Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Z

Zona Pelucida

Гостин
Ај прочитај си сам што напиша ти го потенцираш дткањето 20 пати.А зошто е Иванов мутле ај објасни.А сирот си ти мене ми треба лидер капацитет неизвалкана личност за претседател а тебе ти треба ОРАТОР како БЦ и Фрчко.Ораторите се за во театарска монодрама.Но тоа кога имаме различни системи на вредности.И потруди се реплицирај на цел текст а не на делови
Чекам само да биде изгласан Фрчко,после што сакаш збори си,а ќе биде тоа верувај.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Па кај може бос човек да биде државник,ни членството на ДПМНЕ не слушнало за Иванов а не пак Европа.
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Пошто во анкетва гледам дека води Иванов!

Ме интересира кој е баткава и од кај излезе.Значи сакам да ми се изнесат факти и изграден профил за личноста пошто АБЕР немам кој е,што е,од каде е и зошто е.Прв пат го гледам и во никој случај не можам да кажам дека ГО БИВА.Во што го бива уствари.Во анкетата гласав дека ЗА СЕГА сум неопределен во врска со кандидатите пошто никој не го знам т.е. ги знам но некако не ми ги фаќа окото ама најанонимен од сите ми е Иванов.Едноставно никогаш не бил експониран ни како политичар па ни како интелектуалец и умен и паметен чоек што можел да застане во пресрет на државата и на граѓаните.Можам да набројам 10тина и повеќе фаци(професори,бизнисмени,директори,раководители,менаџери,доктори.......) што сум ги гледал на ТВ и што сум ги слушал и што сум оформил мислење дека се нешто и дека ги бива за нешто.

Значи: ОЧИГЛЕДНО е дека не се гласа за човек туку се гласа за партја.Доколку некој што ќе го даде гласот за Иванов има факти,аргументи,докази нека повели нека ми ги изнеси за да знам што да мислам за чоеков пошто стварно немам појма ни кој е ни што е.А искрено имам видено од него само една кратка изјава и воопшто не ме плени со неговата НЕхаризматичност,недоволно изразување и немање едноставно став и фаца за да биде претседател.КОЈ Е Ѓорги Иванов???

Повелете.

Можеби некој ќе ме убеди да гласам!!!

П.С: Не го сваќајте постов како јадење говна против чоеков (воздржан сум) туку сериозно ме занима кој е и што и воопшто не планирам да се препуцавам и да провоцирам.Значи ми треба некој да ме просветли во врска со кандидатов за татко на нацијата :smir:

П.П.С: BTW http://volanskopje.blogspot.com/2009/01/blog-post_7339.html ова го прочитав.Кажете нешто свое,нешто што знаете за кандидатов,случка,гест,карактер......
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.972
Значи вака.Агрон Буџаку и Мируше Хоџа одпаѓаат на прва,без образложение.Фрчковски одпаѓа поради својот морално-ментален склоп.Иванов одпаѓа поради тоа што мислам дека не е добро за државава целата власт да биде во рацете на една партија а и некако човеков не ми е за таа работа.
Остануваат 3 опции - Љубе Бошковски,Имер Селмани или да не гласам.:toe::toe:
 

FOREX-Macedonia

FOREX trader
Член од
9 февруари 2009
Мислења
131
Поени од реакции
10
Кој и да биде избран за претседател ке е исто оти функцијата претседател во Македонија нема управувачки карактер ... овие претседателски избори се само мерило на партиите на нивниот рејтинг кај народот, акцентот треба да се става на локалните избори оти економски гледано се многу позначајни од претседателските.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
овие претседателски избори се само мерило на партиите на нивниот рејтинг кај народот
Ќе биде интересно Иванов кој довчера му го правеше рејтингот на Груевски сега да го испроба на себе.

Ме интересира кој е баткава и од кај излезе.
Од Курдистан.

Остануваат 3 опции - Љубе Бошковски,Имер Селмани или да не гласам.:toe::toe:
Еден за сите сите за Фрчко :)
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Зошто еднаш за секогаш не сватите дека ВМРО не е истото ВМРО од пред 20 години,џабе се чукате во гради.
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Гласачки „дваесетки“ нарачува ВМРО-ДПМНЕ

Вработените од ВМРО-ДПМНЕ во министерствата, агенциите, културните и други институции што се во надлежност на Владата мораат на претпоставените да им однесат списоци со по 20 лица што на изборите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ваква наредба дал врвот на партијата и таа веќе се спроведува, велат високи партиски извори.
На списоците се пишуваат име, презиме и мобилен телефонски број. Потоа од партијата им се јавуваат на запишаните и ги прашуваат дали ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го потврдуваат и вработените што добиле задолженија да им однесат списоци на вработените, но и граѓани што веќе добиле телефонски повици.

Цела вест ОВДЕ!
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Гласачки „дваесетки“ нарачува ВМРО-ДПМНЕ

Вработените од ВМРО-ДПМНЕ во министерствата, агенциите, културните и други институции што се во надлежност на Владата мораат на претпоставените да им однесат списоци со по 20 лица што на изборите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ваква наредба дал врвот на партијата и таа веќе се спроведува, велат високи партиски извори.
На списоците се пишуваат име, презиме и мобилен телефонски број. Потоа од партијата им се јавуваат на запишаните и ги прашуваат дали ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го потврдуваат и вработените што добиле задолженија да им однесат списоци на вработените, но и граѓани што веќе добиле телефонски повици.

Цела вест ОВДЕ!
katastrofa od vest ..pogubna vest za Makedonija
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Ништо ново, не за џабе се билдаше администрацијата
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom