Бранко.....седи, не ме радуј!

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Црвенковски повика умните да не молчат
647032C60336444D8F006602CC437013.jpg

Црвенковски беше модератор на трибината, на која учествуваа Абдулменаф Беџети, Леонид Наков, Ѓунер Исмаил и Бранко Героски

Шефот на државата, Бранко Црвенковски, е загрижен поради тоа што владее молк кај интелектуалната и научната елита во државата. „Имаме ли ние интелектуална и академска елита која треба да проговори за тоа во кој правец се движи државата“, праша претседателот Црвенковски на вчерашната трибина на тема „Македонија - предизвици и перспективи“, на која тој беше модератор.

Црвенковски е во дилема дали станува збор за индиферентност или можеби за страв да не го навлечат гневот на актуелната власт поради јавно искажан став. За претседателот е нејасно како може „во вакво историско време кога државата минува низ големи премрежиња умните глави во храмот на мудроста да молчат“. Потписите на тројцата ректори на трите универзитети во државата на кандидатурата на еден од учесниците во претседателските избори, според Црвенковски, ја става под голем прашалник автономијата на највисоките образовни институции.

Претседателот на вчерашната трибина, која се одржа во скопското кино „Милениум“, повика неколкумина професори и политички аналитичари: Абдулменаф Беџети, Леонид Наков, Ѓунер Исмаил и Бранко Героски, за да го слушне нивното мислење за предизвиците пред кои е исправена државата. Црвенковски изрази жалење што дури и бизнис-климата е таква што „е добро полтронски да поддржуваш една политика отколку да и' се спротивставиш“, па стопанствениците не реагираат „што Владата е најголемиот бизнисмен во државата“. Тој нагласи дека за демократското здравје на државата е особено лошо што се' повеќе се загрозува слободата на медиумите.

Во тој контекст, новинарот Героски рече дека е срамно тоа што првпат се случи „гласот божји да проговори од националната телевизија“.

Тој е на мислење дека авторитарниот концепт на владеење со елементи на деспотизам самиот ќе се доведе до бесмисленост. „Власта крева споменик на Александар Македонски, а ние не ќе можеме да погледнеме до копитото на Букефал“, рече Героски.

Според аналитичарот Исмаил, актуелната власт ја води политиката со една хистерија и намерно ја провоцира Грција, со што ги разоружува нашите пријатели во светот да ни помогнат. Тој смета дека ова не се прави поради неискуство и незнаење, туку е во служба на интересите на некои други земји. Но, не посочи на кои држави мисли.

Професорот Беџети е убеден дека нашиот проблем е во тоа што имаме криза во стандардите на демократијата. Притоа спомена дека се нарушени институциите на системот, самостојноста на Народна банка и на регулаторните тела. Беџети нагласи дека економскиот прогрес на државата е во правопропорционална врска со евроинтегративните процеси. А во прилог на ова тврдење го посочи напредокот на Бугарија и на Романија во последните години.

Професорот Наков нагласи дека ниту една власт не смее да размислува дека интегрирањето на државата треба да биде пролонгирано. (О.В.)


извор ``утрински``


ај да речам све ок , ама кој му е стандардов на вирусов за ``умни``?Кој се умните а а а а? И ДАЛИ БИ БИЛЕ УМНИ АКО ДОЗВОЛАТ БРАНКО ДА ГИ ПОВИКА НА АКЦИЈА?
 
Сигурно мисли за умните мисли на МАНУ и другата стручна интелектуална маса во државата која е многу повлечена и чест на исклучоци не излегува воопшто во јавноста да каже свое мислиње за работите битни за земјава и народот во неа.
 
Фалело уште Дора Бакојани и Красимир Кура... овај Каракачанов да го викне
 
Аууу трибина брате...посебно тој штакорот Герошшшки.Да сакат некој да ја згазнит таа бубачка ќе одговарат како за чоек.
 
Нашол кој кога и со кого да дискутира на трибинава. Одбор дружина и просветлители :salut:
 
Таман мислев да си легнам и диареа ме фати, што ти требаше ова ѓубре доцна во ноќта да го извадиш.
 
Е кој да го викне бе,Ѓорѓе заменикот секако не му иди,Керим му е лут,а на Љубе му е испод чест да седат заедно,оти повеќе со Буле си го имаат нати-дајми.:pos2:
 
Е кој да го викне бе,Ѓорѓе заменикот секако не му иди,Керим му е лут,а на Љубе му е испод чест да седат заедно,оти повеќе со Буле си го имаат нати-дајми.:pos2:

а за водата прозбореа нешто?
 
а да ангажираме некој од Ал-Каеда да ни среди со грциве? да не фрламе залудно пари за патувања хотели и чуда..и така од гвантанамо ке добиеме некој :pos2:
 
Не го цитирале правилно:

Во тој контекст, новинарот Героски рече дека е срамно тоа што првпат се случи „глашшшот божррљљји да прррљљшшоговорххииххи од начччшшционаљјљјљната телјљевизијља“.

Тој е на мислење дека авторитарниот концепт на владеење со елементи на деспотизам самиот ќе се доведе до бесмисленост. „Влахххсшшшта кххххрева шшшпоменик на Алјљекшшсандархј Македоншшшки, а ние не ќчше можжжшшеме да погледнеме до копишшото на Буккхххшефал“, рече Героски.

:pos2:
 
Анамнезијак, не пипај прилепчанец за вода.

не ме викај анамнезијак, анамнеза е едно, амнезија е друго, а ја сум трето, џабе не си го мисс-спеллував ницкот
 
Леле кој му се придружба на Бане бог да чува и да брани. Па и оној дебилонЛеонид Наков од Економски факултет од лево маде на деканот догура до професор
 
Back
На врв Bottom