Дали 22 Јули треба да стане државен празник?

  • Да, тоа е значаен ден за македонската историја.

    Гласови: 33 56,9%
  • Доста ни се празници, а и не би сакале да ги провоцираме Грците.

    Гласови: 15 25,9%
  • Незнам

    Гласови: 10 17,2%

  • Вкупно гласачи
    58

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
123
Дали сметате дека роденденот на најголемиот македонски и светски освојувач и космополит по убедување, Александар Македонски треба да се слави како национален празник во Македонија? Или мислите дека доста ни се и овие празници што ги имаме?
 
Па мислам дека нема потреба бидејќи Александар не е единствен голем Македонец.Тогш треба да го направиме државен празник и 4 февруари роденденот на Гоце Делчев итн. итн.
 
Дефинитивно

ДА!
 
Потпишвам.:wink:
 
Александар не е единствен голем Македонец (за среќа), меѓутоа е најзвучното и најславното име од македонската историја, заслужен за создавањето на македонската империја, но и човек-космополит кој сакал да создаде светска заедница на народите (идеја украдена од денешнава ЕУ, но и од ООН). Така, да историски гледано Александар има поголема улога од Гоце (кој е исто така светол пример за саможртва и бескраен патриотизам), па затоа според мене заслужува ден посветен на неговото дело.
 
A rodendenot na Amdi Bajram da go slavime kako drzaven praznik, a?
Poznat kako Coca Cola e covekot.
 
Сакате да ги провоцираме грците и никад да не влеземе у ЕУ и НАТО? :(

Срам ве било за вакви идеи!

П.С
Еве гледам и сограѓаните албанци имаат против.
Да не ги лутиме :(
 
Ако е за провокација на Грциве, досега милион пати ги "испровоциравме" (иако за нив секое спомнување на поимот Македонија е провокативно), па ова не ќе е ни прв пат, ни последен. Инаку зошто да не би имале празник посветен на Александар? Па тој не е Грк, тој е Македонец, уште подобро тој е светски граѓанин, неговата големина може да ја споделува цел свет, а зошто не би можеле ние, неговите потомци?

За Албанците нема што да се лутат, па и ние не се лутевме на поставувањето на огромниот споменик на Скендербег во Чаир. Александар Македонски е космополитска личност сватете, тој ни припаѓа на сите, тој може само да не зближи, а не да не раздвои.
 
Мислев дека иронијата во постот ми е очигледна :)

И за да нема вакви недоразбирања, прво не знам како до сега не стана државен празник и второ, ДА, секако дека треба да се слави како таков. Излишно е да се наведуваат причините за тоа.
 
Дали сметате дека роденденот на најголемиот македонски и светски освојувач и космополит по убедување, Александар Македонски треба да се слави како национален празник во Македонија? Или мислите дека доста ни се и овие празници што ги имаме?

Идејава твоја е или?Уште малку нема да останат денови за работа. Па се прогласивме за празници.А Албанците ќе побараат некој празник за Скендербег пошто и тие имаат празници на знамето ќе треба годината да ја продолжиме на 400 дена најмаку.Малку ќе да се 365.
 
Да, тоа е значаен ден за македонската историја.
ДА, но немора да е државен празник. Денот да се одбележи достоинствено и масовно, да се осмисли како да се направи тоа.
 
E so vo Juli, da bese koga odeme na skolo neka go stavea, ama sega vo juli ne odime na skolo i isto mi e
 
па од една страна сум за да се слави ама од една не затоа што така како што кажаа и погоре би требало на Гоце Делчев и на некои други личности
 
Мислев дека иронијата во постот ми е очигледна :)

И за да нема вакви недоразбирања, прво не знам како до сега не стана државен празник и второ, ДА, секако дека треба да се слави како таков. Излишно е да се наведуваат причините за тоа.

1. Очигледно јас не ти ја сватив иронијата, се извинувам :smir:

Идејава твоја е или?Уште малку нема да останат денови за работа. Па се прогласивме за празници.А Албанците ќе побараат некој празник за Скендербег пошто и тие имаат празници на знамето ќе треба годината да ја продолжиме на 400 дена најмаку.Малку ќе да се 365.

2. Идејата е моја лично (не дека јас прв ја измислив, сигурно има илјадници Македонци кои го посакуваат истото). Ако не ти се допаѓа предлогот слободно гласај си за втората опција, но јас со мојот пост мислев да кажам дека покрај актуелниеве празници, добро би било и еден ден да посветиме на Александар Македонски. Пак ќе повторам најзначајниот Македонец во историјата (затоа не ми прави споредби со Скендербег и останатите, не му се достојни тие).
 
Во време кога грците градат споменици на Александар низ светот, кога владата со декрет наредува Северна Грција да ја ословуваат само како Македонија, и кога, општо, се во најинтензивната офанзива, НАЈМАЛКУ што може да сториме е да го славиме денот на раѓањето на овој голем Македонец.
 
Back
На врв Bottom