Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Бејб, бројки на ДИК се тие, не се мои. Ја ги бројам и делам само :)
Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов со освоени 437.455 гласови победи на четвртите избори за претседател на Република Македонија. Неговиот противкандидат од СДСМ Љубомир Фрчкоски освои 252.195 гласови.

„Од вкупно гласачи запишани на избирачкиот список 1.792.082, добиени се податоци од 2.878 избирачки места или 96,71%, број на избирачи што гласале 730.954 или 42,86%. Имајќи го во предвид и по обработката на 96,71% и излезеноста од 730.954, процентот во овој момент е 40,79%, пресметан на вкупниот број запишани избирачи и со тоа е исполнет цензусот во овој момент, така што и пристигнатите податоци од преостанатите избирачки места, веќе имаме над 40%“, изјави претседателот на ДИК Александар Новаковски на прес-конференцијата на 6 април во 1 часот.

Извор А1...

Еве ти ги бројките и поделено и помножено и соберено и одземено, доволно е да знаеш да читаш:salut:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Фала шо ми заштеди труд Брату.Америка имаше едниствено историска излезност од 61 % последниве избори заради тоа што во Обама гледаа Месија,спасител и масовно се гласаше.
Големите кризи секогаш раѓале еден вид “револуции“ каде народот избирал нови херои, во оваа американска револуција Обама треба да биде херојот.

Народот во тешките моменти има потреба од еден таков херој кој ќе ги избави од ситуацијава во која се најдоа. Тоа го видоа во Обама и затоа толку убедливо победи.

Но, се' си има почеток и крај, на секој еден му поминува времето. Така и Груевски можеби е пред најголемиот животен предизвик да биде нашиот херој, сега го достигна политичкиот зенит, па затоа и нашите очекувања се големи.
Колку долго ќе потрае оваа негова приказна зависи од него самиот, после тоа ќе ни дојде нов “Груевски“ можеби и така до вечноста :)))
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
искрени честитки за сите што гласааа,народот кажа уште деднаш дека е зрел,немаше бојкот од македонците иако имаше инсинуации,знаат дека треба да се гледа напред,а не да пропаднат изборите.........
п.с. каде е римз да дели да множи.....:pos2:,ах македонци знам дека имаше и такви кои несакаа да има цензус,ама изгледа се малцинство и овој пат го :drk:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
еее колку беа јаки пред избори
демек готово е сдс голема победа и на крај уште една брука за нив :pos2:
па и немаат лице сега да се појават и да признаат пораз кој беше очигледен
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Ај малку да ја позитивизираме атмосферата и да испратам позитивни зборови за сите што учествуваа во ова ремек дело од избори од институционален до медиумски дел...

Значи:

* Едно големо браво до ДИК за нивната ажурност и за овозможувањето на пристап до резултатите преку нивната web страна

* Едно големо браво до сите тепачишта шо се воздражаа овој пат...

* Едно големо браво за Сител со холограмот:vozbud: и за А1 со добрите дуели помеѓу соросоиди и други пропагатори кои ни покажаа како изгледаат платени политички јадачи на бурек:pusk:....

* И браво до сите што и покрај поразите не покажаа насилство...(се воздржа Тамарче :pos:)
:smir:

:salut:
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Значи конечно завршија Изборите.Македонија покажа дека е спремна да стои рамо до рамо со една Скандинавија....мирни фер и максимално демократски одржани Избори.Браво за сите нас.
Браво за Фуере кој најде нерегуларност во Охрид каде победува Петрески,а не најде нерегуларност во Струга каде победи Мерко.Овие Албанциве навистина се погодија “баш“ миленици на Западот.Не им требаше на Македонците мераба од набљудувачите за ферскиве Избори.Они секако се мирни и толерантни,требаше да се честита на ДУИ кои ете така решија да не почастат со мир и хармонија изминатиов период.
Нејсе, конечно ја добивме оваа долгоочекувана Вмровска Македонија.Македонија на Патриотите.Над 50 победи низ општините наспроти 10> од оние на СДСМ.Сега Никола Груевски ја превзема апсолутната и целосна одговорност пред граѓаните а пред се Македонците,за времето што доаѓа.
А што не очекува?
Не очекува Грција,не очекува (за нас непознато) ветување на ВМРО како возврат на мирните Албанци,не очекува Криза,Бугари и ова новово негирање на Македонизмот во Брисел.
Името нема да го менуваме.Тоа е повеќе од јасно слушајќи го Иванов и неговото обединување.Тоа значи надвор од НАТО.Тоа и не е толку страшно,ние имаме повеќе војници во НАТО мисиите од Грците,Албанците,Хрватите...што би рекло,ние сме силни и верни партнери на НАТО со кое и се граничиме од три страни.Страшни се нашите домашни миленичиња.Светски а сепак наши.Дали они сакаат да живеат и понатаму во држава која не е дел од НАТО и од ЕУ?
Дали Натовска Албанија ќе направи еден драстичен скок нагоре и ќе не надмине во стандардот?
Како планира Славевски да ги изменаџира рецесиите во овие милијардиве се кои се испофалија пред некое време.Дали ќе го одржиме темпото со нашите комшии или ќе се затвориме?

...Народов гласаше како што гласаше затоа што ВМРО и Никола се толку квалитетни,или затоа што опозицијата ни е мизерија?

И Бранко си отиде.Јупиии :) Најстрашното нешто што и се има случено на оваа напатена грутка земја конечно се симна од престолот.Он се симна,се качи еден комплетен анонимус.Убавата страна е што,царот сепак е некој Војвода,а Кралицата стои како украс.

Ај,он и да сака може да си оди,ќе си купи некој остров и ќе пие виски на плажа.Него,што правиме со овие 250.000 Македонци кои цврсто застанаа зад Фрчко и Северна Македонија?Ако си Премиер,тогаш си и нивни Премиер,ако си Претседател такуѓере на сите си Претседател.Не за друго,се покажаа како прави Македонци.Мирно излегоа,мирно гласаа,го помогнаа на МОСТ бројчено од 43% +/-4% и дадоа допринос кон Европска Македонија (онаа истана која ја спомна на два три пати и Ѓорѓе вечерва у Штабот).
Дали они се класираат у групата на сеуште “неосвестените“,или пак оние кои сватиле дека местото на овие 2 милиони “недефинирани“ им е во 700 милионската Европа? :)
Сума сумарум,комлетно обединување на Македонците на партиска база.Скопје и скоро сите поголеми градови добија вмровски градоначалници.Нема да има партиско кочење во локалната самоуправа,синхронизација Влада-Претседател,мирно ДУИ....
Па,како што вели Фрчковски со староновата наочара...Господ да ни е напомош.Ако и сега не се кренеме,значи од наш шупелки не бива.
Да живее Македонија!!! :)
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Како заврши во Тетово и Гостивар?

Некој има информација, оти кладен сум, да знам да планирам за утре:)
 
Член од
7 декември 2008
Мислења
81
Поени од реакции
3
Честитки за новиот претседател на Република Македонија.....
Најбитно од се е дека изборите минаа во една мирна атмосфера, баш сакам да го чујам утре новиот бенчмарк за добивање датум за преговори со ЕУ и визна либерализација, креативци се тие од ЕУ, ќе биде интересен новиот услов....
Но,да се вратам на изборите...
Изборите во РМ ги гледам како пораз за сите политички партии...
Иванов стана пртседател на РМ и ВМРО слави огромна победа. Иванов ја доби довербата од околу 450.000 граѓани, против беа околу 250.000 граѓани, а повеќе од 1.000.000 граѓани не ни гласаа...
Така да реално, новиот претседател ја ужива поддршката од едвај 1/4 од граѓаните.
Исто е и со локалните избори. Бадијала прослави на ВМРО и СДС, све е гола вода. Излегоа партиските војници и “должници“ на партиите и го одработија своето, и ништо повеќе.
Кога и едните и другите ќе се отрезнат од еуфоријата за грабнатата власт, нека седнат и се подзамислат колкава доверба уживаат.
На преку 60% од граѓаните на Македонија им е преку глава од ваквата турбо-фолк политика на нашиве политичари, и веќе одењето на гласање го гледаат како губење време и недоверба во политичарите.
Јас и на овие избори излегов да гласам и веќе “традиционално“ го поништив ливчето, не ја дадов довербата на ниеден кандидат за претседател или грдоначалник. Не е во ред, знам, ама и тоа е демократско право на изразување револт. Првично, не сакав ни да одам да гласам, што би ми било прв пат, ама излегов само за да успеат изборите, да нема прегласување, заради пенавењето на ЕУ и НАТО за “главниот“ услов за напредок на Македонија. Ние го сработивме нашиот дел, сега циркузот од нивна страна продолжува...
А и владата, не бадијала запна за намалување на цензусот за избор на претседател од 50%+1 на 40%+1. За малку и тоа ќе го утнеа, требаше да изгласаат 30%+1, поспокојно ќе ги следеа изборите.Веќе се свесни дека на народот му свеедно...
Нема да ме изненади ако на следните избори , цензусот се укине и победник биде оној што освои повеќе гласови од сите ќе што излезат на избори , макар биле и тројца.
Ама сум спомнувал и порано, во Македонија народот никогаш нема да ја земе судбината во свои раце, сите ја виткаат кичмата, им служат на газдите(партиите) како робови, и со ладно пивце и пуканки ќе гледа на ТВ како еден ден веќе нес е викаме Македонија и Македонци, и во наш традиционален стил на оазата на мирот ќе рече : За арно нека е, само да е мирно.....
Ќе се плукаме на форуми, ќе се докажувам кој е поголем патриот....
Кучињата лаат, караванот си врви....
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Честитки за председателот и новоизбраните градоначалници!Едно големо бравос за Македонија . Иако никако не ми иде у глава дека Бране не е веке прецедник:helou:. Па људи моји јер је то могуќе!!!! Ај денеска малку прослави и честитки а од утре пак стариот циркус . Шо ќа прајш .
п.с.
луге знае некој нешто за месијата самоубиец?
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Нека ни е со среќа новиот претседател на Р.Македонија
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Честитки за новиот претседател
 
Член од
19 март 2009
Мислења
13
Поени од реакции
1
Нека ни е за многу години новиот Претседател!

Честитки до новиот Претседател на Република Макеонија.

Добро е што Македонците не подлегнаа на ѓунеризацијата и фрчкизацијата на Македонија.

Во Кавадарци пак беше истиот резултат како и во првиот круг:
Иванов 10358
Фрчко 4154

(или 2,49:1)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom