- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 776
Фрчкоски бара Иванов да се повлече од изборната трка
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105743
14.03.2009 16:53
Љубомир Фрчкоски
Претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, побара од кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов да се повлече од претседателската изборна трка.
Според Фрчкоски, изјавата на Иванов дадена по заедничкиот појадок на претседателските кандидати во Тетово дека заедно со неговите студенти му помогнал на Нано Ружин да ги собере потребниот број потписи, значи дека учествувал во изборна измама, ја злоупотребил позицијата наставник и ги изневерил ректорите на трите Универзитети и академиците кои се потпишале за неговата кандидатура.
СДСМ и изборниот штаб на Фрчкоски во врска со ова прашање испратиле писма до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ и до деканот на Правниот факултет, со барање да се поведе истрага по повод изјавата дадена од Иванов.
Писма и претставка се испратени и до Државната изборна комисија, до ОБСЕ, до Министерството за правда и до Комисијата за спречување на корупција.
„Доволно фрли дамка на нелегитимност на изборите, која сите ние ја носиме. Не треба да ги присилува гласачите на ВМРО-ДПМНЕ со сила да го даваат под притисок на партијата гласот за него“, рече Фрчкоски на денешната прес-конференција, пренесува МИА.
:pos2::pos2: