ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
Црвенковски повика умните да не молчат
Црвенковски беше модератор на трибината, на која учествуваа Абдулменаф Беџети, Леонид Наков, Ѓунер Исмаил и Бранко Героски
Шефот на државата, Бранко Црвенковски, е загрижен поради тоа што владее молк кај интелектуалната и научната елита во државата. „Имаме ли ние интелектуална и академска елита која треба да проговори за тоа во кој правец се движи државата“, праша претседателот Црвенковски на вчерашната трибина на тема „Македонија - предизвици и перспективи“, на која тој беше модератор.
Црвенковски е во дилема дали станува збор за индиферентност или можеби за страв да не го навлечат гневот на актуелната власт поради јавно искажан став. За претседателот е нејасно како може „во вакво историско време кога државата минува низ големи премрежиња умните глави во храмот на мудроста да молчат“. Потписите на тројцата ректори на трите универзитети во државата на кандидатурата на еден од учесниците во претседателските избори, според Црвенковски, ја става под голем прашалник автономијата на највисоките образовни институции.
Претседателот на вчерашната трибина, која се одржа во скопското кино „Милениум“, повика неколкумина професори и политички аналитичари: Абдулменаф Беџети, Леонид Наков, Ѓунер Исмаил и Бранко Героски, за да го слушне нивното мислење за предизвиците пред кои е исправена државата. Црвенковски изрази жалење што дури и бизнис-климата е таква што „е добро полтронски да поддржуваш една политика отколку да и' се спротивставиш“, па стопанствениците не реагираат „што Владата е најголемиот бизнисмен во државата“. Тој нагласи дека за демократското здравје на државата е особено лошо што се' повеќе се загрозува слободата на медиумите.
Во тој контекст, новинарот Героски рече дека е срамно тоа што првпат се случи „гласот божји да проговори од националната телевизија“.
Тој е на мислење дека авторитарниот концепт на владеење со елементи на деспотизам самиот ќе се доведе до бесмисленост. „Власта крева споменик на Александар Македонски, а ние не ќе можеме да погледнеме до копитото на Букефал“, рече Героски.
Според аналитичарот Исмаил, актуелната власт ја води политиката со една хистерија и намерно ја провоцира Грција, со што ги разоружува нашите пријатели во светот да ни помогнат. Тој смета дека ова не се прави поради неискуство и незнаење, туку е во служба на интересите на некои други земји. Но, не посочи на кои држави мисли.
Професорот Беџети е убеден дека нашиот проблем е во тоа што имаме криза во стандардите на демократијата. Притоа спомена дека се нарушени институциите на системот, самостојноста на Народна банка и на регулаторните тела. Беџети нагласи дека економскиот прогрес на државата е во правопропорционална врска со евроинтегративните процеси. А во прилог на ова тврдење го посочи напредокот на Бугарија и на Романија во последните години.
Професорот Наков нагласи дека ниту една власт не смее да размислува дека интегрирањето на државата треба да биде пролонгирано. (О.В.)
извор ``утрински``
ај да речам све ок , ама кој му е стандардов на вирусов за ``умни``?Кој се умните а а а а? И ДАЛИ БИ БИЛЕ УМНИ АКО ДОЗВОЛАТ БРАНКО ДА ГИ ПОВИКА НА АКЦИЈА?