Сепак не воскреснал?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Извини, веројатно ми зборуваш за Храмот на гробот Исусов ... јас те разбрав дека се пронајдени докази за неговиот „вистински“ гроб ... а под гроб јас подразбирам место каде што почива телото.
И не ми одговори која црква. Така како што ти ја именуваш може да биде било која ... православна, католичка,... сите тие за себе ги искажуваат тие епитети, т.е. дека се они оние вистинските, и покрај тоа што се знае која е вистинската.

1. А има и лажен гроб Исусов? Дај брзо, доказ за истиот.
2. Телото Исусово воскресна, така да не барај остатоци од истото.
3. Веќе ти одговорив: Симболот од православната Црква, исповеда „...Една, Света, Соборна и Апостолска Црква...„ и таа формулација е својствена за православниот начин на исповедање на христијанството, а не за било која заедница, која самата себе се именува како „црква„.
4. Само Една Црква може да е вистинска, оти само една е вистината, а надвор од вистината, постојат полувистината и лагата.

Никогаш не е забележено каде е точно гробот на Исус. Ниту било кој од раните христијански писатели го споменал дека воопшто се знаело каде е. Самиот свети Павле кој во ерусалем одел кај братот на Исус никогаш не споменал за гробот на Исуса. И така се до 4ти век кога оп одеднаш се најде гробот. Нит се знае со сигурност кој ниту како го нашол.

А тој огнот што се јавува?
Сигурно е од духот свет?
да не е од некој друг бог?

Дали тој оган се преставил некако ?

На еден шо работеше порано кај нас дома еден ден му се јави огнот во оџакот, арно беше дома, викенд беше инаку се ќе му изгореше. Дали можеби тука не е гробот на Исус а тој оган да е оној вистинскиот од светиот дух???

Не бе, од Озирис е....Хмммм, а може и од Митра да е, поим немам...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
1. А има и лажен гроб Исусов? Дај брзо, доказ за истиот.
Тој во ерусалем. Над кој е изградена црквата. Нит се знае кој ни кога ни зошто тамо му текнало дека е гробот. 3 века никој не знаел ниту се интересирал каде е гробот и сега одеднаш оп базилики оп цркви оп огновги.

Симболот од православната Црква, исповеда „...Една, Света, Соборна и Апостолска Црква...„ и таа формулација е својствена за православниот начин на исповедање на христијанството, а не за било која заедница, која самата себе се именува како „црква„.
4. Само Една Црква може да е вистинска, оти само една е вистината, а надвор од вистината, постојат полувистината и лагата.
Кој и да верник од било која од многуте христијански цркви седне да пишува едно е сигурно. Неговата црква е она оригиналната, она која визтинскиот пат за спасение го нуди и која единствена е доследна и точна во толкувањата на светите писма.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тој во ерусалем. Над кој е изградена црквата. Нит се знае кој ни кога ни зошто тамо му текнало дека е гробот. 3 века никој не знаел ниту се интересирал каде е гробот и сега одеднаш оп базилики оп цркви оп огновги.
.
И оп! Еве уште еден кој непрекидно бара докази. И оп! Еве уште еден кој бара да Го види Христа! И оп! Еве уште еден кој, кога би Го видел Христа, би посакал пак да Го распне!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
И оп! Еве уште еден кој непрекидно бара докази. И оп! Еве уште еден кој бара да Го види Христа! И оп! Еве уште еден кој, кога би Го видел Христа, би посакал пак да Го распне!
И оп еве уште еден кој непрекидно сака да докаже а нема со што.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Добро, пошто мудро заклучи дека Он „у ставри„, ни случајно не воскресна, оти, ете, немаме медицински докази за тој настан, ај сеа (мудро) да ја заклучиме темава.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Добро, пошто мудро заклучи дека Он „у ставри„, ни случајно не воскресна, оти, ете, немаме медицински докази за тој настан, ај сеа (мудро) да ја заклучиме темава.
Не може да се заклучи тема додека има такви кои тврдат без медицински докази дека умрел па воскреснал.

Ако нема медицински доказ дека умрел, како може да се зборува за некакво воскреснување. Секој може да тврди дека знае некого дека воскреснал. Оди денес пробај да земиш нечие наследство без доказ дека умрел со печат и потпис од лекар и издадена умрлица во општина. Не можеш ни овоштарник од 2000 евра да земиш така на збор а камоли да создаваш верска оргнизација и прибираш пари од народот на “жими мајка“.
 

sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
:nesvest:

Па ти пишав како настапила смртта. Ти дадов медицински доказ. Шо уште сакаш? Дај не го натегај сега.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
:nesvest:

Па ти пишав како настапила смртта. Ти дадов медицински доказ. Шо уште сакаш? Дај не го натегај сега.
Смртта на крстот настанува по 2-3 дена а кај физички посилните може и до недела дена. Дури и самиот Пилат се чуди кога само по сат два му јавуваат дека Исус е мртов. Али не е само тоа сомнително, Види сега ваму:

На распнување се осудувале неприатели на Рим, тоа беше најтешката казна, и распнуввањето се изведувало или пред градски порти или долж патиштата каде се движел народот за да служи како опомена. Исус за прв пат во историјата на Рим и на казнувањето е распнат на проиватен имот, во некоја бавча
Откако ќе умреше на крст осуденикот бил фрлан во заедничка гробница, некогаш и по неколку дена по смртта кога веќе ќе почнеле да се распаѓаат а мршојадците да ги колваат. Телото на Исус му е даено на некој си Јосиф кој не му бил дури ни роднина. Скандалозно кршење на римските закони и обичаи
Значи целата таа прикаска околу распнувањето е мнооогу сомнителна, (да не зборуваме за низа прекршени закони и обичаи или споменување на непостоечки) за време на судењето на Исус како кај Евреите така и кај Римјаните. Али тоа лепо проаѓа кај просечен верник за кого Рим, Галилеја, Пилат, Јудеја... се некои замислени бајковити места но не проаѓа кај некој кој ги знае и историјата на тоа време и обичаите и правото и географијата.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Според Исламот ниту го распнале, ниту го убиле, а ниту воскреснал, туку Аллах го воздигнал.

«I zbog riječi njihovih; Mi smo Isaa sina Merjemina, Allahova poslanika ubili, a nisu ga ni ubili niti su ga razapeli nego im se pričinilo, oni koji se razilaze u mišljenju i oni sami su u sumnji, oni o tome ne znaju ništa nego samo slijede pretpostavke, a oni ga nisu ubili zasigurno.Vec ga je Allah uzdigao Sebi. -a Allah je silan i mudar." (En-Nisa, 157,158)
 

sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Смртта на крстот настанува по 2-3 дена а кај физички посилните може и до недела дена. Дури и самиот Пилат се чуди кога само по сат два му јавуваат дека Исус е мртов. Али не е само тоа сомнително, Види сега ваму:

На распнување се осудувале неприатели на Рим, тоа беше најтешката казна, и распнуввањето се изведувало или пред градски порти или долж патиштата каде се движел народот за да служи како опомена. Исус за прв пат во историјата на Рим и на казнувањето е распнат на проиватен имот, во некоја бавча
Откако ќе умреше на крст осуденикот бил фрлан во заедничка гробница, некогаш и по неколку дена по смртта кога веќе ќе почнеле да се распаѓаат а мршојадците да ги колваат. Телото на Исус му е даено на некој си Јосиф кој не му бил дури ни роднина. Скандалозно кршење на римските закони и обичаи
Значи целата таа прикаска околу распнувањето е мнооогу сомнителна, (да не зборуваме за низа прекршени закони и обичаи или споменување на непостоечки) за време на судењето на Исус како кај Евреите така и кај Римјаните. Али тоа лепо проаѓа кај просечен верник за кого Рим, Галилеја, Пилат, Јудеја... се некои замислени бајковити места но не проаѓа кај некој кој ги знае и историјата на тоа време и обичаите и правото и географијата.
Абе не кини зелени. Се знае дека Исус бил распнат на Голгота, каде што биле распнувани и другите осуденици. Не ми вади некои "факти" од книги од типот на "Кодот на Да Винчи".

Па и тебе толку да те камшикуваат, да те шамараат, да ти стават венец од трње, да крвариш додека носиш крст на рамо, да те распнат секако дека ќе умреш за саат-два. Ти знаеш колку Исус искрварел? Ако не умрел од самото распнување, тогаш тоа било поради хиповолемичниот шок и евентуално поради прободувањето во градите.

Не мора да значи дека умирале неколку дена. Таман работа!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Абе не кини зелени. Се знае дека Исус бил распнат на Голгота, каде што биле распнувани и другите осуденици. Не ми вади некои "факти" од книги од типот на "Кодот на Да Винчи".
41. На она место, кеде што беше распнат, имаше градина и во градината - нов гроб, во кој уште никој не беше полаган“

Јован 19

Исус беше распнат во нечија градина во која имаше и нов гроб. Е сега пошто гледам абер немаш од историја обичаи и закони, градина, то ти е дете приватен имот нечиј а тоа дка во неа имало гроб, значи дека му припаѓала на некој богат човек, во тоа време богатите можеле да си дозволат да си имаат свој гроб во свој двор или градина.

ПС
Сите осудени на распнување беа камшиковани, смртта за да настани брзо обично му се кршеа нозете на распнатиот да не можат да му даваат потпора на горниот дел од телото и да намалат оптеретувањето на градниот кош, на Исус не му биле скршени нозете, тој што е исто така чудно умира кога му принесуваат сунѓер со оцет, тој се давал да му се поврати силата на распнатиот голтка оцет па дури и миризбата моментално делува да го освести и даде силе на истоштеното тело.
Но кај Исус се беше наопаку. Од судењето од распнувањето од умирањето и предавањето на телото. Дури не беше дозволено народот одблиску да го следи распнуавњето !! Каков парадокс да Римјаните кои распнувањето го извршуваа јавно пред публика со цел да се застраши ги држат насобраните далеку... можеби да не се види кој е распнат или да не се види дали е Исус “сома“ како го нарече Јосиф наместо “птома“ како го нарече Пилат ???? “А сите негови познати, и жените, што Го следеа од Галилеја стојеа подалеку и го гледаа тоа“ Лука 23, 49
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
1. А има и лажен гроб Исусов? Дај брзо, доказ за истиот.
2. Телото Исусово воскресна, така да не барај остатоци од истото.
3. Веќе ти одговорив: Симболот од православната Црква, исповеда „...Една, Света, Соборна и Апостолска Црква...„ и таа формулација е својствена за православниот начин на исповедање на христијанството, а не за било која заедница, која самата себе се именува како „црква„.
4. Само Една Црква може да е вистинска, оти само една е вистината, а надвор од вистината, постојат полувистината и лагата.
Слушај ... случајно ја видов темата и твојата порака па велам да прашам, воопшто не мислев да полемизирам со тебе, не се ова теми кои бараат полемика туку безрезервно поклонение.

1. Ти објаснив убаво зошто така го формулирав прашањето ... никаде не споменав ништо лажно нели?
2. Не барам
3-4. Истата формулација се случува да ја користат и други цркви освен Православната. Господ знае кој е во право и можеби еден ден и ќе ја каже вистината, ако воопшто реши да се замара со такви безначајни прашања и посебно со луѓе кои си земаат за право да се издигаат над другите.

Како и да е ... фала на одговорот.
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
500
Поени од реакции
282
Вака сеа нејкам некој да ме квалификува како атеист зошто не сум. ЈАс сум православен христијанин и си останувам на мојата верба.
Ама разгледувајки литература најдов интересен податок сеа ке ви наведам.

Како што сите знаеме библијата не оргинал напишана на старо грчки туку на старо хебрејски, и нормално во преводот има лошо преведени зборови.

Исус е проста грчка верзија на еврејското име Јешуа(Јехошуа-онај кој ке дари победа).
Зборот Христос е грчки превод на зборот "месија"(носител на спасување преку искупување на гревови.)
Сега проблемот се јавува што зборот месија на еврејски и арамејски не значи исто туку значи "човек кој ке стане законит цар на Евреите". За нив зборот месија значел иден цар.

Исус Христос = Исус, иден Цар

Сите знаеме дека Исус бил пред суд и лугето требало да одлучет кој да спасат Исус или Варава. Го спасиле Варава(Bar-ava). Сега друго, поинтригирачкото:

Со најмало познавање на јазикот од тоа време секој може да разбере дека Варава не е име туку титула што значи "син божји" Бар значи син, а Ава татко. Како и денес така и тогаш се користел терминот Отец,Татко за Бог.

Според Евангелието по Mатеј Во стихот 27:16 има спомнато дека целото име на овај човек е "Исус Варава".

Според ова лицето кое било ослободено било Исус, Син божји.

:toe::toe::toe:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Слушај ... случајно ја видов темата и твојата порака па велам да прашам, воопшто не мислев да полемизирам со тебе, не се ова теми кои бараат полемика туку безрезервно поклонение.

1. Ти објаснив убаво зошто така го формулирав прашањето ... никаде не споменав ништо лажно нели?
2. Не барам
3-4. Истата формулација се случува да ја користат и други цркви освен Православната. Господ знае кој е во право и можеби еден ден и ќе ја каже вистината, ако воопшто реши да се замара со такви безначајни прашања и посебно со луѓе кои си земаат за право да се издигаат над другите.

Како и да е ... фала на одговорот.
Молам.

П.С. Самиот го спомена изразот „...„вистински„ гроб....„ (во знак наводник), што автоматски значи изразување сомнеж во постењето на вистинскиот гроб.
 

sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
41. На она место, кеде што беше распнат, имаше градина и во градината - нов гроб, во кој уште никој не беше полаган“

Јован 19

Исус беше распнат во нечија градина во која имаше и нов гроб. Е сега пошто гледам абер немаш од историја обичаи и закони, градина, то ти е дете приватен имот нечиј а тоа дка во неа имало гроб, значи дека му припаѓала на некој богат човек, во тоа време богатите можеле да си дозволат да си имаат свој гроб во свој двор или градина.

ПС
Сите осудени на распнување беа камшиковани, смртта за да настани брзо обично му се кршеа нозете на распнатиот да не можат да му даваат потпора на горниот дел од телото и да намалат оптеретувањето на градниот кош, на Исус не му биле скршени нозете, тој што е исто така чудно умира кога му принесуваат сунѓер со оцет, тој се давал да му се поврати силата на распнатиот голтка оцет па дури и миризбата моментално делува да го освести и даде силе на истоштеното тело.
Но кај Исус се беше наопаку. Од судењето од распнувањето од умирањето и предавањето на телото. Дури не беше дозволено народот одблиску да го следи распнуавњето !! Каков парадокс да Римјаните кои распнувањето го извршуваа јавно пред публика со цел да се застраши ги држат насобраните далеку... можеби да не се види кој е распнат или да не се види дали е Исус “сома“ како го нарече Јосиф наместо “птома“ како го нарече Пилат ???? “А сите негови познати, и жените, што Го следеа од Галилеја стојеа подалеку и го гледаа тоа“ Лука 23, 49
Јован 19:
1 Тогаш Пилат Го зеде Исуса и Го бичуваше.
2 А војниците исплетоа венец од трња, Му го ставија на главата и Го наметнаа со пурпурна облека,
3 и се приближија до Него и велеа: „Здраво, Јудејски Цару!” И Му удираа плесници.
4 Потоа Пилат излезе пак и им рече: „Еве, Го изведувам пред вас, за да знаете дека не наоѓам никаква вина во Него.”
5 А Исус излезе надвор, носејќи трнов венец и облека. И Пилат им рече: „Еве Го Човекот!”
6 Но, кога првосвештениците и нивните службеници Го видоа, извикаа, велејќи: „Распни! Распни!” Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам вина во Него.”
7 Јудејците Му одговорија: „Ние имаме Закон и според Законот Тој треба да умре, зашто Сам се направи Божји Син.”

17 А Тој, носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота;
18 каде Го распнаа, и со Него други двајца
, од едната и од другата страна, а Исуса во средина.
19 А Пилат напиша и натпис и го стави на крстот; а беше напишано: „Исус Назареец, Јудејски Цар.”
20 Натписот го прочитаа мнозина Јудејци, зашто местото, каде беше распнат Исус, беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, латински и грчки.

28 По ова Исус, знаејќи дека е свршено сè, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден Сум!”
29 Таму имаше сад, полн со оцет; тогаш закачија на трска сунѓер наквасен во оцетот и Му поднесоа до Неговата уста.
30 Штом Исус го прими оцетот, рече: „Се сврши!” па ја наведна главата и го предаде духот.
31 Бидејќи беше ден на Подготовка, Јудејците, за да не останат телата на крстот во сабота - зашто таа сабота беше голем ден - го замолија Пилата да им ги скршат колената и да ги симнат.
32 Затоа војниците дојдоа и им ги скршија нозете на првиот и на вториот, кои беа распнати со Него;
33 и кога дојдоа до Исуса и видоа дека е веќе умрен, не Му ги скршија нозете,
34 туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода.
35 И очевидецот посведочи, и неговото сведоштво е веродостојно, и тој знае дека зборува вистина - за да верувате и вие.
36 Имено, сè ова се случи, за да се исполни Писмото: „Неговата коска нема да се скрши.”
37 А на друго место Писмото вели: „Ќе гледаат на Оној, Кого Го прободоа!”

41 А на местото, каде беше распнат, имаше градина и во градината нов гроб, во кој уште никој не беше положен.
42 Таму Го положија Исуса, поради јудејското Подготвување, зашто гробот беше близу.


Е не беа сите камшикувани. Прво Пилат го казни Исус, со надеж дека тоа ќе ги задоволи Евреите, но тие бараа и да биде распнат.

Значи гробот бил во градина близу Голготскиот рид.

Многу луѓе беа сведоци на распнувањето, тоа не беше тајно, за разлика од Неговото судење од страна на фарисеите кое беше направено навечер и на погрешното место.


И не ги читај евенагелијата селективно, како ти одговара.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom