Annabel
Неутрална*
- Член од
- 18 декември 2008
- Мислења
- 1.298
- Поени од реакции
- 183
Жените само губат време кога се обидуваат да флертуваат со некој маж, бидејќи припадниците на посилниот пол едноставно не можат да препознаат што тие всушност сакаат да кажат со своето однесување.
Востановените методи во женскиот свет како: трепкање со очи, заводливо смешкање или несвесно допирање, мажите без ничија помош воопшто и не можат да ги препознаат како "легитимен модел" на флерт.
Според научниците од универзитетот Индијана, машкиот мозок е бескорисен кога треба да се препознаат сигналите испратени од спротивниот пол, освен ако тие не се премногу експлицитни.
Во истражувањето за кое биле ангажирани околу 280 мажи и жени, претежно апсолвенти на универзитетот, на учесниците им биле дадени фотографии од жени на кои тие требало да препознаат дали жените се пријателски расположени, сексуално заинтересирани, тажни или отфрлени.
Двата главни заклучоци од ова истражување биле дека мажите ужасно тешко можат да разликуваат пријателско однесување и флерт, додека жените ја преценувале машката способност за интерпретирање на флертот. Тие веруваат дека машките се одлични во разделувањето на овие сигнали, но не реагираат бидејќи не се заинтересирани во моментот.
Ајде мажи кажете сега дали воопшто забележувате што е тоа флерт или забележувате ама пошто не ви се свиѓа типката се правите како ништо да не е ?
И прашање за женските:дали знаете да флертувате и како најчесто го правите тоа?