Мене тоа ми е јасно дека он не е добар, ама знае повеќе од тебе.
Еден совет од мене...у животот немој да јадеш гомна за другите, ако неможеш тоа подобро да го направиш од нив.
Што се однесува до тајмаутите, ако сакаат и тетрис нека играат сите на тајм-аут, ако следниот напад дадат гол тоа за мене е добро.
Не ни се допаѓа како го водеше тимот, имаш проблем со тоа?
Сите јавни личности се подложни на јавна критика. Затоа го коментираме и Катанец, и Темелковски... Наше право, како навивачи е да бидеме или не бидеме задоволни, и да го кажеме нашето мислење. Спортот се игра за навивачите, да не беше така трибините ќе беа празни. Не знаеме повеќе од нив, но знаеме дека има подобри од нив. Затоа не ни држи лекции и не не просветлувај со твоето мислење, спортот е таков: спортистите играат, а навивачите кометнираат.
Треба ли да бидеме задоволни што имаме селектори на кои друг им го крои составот? Треба ли да бидеме задоволни што докажани играчи не се во составот кога најмногу ни требаат, а играат класа послаби играчи од нив? Треба ли да бидеме задоволни што со ваквиот избор, еден куп играчи грееја клупа додека другите се повредуваа и немаа сила да го завршат турнирот. Треба ли да бидеме задоволни што играчите не ни се враќаат назад после загубена топка (еднаш е нивна вина, ама ако тоа го прават цел турнир, чива е?). Треба ли да бидеме задоволни што упорно се форсираа играчи на кои не им оди?
Ако си ти задоволен ОК. Не има многу кои не сме. Фино е што си бил задоволен ако после тајмаутот сме даделе гол, без разлика што таму басни им раскажуваше селекторот. Само колку голови дадовме после тај-маути, и дали некогаш ја свртивме играта во наша корист?
Овој селектор неодоливо потсетува на Андон Дончевски, кој на фудбалерите на полувреме им вадеше слики од Гоце Делчев и Даме Груев, и им викаше: “Ајде патриоти!“. Се е тоа супер, мотивација на ниво. Ама за играта некој нешто да кажеше...?
ЕДИТ:
Савески и Магдинчев.