Македонија
Фрчковски: Постои само процес, но не и преговори за името зашто позицијата на Владата е таква
Постои само процес, но не и преговори за името зашто позицијата на Владата е таква –
да нема сериозен пристап за излезно решение, оцени Фрчковски за повторното седнување на маса во Њујорк и односот на македонската страна во спорот. Според него, отсуството на суштински преговори е поради немањето самодоверба и
стравот дека ќе бидат загрозени македонските идентитет и јазик.
„Позицијата на Владата е таква да го откажува преговорите и да не води сериозни преговори. Тоа зборува за несериозноста на македонската позиција,
за немање самодоверба во сопствената нација и идентитет, па не се водат преговори сметајќи дека нешто од тоа ќе се загрози. Напротив, тие преговори мора да бидат на позиција на цврст македонски идентитет, мора да се изродат гаранции на тој македонски идентитет и јазик, и понатаму да се водат сериозни преговори за излезно решение кое ќе овозможи брза интеграција во НАТО и излез од изолацијата во која сме сега„ , изјави Љубомир Фрчковски.
Дека власта води политика на изолација, како што изјави претседателскиот кандидат на СДСМ, се согласиле и амбасадорите на Франција и Холандија во земјава со кои Фрчковски денеска имаше средби.