Превод на стручни поими од автомобилска техника

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Се нервирам често кога се користат жаргонски називи за одредени елементи. Некогаш повеќе ги разбирам англиските отколку „македонските“ изрази.

Еве ќе издвојам некои што навистина не знам каква е англиската варијанта

Вилушка десна горна
Вилушка десна долна
Спона
Штраф од преден трап (Nut for front suspension?)
Висечи јабучици
Чаура за вилјушка


Е сега би дал превод за други поими

Преден трап - Front Suspension
Глава од волан - Steering rack (ако се мисли на долниот дел)
Крило - Wing (задно крило - quarter panel)
Внатрешно крило - inner wing
Зглоб - Joint
Баланс-штангла - Sway bar (Anti-Roll bar)
Менувач - Gear shifter
Пренос - Transmission

Е сега знам за Swing arms, Upper Arm, Lower Arm ...тоа се јабучици? Кои се висечи?
 

NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Toa ти е проблем на глобализацијата. И проблемот на малите јазици. А осбено проблем на македонскиот јазик. На нашите специјалисти им е тешко да измислат некој нов неологизам. Полесно им е да го препишат и дури име звучел ПОУБАВО ако е на странски, особено ако е на српски. Мислам дека е крајно време веќе да се заврши со ова и да си го запазиме јазикот, кој според мене наместо да се развива како и секој друг јазик бидејќи во суштината на еден јазик е да се развива, да еволуира, нашиот јазик само препишува и така се самоубива. Разбирам дека влијанието на поголемите јазици со оваа глобализација е доста силно, ама влијанието на соседните јазици особено на српски и бугарски во македонскиот (сигурно оти сме соседи и од иста група на јазици)неможам да го разберам.
И така кога ќе дојде да се преведе нешто сосема специјализирано кај нас, неоже, бидејќи лексиката на македонскиот јазик е доста намалена и не се доразвива. Пред некој ден преведував од француски на македонски една еколошка статија....толку многу се шекнав, заради недостатокот од домашни зборови. Да точно е има зборови кои просто немаат превод, но секогаш може да се создаде неологизам..без да се копира од некој друг јазик.:toe:
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Епа треба да има комисии во Македонија, како што е во Хрватска и да се дава соодветен превод.
 

NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Е па треба!!! Многу работи требат во Македонија!!! Само нашиве ич не ги боли онаа работа за што и треба на Македонија. Кај нас се е политика! И само проблемите на политичарите се ПРОБЛЕМИ! Другото ситници!!! А ако случајно си помислил дека политичарите прават нешто за да спасат некој друг освен својот газ...грешиш ....тоа е предизборна реклама!!! Жално, но тоа е вистината и реалноста!!!
Патем да знае некој дали има Сојуз на Преводачите во Македонија? Ако има некаков телефон, адреса...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Horse Power = Koњска сила
Torqe = Моментна сила (обртен момент)
Crankshaft = Радилица
Camshaft = Брегаста осовина
Crank case = Картер
Gearbox = менувач
Stag evil = клешти на кочници
Drum brakes = барабан кочници
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ајде да се договориме, некако да ја организираме темава, сите зборчиња да бидат во еден пост. Што велите? Отворени сме за предлози.

Ем покорисно, ем попрегледно. Ако сакаш да најдеш збор да не луташ низ темата.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Eve nesto i od mene:

Makedonski: Germanski: Angliski:

Branik , Stoßstange , Bumper
Disk kocnici , Scheibenbremsen , Disc brakes
Amortizator , Puffer , Buffer
Guma , Reifen , Tyre
Zmigavec , Blinker , Indicator
Svetla , Licht , Lights
Alanser* , Anlasser , Motor starter
Volan , Lenkrad , Steering wheel
Menuvac , Getriebe , Gearbox
Soncev krov , Schiebedach , Sun roof

Ima uste mnogu zborovi,ostavam na vas...
*Kaj nas go vikaat alanser,nekako se promenile bukvite?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
јабучици - ball joints (lower, upper)
браник - bumpper бронна (Бугарски)
радилица - cranckshaft
клацкалица - rocker arm

Се нервирам често кога се користат жаргонски називи за одредени елементи. Некогаш повеќе ги разбирам англиските отколку „македонските“ изрази.

Еве ќе издвојам некои што навистина не знам каква е англиската варијанта

Вилушка десна горна
Вилушка десна долна
Спона
Штраф од преден трап (Nut for front suspension?)
Висечи јабучици
Чаура за вилјушка


Е сега би дал превод за други поими

Преден трап - Front Suspension
Глава од волан - Steering rack (ако се мисли на долниот дел)
Крило - Wing (задно крило - quarter panel)
Внатрешно крило - inner wing
Зглоб - Joint
Баланс-штангла - Sway bar (Anti-Roll bar)
Менувач - Gear shifter
Пренос - Transmission

Е сега знам за Swing arms, Upper Arm, Lower Arm ...тоа се јабучици? Кои се висечи?
Колку што знам спони се тоа
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28



Може некој да преведе ? Т.е тие што ги кажав дека не ги знам да ги каже кои се соодветните преводи.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Вилушка десна горна
Вилушка десна долна
Спона
Штраф од преден трап (Nut for front suspension?)
Висечи јабучици
Чаура за вилјушка



Може некој да преведе ? Т.е тие што ги кажав дека не ги знам да ги каже кои се соодветните преводи.

Чаурите општо се викаат Bushings, споните мислам дека се Tie Rod End.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Чаурите за Форд ги најдов како arm brushings...
 
Член од
5 ноември 2007
Мислења
67
Поени од реакции
1
*Kaj nas go vikaat alanser,nekako se promenile bukvite?
Правилно е „анласер“ , ама кај нас го викаат алансер затоа што е полесно за изговарање... таман да им биде у исто ниво со степенот на школување на автомеханичарите :D
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Zmigavec , Blinker , Indicator
Трепкач

Интересно е што имам два термини кои ги користиме а едниот доаѓа од француски па е македонизиран односно тоа е багажник, а другиот повеќе се користи жаргонски и е гепек кој доаѓа од германски - Gepäck

Инаку на македонски што е ветробраново стакло, во уличен сленг е познато како шофершајбна, што доаѓа од гермнскиот збор за тој дел кој е Scheibe а англискиот е Windscreen.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Трепкач

Интересно е што имам два термини кои ги користиме а едниот доаѓа од француски па е македонизиран односно тоа е багажник, а другиот повеќе се користи жаргонски и е гепек кој доаѓа од германски - Gepäck

Инаку на македонски што е ветробраново стакло, во уличен сленг е познато како шофершајбна, што доаѓа од гермнскиот збор за тој дел кој е Scheibe а англискиот е Windscreen.
Има многу поими што се земени од германски, ќе набројам некои на кои можам моментално да се сетам

Luft - луфта :vozbud: (да речам литературно би му дошло „слободен од“)
Flach - флах (плоснато, плочесто ама си останало како ФЛАХ - се мисли на лим)
Дихтува, дихтон, дихтунг е се од еден збор - Dicht :uvo: што би значело споено, слепено
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
21
Поени од реакции
0
Мали корекции околу стручните изрази

Ве читам и гледам дека се трудите да дадете придонес за изрази на македноски јазик од обалста на моторните визила, но сеуште има употреба на жаргоните... како: јабучица, радалица...
Па вака
Јабучица или СФЕРИЧЕН ЗГЛОБ,
Радалица или КОЛЕНЕСТО ВРАТИЛО,
Брегаста осовина-Брагасто вратило
Баланс-штангла- Стабилизатор, (за зголемување на бочната крутост),
Моментна сила-Вртежен момент;
Спона-Водилка,
и др.

Ако има некој потреба од соодветен израз нека пише ќе го добие...
Поздрав :salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom