (читај Минчо Јорданов).

Уште еден факт за сплетките, зашто беше уште еден играч од Металург повикан да се приклучи на репрезентацијата односно Столе Стоилов? Од дете е во Металург и многу придонесе за младинската школа да неколку години по ред беа шампиони. Неам ништо против него одличен играч е знае да игра само сакам да кажам на тоа дека некој си форсира свои играчи како што беше случајот со Јовиќ(дедото-иако е скоро колку Аљушот не може ни за влакно да му се фати, да го рпашам дали ќе играше ако беше во Вардар) и Филип Лазаров.

Мислам дека нешто од нешто е јасно како што им е јасно на многу луѓе и членови на форумов.
Прочитав дека треба Иле да се смени и на него некој друг да дојде, па што дека? Ќе му стават и на него неколку илјади евра во џеб и он ќе игра како што му свират, парите чуда прават. Не дека на него ќе му биде гајле кој игра зашто игра, важно е џебот да е полн а за другите работи друг нека ја мисли.

Тоа е сурова реалност која сакале или не мора да ја прифатиме а не верувам дека целата вистина некој ќе искочи не телевизија и ќе каже како стојат работите во репрезентацијата.:helou:
 
Наумче Мојсоски:
Не ја напуштам репрезентацијата

По бројните лиферувани вести дека повеќе нема да го носи националниот дрес, Наумче Мојсоски вели:
- Не е точно дека ќе ја напуштам репрезентацијата, тоа се само шпекулации. Пишуваше дека сум се налутил поради тоа што брат ми не настапи на Светското првенство во ракомет, но тоа не е точно. Ако сакав да издејствувам тој да биде таму, во Хрватска, ќе го направев пред стартот на Светското првенство. Што се однесува до шпекулациите дека не сум во добри односи со Кире Лазаров не се точни, ние сме цимери и цело време се поддржуваме. Имав несогласувања со селекторот, бидејќи по повредата никој не ме праша како сум и тоа ме изреволтира, но нема никаква врска со некој од соиграчите. По снирањето на повредата повторно ќе бидам во националниот состав, нагласува Мојсоски.

Линк
 
Наумче Мојсоски:
Не ја напуштам репрезентацијата

По бројните лиферувани вести дека повеќе нема да го носи националниот дрес, Наумче Мојсоски вели:
- Не е точно дека ќе ја напуштам репрезентацијата, тоа се само шпекулации. Пишуваше дека сум се налутил поради тоа што брат ми не настапи на Светското првенство во ракомет, но тоа не е точно. Ако сакав да издејствувам тој да биде таму, во Хрватска, ќе го направев пред стартот на Светското првенство. Што се однесува до шпекулациите дека не сум во добри односи со Кире Лазаров не се точни, ние сме цимери и цело време се поддржуваме. Имав несогласувања со селекторот, бидејќи по повредата никој не ме праша како сум и тоа ме изреволтира, но нема никаква врска со некој од соиграчите. По снирањето на повредата повторно ќе бидам во националниот состав, нагласува Мојсоски.

Линк
значи останува уште да се реши проблемот со стојановиќ,т.е да се разјасни па да се фокусираме на тоа шо ни претстои во квалификациите,т.е исланд:helou:
 
Не сакам да навлегувам во тоа кој е крив дали селекторот или Раде. Секој има своја вистина на приказната. Може не се разбирам од ракомент ама сигурен сум дека и Темелковски не се разбира баш.

Милион пропусти имаше. Барем да ги гледаше другите селектори што правеа на ова првенство ќе имавме сигурно подобар успех иако сум задоволен и со ова.

Братучетками што прв пат сега гледа повеќе ракомет вика, Абе зашто ние не праќаме фластер на нивните играчи кога се со пет души исто како што они ни прават на Кире???? ЕЈЈЈЈЈЈЈЈЈ човек што прв пат гледа ракомет примети нешто што на нашиот Селектор не му текна цело првенство.

Скоро во сите состави има ТАЈМ Аут период да се консолидираат редовите да се спречи налетот на противникот да се продолжи нападот кога се игра со играч помалку во завршниот период. Еднаш не го искористивме во прав момент. Еднаш не дадовме правилен совет како да се продлжи. Па цели тактики и поставености се менуваат на тајм аут а не само така момци посконцентирирано гол да дадеме.

Не е тајна дека во секој спорт во репрезентацијата се форсираат индивидуии за потоа тие да бидат полесно продадени (во овој случај Металург). Според мене затоа лекот е странски селектор кој ќе добие плата како Катанец од 10000 евра месечно и нема да се брука за 1000 евра да го бута секој втор во репрезентацијата. Ќе направам мала паралела со фудбалот, може не ми се допаѓаат некои работи кај Катанец но го почитувам за едно. Ги вика сите они што во моментов се најспремни и најдобри и не прави експериметни како сите наши претходни селектори со играчи од домашното првенство кои треба да се продадат или кои ќе дадат повеќе пари за да влезат во репрезентацијата.

Само ние едно забораваме во репрезентацијата се игра со СРЦЕ не со ПАРИ. Државниот дрес се брани со гордост со чест како ВАНЧО ДИМОВСКИ. Греота неможеше да стои ама играше зошто немаме многу квалитетни играчи на неговата позиција посебно во нападот. ТОЈ што мисли како да добие повеќе пари или премии од репрезентацијата тури му курот на тој, не вреди.
 
Наумче Мојсоски:
Не ја напуштам репрезентацијата

По бројните лиферувани вести дека повеќе нема да го носи националниот дрес, Наумче Мојсоски вели:
- Не е точно дека ќе ја напуштам репрезентацијата, тоа се само шпекулации. Пишуваше дека сум се налутил поради тоа што брат ми не настапи на Светското првенство во ракомет, но тоа не е точно. Ако сакав да издејствувам тој да биде таму, во Хрватска, ќе го направев пред стартот на Светското првенство. Што се однесува до шпекулациите дека не сум во добри односи со Кире Лазаров не се точни, ние сме цимери и цело време се поддржуваме. Имав несогласувања со селекторот, бидејќи по повредата никој не ме праша како сум и тоа ме изреволтира, но нема никаква врска со некој од соиграчите. По снирањето на повредата повторно ќе бидам во националниот состав, нагласува Мојсоски.

Линк
Aко стварно е ова негова изјава тогаш нека иде нека се убие.

Кое му е ова понашање бе? Што е он, рекетар?
 
Aко стварно е ова негова изјава тогаш нека иде нека се убие.

Кое му е ова понашање бе? Што е он, рекетар?

Не бе, прво со ова новинариве да не е човек раат. Вчера изнапишаа глупости го нападнаа после сите човекот. Денес демантираше тоа од вчера, пак ќе излезе крив.

Како и да е, не е тоа проблемот, не се тие мали деца. Подлабоки се проблемите. Ај, ваљда ќе се реши се за брзо време, квалификации не чекаат...
 
Милутин Станковиќ
(Пренесен коментар од „Вест“)

Еден наш поранешен колега имаше теорија за македонската коб. Велеше: "Два дена не можеме чесно да се израдуваме. Еден ден ќе славиме, другиот или третиот некој малер не стрефува". И редеше примери, редеше...

Ракометарите се последните кои и емпириски ја докажуваат теоријата на човекот со прекар Лав.

Јунаците или барем дел од нив се обезличија. Кому човек да му верува? На селекторот кој пријавува по 10 дена дека играч го удрил или на играчот кој вели дека не удрил? На селекторот кој тврди дека играчот бил повреден или на играчот кој вели бев подготвен? На тренерот кој вели никој не ми се меша во изборот или на играчот кој вели немав пари да платам за да играм?

Селекторот бил удрен. Местото на ударот толку многу се инфицирало што фатило гангрена. И забздило. По толку денови, валканиците мораа да излезат на виделина. Најповиканиот за чистотата на националната ни гордост сакаше да ја измие својата нехигиена. Ама реата, сакал тој или не, се шири.

Ако бил удрен, зошто чекал 10-ина дена за да каже? За да ја зачува атмосферата во тимот. Ве молам! Туку му пречеа критиките зошто играчот не игра, а неговата теорија повреден и неподготвен не држеше вода. Во нашиот состав имаше играчи со далеку посериозни повреди кои, сепак, играа. Играчот, пак, со чии голови стигнавме на СП (прочитајте стари весници или потсетете се) има вина. Реагирал (велат, не со удар, туку со оттурнување, ама тоа нека го докажуваат тој и селекторот) што му е одземена можноста да покаже колку вреди пред светот.

И тоа само затоа што некој во тимот има брат што треба да игра на неговата позиција. Реагирал неспортски. И заслужува казна, каква и да е. Тој ќе треба да докаже како селекторот наплаќа за играње во репрезентацијата. Дали по познатиот систем веќе виден кај некои наши фудбалски селектори: ќе играш, ама од следниот трансфер ХХХ проценти? Дали пари барал на рака? А, дека СП е пазар - пазар е.

Селекторот ќе треба да докаже дека бил удрен. Има ли видливи траги? Модринки, подливи, црвенило. Или најмногу биле удрени неговите его и совест. Тој ли го составува тимот или бек, пивот и голман? Зошто и други играчи јавно се сомневаат во неговото цврсто "јас одлучувам"? Чија вина е поголема за новиот скандал? За македонската коб. Играчот го удрил или не водачот. Ама му нанел штета само на оној што, според него, веќе му наштетил.

Можеби, само можеби и на атмосферата во тимот. И себеси.Фактот што некој нешто крие долго време веќе со себе носи сомнеж за калкулација. Тоа селекторот на годината што заврши пред еден месец мора да го пресметал кога решил да го подели резилот со сите. И пресметал: ќе го уништам или ќе му се одмаздам на играчот, макар и по цена на македонските јунаци од Хрватска да им го одземам ореолот на спортски идоли.

Зошто миејќи ја својата рана, видлива или не, отвори нови, повалкани, посмрдливи? Кој сака идоли со такви атрибути? Не знаеме дали и годинава селекторот ќе биде селектор на годината. Ама знаеме, приказната ќе беше сосема поинаква ако селекторот имаше доблест, а очигледно ја немал, да реагира навреме. Вака ги уби своите. Најповикуваниот е со поголема вина.

П.С. Матичар или поп пред венчавка прашува: кој има нешто сега да каже нека каже или нека молчи навек. За мир во куќа. И среќна иднина.


http://www.skok.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=731&mid=213&tabId=1&tabindex=0
 
потполно се сложувам со постот над мене не го оспорувам нашиот историски успех на првенството и доколку некој ми го понудеше пред почетокот сигурно би го прифатил но факт е доколку имавме тренер од калибарот на оној од женската репрезентација Глигоров, Савевски, Вујчиќ(во наши рамки) или ако имавме тренер како Лино Червар сигурен бев дека ќе дотуркавме многу подалеку а зошто не и во полуфиналето вака со Филип Лазаров во нападот толку се можеше, се сложувам со Кире дека тогаш пред нас ќе стоеше императив да го повториме истиот успех но зошто не би ја зграбиле таа прилика се сомневам дека некој би пропуштил полуфинале ако е до мене веднаш би го сменил сегашниот тренер едноставно нема храброст и психичка способност човекот да биде тренер на оваа репрезентација би го ставил Вујчиќ и би ги вратил во репрезентацијата Стојановиќ, Јоновски и Бранко Ангелковски
 
Топлку го отупевте со тој македонски менталитет што наумче сакал да го пикне брат му во репрезентација
А што ќе кажете што друг го крои списокот за репрезентативци а трењерот е пиун на некој над него со многу пари или пак уцени?
Тоа не е македонски менатлитет? Тоа не е полошо ајде еве и да не се знае тоа дали Наумче ќе се откажел од репрезентација заради тоа фактот што некој друг го крои списокот е сигурен!
Вие како ќе се чувствувате да сте лидер на репрезентација и на другарот (во случајов кире) му го пикаат брат му во состав поради Х-причини и нема да посакате и вашиот брат кој може да се снајде подобро од тој (филип лазаров) да се најде во составот кој уште еднаш ќе потврдам мислење на другите беше прекраток во споредба на другите репрезентации! Или вие сепак би замижале пред таква неправда кај што не се бира најдоброто за земјата туку се бираат одлуките на моќниците .
Темелков е ужасен трењер сега сите ќе почнете да викате по мене ама 11 место голем успех???? Па да го кажете тоа на некој од странство ќе ви се смее! Сега ќе почнете политичи да ми одговарате дека ја сплоти нацијата да ја сплоти ама на крајот сите бевме малце незадоволни поради Х лоши одлуки на раководството кое дирекно се резултира и на играта!
Зашто на Вујович никој не може да му кажува кој да игра кој да неигра затоа во македонија нема има слога затоа што секогаш се јавува некој моќен кој ги влече конците во целата работа .Затоа ја почитувам одлуката на Наумче кој покажа заби и изјави дека може ќе се повлече ! ИАКО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ ОСТАНЕ зашто највише го поштувам од репрезентација игра со СРЦЕ!
 
па сигурно е дека бевме разочарани после се што се случи да бевме прв пат на свеско по 10 години но покажавме дека имаме добра репрезентација која за жал е водена од погрешен човек и се издиригирани погрешни играчи кога веќе бевме на светско требаше да ја зграбиме приликата и да настапиме со најдобриот тим и со добра тактика која како воопшто и да ја немавме факт е дека немавме цврста рака на клупати а тоа не чинеше понизок пласман
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom