Сепак не воскреснал?

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
За гробот на Исус не се знае каде е.
Ниту 3 века по неговата смрт некој пишуваше за гробот ниту се знаеше каде е ниту се одеше на поклоненије... тоа е новотарија.
На пример за Јакова (братот на Исус) се знаеше дека е убиен, каменуван и дека неговиот гроб беше посетуван пошто го сметаа за свет човек но за гробот на Исус... ни збор.

Гробот Исусов се знае каде е и врз него е изграден храмот, во кој на секој Великден, слегува Духот Свет, во облик од оган кој не согорува. И ај троа фати поднаучи и не „набадај„ дезинформации по форумов: тоа што за тебе е научна фантастика и непознаница, за другите не е...

Не не се во заблуда пошто сите тие си имаат пишани или усмени докази за постоење на нивниот бог или богови

Не јас не сум во заблуда пошто имам цврсти докази за моите тврдења

Исус е исто толку реален и постоел (базирано на докази) како што постоал и Мазда, Озирис, Јупитер, Посејдон, Один, Сварог, Баал....

Лет3, твојата самозаблуда е неспоредливо поголема во однос на онаа во која се валкаат припадниците на наведените религии: тие припадници, барем се дел од одреден уреден систем и заедница, а ти си надвор од сето тоа...
 
Гробот Исусов се знае каде е и врз него е изграден храмот, во кој на секој Великден, слегува Духот Свет, во облик од оган кој не согорува. И ај троа фати поднаучи и не „набадај„ дезинформации по форумов: тоа што за тебе е научна фантастика и непознаница, за другите не е...

Адреса може?
Само да не е:
ул. „Имагинација“ бр. ∞,
4635 Набадања
MИКИ1
 
А каде е запишано и кој запишал како баш на тоа место се докажа дека е Исусовиот гроб?
Јас знам дека 300 години по смрта на Исус никој ниту пишуваше за гробот ниту знаеше каде е а одеднаш оп еве го гробот. Сигурно постојат пишани докази или текстови кои опишуваат кој како и кога покажал на одредено место и рекол “ова е гробот на Исус“

Дај малце (дез)информации
 
А каде е запишано и кој запишал како баш на тоа место се докажа дека е Исусовиот гроб?
Јас знам дека 300 години по смрта на Исус никој ниту пишуваше за гробот ниту знаеше каде е а одеднаш оп еве го гробот
Ниту знаеја кога е роден.
 
Адреса може?
Само да не е:
ул. „Имагинација“ бр. ∞,
4635 Набадања
MИКИ1

А бе може, како не можело, само ти изрази желба...

А каде е запишано и кој запишал како баш на тоа место се докажа дека е Исусовиот гроб?
Јас знам дека 300 години по смрта на Исус никој ниту пишуваше за гробот ниту знаеше каде е а одеднаш оп еве го гробот. Сигурно постојат пишани докази или текстови кои опишуваат кој како и кога покажал на одредено место и рекол “ова е гробот на Исус“

Дај малце (дез)информации

Ајде, ти одговори ми на овие прашања:

- а каде е....
- а каде не е...
- а зашто е вака...
- а зашто не е така...
- а може требаше да биде онака...
- или може не требаше...

И така натаму...

Ниту знаеја кога е роден.

Еве, Redneck Rebel не знае....
 
Ајде, ти одговори ми на овие прашања:

- а каде е....
- а каде не е...
- а зашто е вака...
- а зашто не е така...
- а може требаше да биде онака...
- или може не требаше...

Овие прашања не се од сега, овие прашања постојат со векови само што порано не се смееше да се праша за да не дојде во искушение светата црква да ти ја спасе душата од такви грешни мисли со помош на оган, меч или јаже.
Црквата нема одговор на нив пошто и не може да го најде во книгите. Затоа и постои терминот ДОГМА. Тоа значи дека, шпекулација е прогласена за света вистина која не се проверува не се испитува не се подлага на анализа.
 
Да, овие прашања се од преѓеска, а за сите битни у душоспасителни прашања и потреби, Црквата има одговори уште пред твоето раѓање.
 
Да, овие прашања се од преѓеска, а за сите битни у душоспасителни прашања и потреби, Црквата има одговори уште пред твоето раѓање.

Која црква?
Има многу. Која е таа која го има оној вистински најточен одговор?
Преку која црква преку чии црквени тајни обреди и благослови е најсигурен патот до спасението
 
Да, овие прашања се од преѓеска, а за сите битни у душоспасителни прашања и потреби, Црквата има одговори уште пред твоето раѓање.

Се извинувам што се замешувам сред надмудрување и препукување ... само ме интересира, пошто читам дека имаш одговор на прашањето „каде е“ .... дали би можел да ми го кажеш одговорот? Однапред сум ти благодарен.
 
Прецизирај го прашањето...
 
Ерусалим, со храм изграден врз гробот, во кој на секој Великден, се случува јавувањето на Духот Свет.
А тоа го вели Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.
 
Ерусалим, со храм изграден врз гробот, во кој на секој Великден, се случува јавувањето на Духот Свет.
А тоа го вели Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.

Извини, веројатно ми зборуваш за Храмот на гробот Исусов ... јас те разбрав дека се пронајдени докази за неговиот „вистински“ гроб ... а под гроб јас подразбирам место каде што почива телото.
И не ми одговори која црква. Така како што ти ја именуваш може да биде било која ... православна, католичка,... сите тие за себе ги искажуваат тие епитети, т.е. дека се они оние вистинските, и покрај тоа што се знае која е вистинската.
 
Ерусалим, со храм изграден врз гробот, во кој на секој Великден, се случува јавувањето на Духот Свет.
А тоа го вели Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.

Никогаш не е забележено каде е точно гробот на Исус. Ниту било кој од раните христијански писатели го споменал дека воопшто се знаело каде е. Самиот свети Павле кој во ерусалем одел кај братот на Исус никогаш не споменал за гробот на Исуса. И така се до 4ти век кога оп одеднаш се најде гробот. Нит се знае со сигурност кој ниту како го нашол.

А тој огнот што се јавува?
Сигурно е од духот свет?
да не е од некој друг бог?

Дали тој оган се преставил некако ?

На еден шо работеше порано кај нас дома еден ден му се јави огнот во оџакот, арно беше дома, викенд беше инаку се ќе му изгореше. Дали можеби тука не е гробот на Исус а тој оган да е оној вистинскиот од светиот дух???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom